Артемида
Артемида | |
---|---|
Статуа „Дијана од Версај“ | |
божица на ловот, животните и месечината | |
Симбол | Лак, стрела, ловечко куче, и месечина |
Родители | Зевс и Лето |
Браќа/сестри | Аполон |
Римски пандан | Дијана |
Артемида (старогрчки: {{{1}}}) била божица на ловот, животните и месечината во старогрчката митологија. Таа била ќерка на богот Зевс и титанката Лета, сестра-близначка на богот на сонцето - Аполон. Таа била една од ретките божици која не се омажила, а нејзината главна занимација бил ловот. Заедно со мајка ѝ, таа учествувала во Тројанската војна на страната на Тројанците.[1]
Раѓањето на Артемида и Аполон
[уреди | уреди извор]Божествените близнаци се зачанати во врската на љубовникот Зевс со Лета, ќерката на Титан Коеј и Титанката Фојба, на тој начин што и себеси и неа ги претворил во еребици. Љубоморната Хера ја пратила својата змија Питон да ја брка Лета по целиот свет, не дозволувајќи и да се породи било каде на белиот свет. Носена од Јужниот ветер Лета стигнала до Олимп, во близина на островот Дел, каде што ја роди Артемида која што веднаш ѝ помогнала да го помине мореузот и на северната страна на планината Кинт, меѓу едно маслиново и едно палмино дрво, по девет дена страотни маки го родила Аполон.[2]
Особености
[уреди | уреди извор]Според преданието, кога ќе засветела месечината се појавувал ликот на Артемида, а ѕверовите и билките почнувале да танцуваат. Како Атена, и таа некогаш околу вратот ја носела страотната маска на Горгона. Поради тоа, Афродита немала моќ врз неа и .[3]
Уметниците најчесто ја претставувале Артемида со лак и стрела, во друштво на различни животни (лав, тигар, лебед и елен). Нејзин пандан во римската митологија е божицата Дијана, додека во етрурската митологија таа се викала Артуме. Свети симболи на божицата Артемида биле еленот и дрвото чемпрес. Според преданието, во храмот на Артемида живеела питома мечка. Еднаш, мечката повредила едно девојче, а нејзиниот брат ја убило мечката. Артемида се налутила и наредила девојките пред да се омажат мораат, кога И принесуваат жртва, да ползат како мечка.[4]
Култот на Артемида
[уреди | уреди извор]Првобитно, Артемида била божица на чумата и поморот, а подоцна станала божица на ловот и на дивечот, заштитничка на сè што е младо и нежно.[5] Таа била едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Како божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Артемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Амфипол е божество-бик – Артемис Tаурополос. Добива различни називи поврзани со македонски топоними. Tеонимите: Агротера, Дигаиа, Kyнагогос се типични за македонската митологија. Херодот ја нарекува „кралица“ на која жените Пајонки и Tракијки и принесуваат дарови завиткани во слама од пченица. Во Дебреште (Пелагонија) е пронајдена теракотна биста на Артемида – Енодиа, претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и билје во косата; слична теракота е пронајдена и во Чепигово (II век пр. н.е.) како и теракотна плоча со нејзин приказ во Демир Капија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Theoi Project, Артемида, информации за божицата од грчки и римски извори, слики од класични уметнички дела. (англиски)
- Химна на Артемида - Божицата девица во лов(англиски)
- Речник на античките грчки и римски божества (1890) (eds. G. E. Marindin, William Smith, LLD, William Wayte) (англиски)
- Енауди Енциклопедија за антиката - Артемида Архивирано на 29 мај 2008 г. (италијански)
- Храмот на Артемида во Ефес (италијански)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 164.
- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 53.
- ↑ Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 202 - 203.
- ↑ „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 97.
- ↑ „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 164.
|
|