Атлетико Хуниор
Атлетико Хуниор | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Клуб Атлетико Хуниор | ||
Прекар | Ајкули | ||
Основан | 7 август 1924 | ||
Стадион | Стадион Метрополитано Роберто Мелендез Баранквила, Колумбија | ||
Капацитет | 46,692 | ||
Претседател | Алехандро Артета | ||
Тренер | Мигел Анхел Лопес | ||
Лига | Категорија Примера А | ||
2018-II | 6-ти, шампиони | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
|
Клуб Атлетико Хуниор[1], исто така познат само како Хуниор, е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Баранквила, кој во моментов игра во Категорија Примера А. Хуниор е најсеверниот тим во Колумбија и единствен карибски тим во Категорија Примера А.
Клубот бил основан на 7 август 1924 година. Познат е како Los Tiburones (Ајкулите), или Еl Equipo Tiburon (Тим Ајкула). Хуниор го имаат освоено колумбиското првенство девет пати (1977, 1980, 1993, 1995, 2004, 2010, 2011, 2018 и 2019 година). Клубот има 12 учества во Копа Либертадорес, а најдобар резултат му е полуфиналето во 1994 година.
Некои од најзначајните играчи кои играле за клубот се Елено де Фреитас, Гаринча, Дида, Хуан Рамон Вернон, Ефраин Санчес, Карлос Валдерама, Иван Рене Валенцијано, Теофило Гутиерес, Карлос Бака, Хулио Цесар Урибе и Џовани Ернандес.
Титули
[уреди | уреди извор]- Колумбиско првенство (9) : 1977, 1980, 1993, 1995, 2004-II, 2010-I, 2011-II, 2018-II, 2019-I.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Атлетико Хуниор
- Фан страна
- Junior Pasion Архивирано на 29 ноември 2012 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 2014-02-24.