Прејди на содржината

Алија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Враќање во Ветената земја.

Алија (хебрејски: עֲלִיָּה‎ , aliyah „подем“) е имиграција на Евреите од дијаспората во Израелската земја. Дефинирано и како „одење нагоре“, односно кон Ерусалим, односно „правење алија“ со преселување во Израелската земја е едно од најосновните принципи на ционизмот. Спротивната акција, емиграцијата од Израелската земја, на хебрејски се нарекува јерида („спуст“).[1] Законот за враќање на Израел им дава автоматски права на Евреите, нивните деца и нивните внуци во врска со престојот и израелското државјанство.

Во пооголем дел од еврејската историја, повеќето Евреи живееле во дијаспората каде што алија се развил како национален стремеж на еврејскиот народ, иако тој обично не се исполнувал сè до развојот на ционистичкото движење кон крајот на XIX век.[2] Големата имиграција на Евреите во Палестина започнала во 1882 година.[3] Од основањето на Израелската држава во 1948 година, повеќе од 3 милиони Евреи се преселиле во Израел.[4] Според податоците до 2014 година, Израел и соседните територии содржат 42,9% од светското еврејско население.[5]

Алија е важен еврејски културен концепт и основна компонента на ционизмот. Тој е запишан во израелскиот Закон за враќање, кој дава право на кој било Евреин и подобни не-Евреи (дете и внуче на Евреин, сопруга на Евреин, сопруга на дете на Евреин и сопруг на внуче на Евреин), законско право за помош на имиграција и населување во Израел, како и израелско државјанство. Некој што „прави алија“ се нарекува олех (м.р., мн. олим) или олах (ж.р., мн. олот). Многу религиозни Евреи се залагаат за алија како враќање во Ветената земја и го сметаат за исполнување на Божјото библиско ветување на потомците на хебрејските патријарси Авраам, Исак и Јаков. Моше бен Нахман го вклучува правење алија во неговото набројување на 613 заповеди.[6]

Враќањето во Израелската земја е повторлива тема во еврејските молитви што се читаат секој ден, трипати на ден, а празничните служби на Пасха и Јом Кипур традиционално завршуваат со зборовите „Следната година во Ерусалим“. Бидејќи еврејската лоза може да обезбеди право на израелско државјанство, алијата (враќањето во Израел) има и секуларно и религиозно значење.

Со генерации религиозни Евреи, алија го поврзувале со доаѓањето на еврејскиот Месија. Евреите се молеле да дојде нивниот Месија, кој требало да ја поврати земјата Израел од незнабожечко владеење и да го врати светското еврејство во земјата под халахска теократија.[7]

