Антилибан
Антилибан | |
---|---|
جبال لبنان الشرقية | |
Поглед на Хермон — највисок врв во венецот | |
Највисока точка | |
Врв | Хермон |
Надм. вис. | 2.814 м |
Друго име | جبال لبنان الشرقية |
Географија | |
Место | Сирија, Либан, Голанска Висорамнина (окупирана од Израел) |
Антилибан (арапски: جبال لبنان الشرقية, Џибал Лубнан еш-Шаркија, букв. „Источни Либански Планини; либански: جبال الشرقية, Џибал еш-Шаркија, „Источни Планини“) — планински венец по границата на Сирија и Либан. Се протега во правец југозапад-североисток и најголем дел од неа припаѓа на Сирија.
Европското име „Антилибан“ е кованка од старогрчки и латински и ја означува положбата на венецот како напоредна (од спротива) на масивот Либан. На југ завршуваа со планината Хермон, која се граничи со Голанската Висорамнина; висорамнината е одделно подрачје во геолошка и геоморфолошка смисла, но се става во една геополитичка целина со јужните падини на Хермон како дел од истата област под управа на Израел. На запад од Антилибан се долините кои го делат од планината Либан во средиштето на истоимената држава: долината Бека кај Баалбек на север и долината на реката Хасбани на југ. На исток, во Сирија, е сместена Источната Висорамнина, каде се наоѓа градот Дамаск.
Антилибан се протега во должина од околу 150 км. Северниот крај е речоси напореден на сирискиот град Хомс. На југ се спојува со Голанската Висорамнина, но тука сепак се највисоките врвови Хермон (Џабал ел-Шајх, 2.814 м) и Талат Муса (2.669 м). Овие врвови се прекриени со снег речиси цела година и лежат на либанско-сириската граница.
Низ планините минува познат криумчарски пат, познат по кајсиите и црешите.[1]
Присутни се разни ендемски растенија, чии научни имиња го одразуваат нивното наоѓалиште; такви се Euphorbia antilibanotica, Teucrium antilibanoticum, Valerianella antilibanotica[2] и Iris antilibanotica.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Антилибан“ на Ризницата ? |
- ↑ Bulos, Nabih (2017-07-31). „Lebanon's Hezbollah group insists: We're not the 'menace' Trump says we are“. Los Angeles Times. ISSN 0458-3035. Посетено на 2017-09-23.
- ↑ „Eastern Mediterranean Endemic Plants“. terrestrial-biozones.net. Архивирано од изворникот на 2017-10-12. Посетено на 25 March 2016.
- ↑ „Iris antilibanotica Dinsm. is an accepted name“. theplantlist.org (The Plant List). Посетено на 25 March 2016.
34°00′N 36°30′E / 34.000° СГШ; 36.500° ИГД
|