Историска статистика

[уреди | уреди извор]
регион/ држава 1882–
1918
1919–
1948
1948–
1951
1952–
1960
1961–
1971
1972–
1979
1980–
1989
1990–
2001
2002–
2010
2011–
2020
вкупно
Африка 4,033 93,282 143,485 164,885 19,273 28,664 55,619 31,558 20,843 561,642
Алжир Алжир 994 3,810 3,433 12,857 2,137 1,830 1,682 1,967 324 29,034
Судан Египет и Судан 0 16,028 17,521 2,963 535 372 202 166 21 37,808
Предлошка:Country data Ethiopian Empire АбисинијаЕтиопија Етиопија и Еритреја Еритреја 0 10 59 98 309 16,971 45,131 23,613 10,500 96,691
Либија Либија 873 30,972 2,079 2,466 219 67 94 36 5 36,811
Мароко Мароко 0 28,263 95,945 130,507 7,780 3,809 3,276 2,113 384 272,077
ЈАР ЈАР 259 666 774 3,783 5,604 3,575 3,283 1,693 2,560 22,197
Тунис Тунис 0 13,293 23,569 11,566 2,148 1,942 1,607 1,871 398 56,394
Зимбабве Зимбабве 0 37 22 145 393 82 26 14 719
други(Африка) 1,907 203 83 500 148 16 318 85 24 3,284
Америка и Океанија 7,579 3,822 6,922 42,400 45,040 39,369 39,662 36,209 51,370 272,373
Аргентина Аргентина 238 904 2,888 11,701 13,158 10,582 11,248 9,450 3,150 63,319
Австралија Австралија 0 116 107 742 1,146 835 977 524 4,447
Боливија Боливија 0 0 0 199 94 80 53 84 510
Бразил Бразил 0 304 763 2,601 1,763 1,763 2,356 2,037 4,320 15,907
Канада Канада 316 236 276 2,169 2,178 1,867 1,963 1,700 6,340 17,045
Чиле Чиле 0 48 401 1,790 1,180 1,040 683 589 5,731
Колумбија Колумбија 0 0 0 415 552 475 657 965 3,064
Куба Куба 0 14 88 405 79 42 629 606 1,863
Еквадор Еквадор 0 0 0 40 38 44 67 69 258
Мексико Мексико 0 48 168 736 861 993 1,049 697 4,552
Нов Зеланд Нов Зеланд 70 0 13 91 129 124 142 42 611
Панама Панама 0 0 0 64 43 48 50 40 245
Перу Перу 0 0 0 269 243 358 612 1,539 3,021
САД САД 2,000[8] 6,635 1,711 1,553 18,671 20,963 18,904 17,512 15,445 32,000 135,394
Уругвај Уругвај 0 66 425 1,844 2,199 2,014 983 1,555 9,086
Венецуела Венецуела 0 0 0 297 245 180 418 602 1,742
други (Средна Америка) 0 17 43 129 104 8 153 157 611
други (Јужна Америка) 0 42 194 89 62 0 66 96 549
друго(Америка и Океанија) 318 313 0 148 3 8 44 12 846
Азија 40,776 237,704 37,119 56,208 19,456 14,433 75,687 17,300 1,370 500,053
Авганистан Авганистан 0 2,303 1,106 516 132 57 21 13 4,148
Бурма Мјанмар 0 0 0 147 83 383 138 33 784
Кина Кина 0 504 217 96 43 78 277 74 190 1,479
Кипар Кипар 0 21 35 28 21 12 32 0 149
Индија Индија, Пакистан Пакистан, Бангладеш Бангладеш, и Шри Ланка Шри Ланка 0 2,176 5,380 13,110 3,497 1,539 2,055 961 1,180 29,898
Индонезија Индонезија, Малезија Малезија и Филипини Филипини 0 101 46 54 40 60 205 42 548
Предлошка:Country data Persia ПерсијаИран Иран 3,536 21,910 15,699 19,502 9,550 8,487 4,326 1,097 84,107
Ирак Ирак 0 123,371 2,989 2,129 939 111 1,325 130 130,994
Израел Израел 0 411 868 1,021 507 288 1,148 1,448 5,691
Јапонија Јапонија 0 0 9 25 34 57 98 32 255
Јордан Јордан 0 6 9 23 6 9 15 0 68
Либан Либан 0 235 846 2,208 564 179 96 34 4,162
Монголија Монголија, Јужна Кореја Јужна Кореја, and Северна Кореја Северна Кореја 0 0 0 4 5 10 100 36 155
Саудиска Арабија Саудиска Арабија 0 177 0 4 0 5 0 0 186
Русија РусијаСССР СССРРусија Русија (Азија)[a] 61,988 12,422 74,410
Сирија Сирија 0 2,678 1,870 0 0 0 1,664 23 6,235
Турција Турција 8,277 34,547 6,871 14,073 3,118 2,088 1,311 817 71,102
Јемен Јемен 2,600[9] 15,838 48,315 1,170 1,066 51 17 683 103 69,843
други(Азија) 13,125 947 0 60 21 45 205 30 14,433
Европа 377,487 332,802 106,305 162,070 183,419 70,898 888,603 96,165 162,320 2,380,069
Албанија Албанија 0 0 5 8 0 0 376 0 389
Австрија Австрија 7,748 2,632 610 1,021 595 356 368 150 13,480
Белорусија Белорусија 5,530 5,530
Белгија Белгија 0 291 394 1,112 847 788 1,053 873 5,358
Бугарија Бугарија 7,057 37,260 1,680 794 118 180 3,999 341 51,429
Чехословачка Чехословачка 16,794 18,788 783 2,754 888 462 527 217 41,213
Данска Данска 0 27 46 298 292 411 389 85 1,548
Финска Финска 0 9 20 172 184 222 212 33 852
Франција Франција 1,637 3,050 1,662 8,050 5,399 7,538 11,986 13,062 38,000 90,384
Вајмарска Република Германија / Вајмарска Република 52,951 8,210 1,386 3,175 2,080 1,759 2,442 866 72,869
Грција Грција 8,767 2,131 676 514 326 147 127 48 12,736
Унгарија Унгарија 10,342 14,324 9,819 2,601 1,100 1,005 2,444 730 42,365
Ирска Ирска 0 14 46 145 157 233 136 54 785
Италија Италија 1,554 1,305 414 940 713 510 656 389 6,481
Луксембург Луксембург 0 30 15 15 7 12 0 4 83
Холандија Холандија 1,208 1,077 646 1,470 1,170 1,239 997 365 8,172
Норвешка Норвешка 0 17 14 36 55 126 120 19 387
Полска Полска 170,127 106,414 39,618 14,706 6,218 2,807 3,064 764 343,718
Португалија Португалија 0 16 22 66 56 55 47 28 290
Романија Романија 41,105 117,950 32,462 86,184 18,418 14,607 6,254 711 317,691
Русија РусијаСССР СССРРусија Русија (Европа) 47,500[10][b] 52,350 8,163 13,743 29,376 137,134 29,754 844,139 72,520 66,800 1,301,479
Шпанија Шпанија 0 80 169 406 327 321 269 178 1,750
Шведска Шведска 0 32 51 378 372 419 424 160 1,836
Швајцарија Швајцарија 0 131 253 886 634 706 981 585 4,176
Обединето Кралство Велика Британија 1,574 1,907 1,448 6,461 6,171 7,098 5,365 3,725 6,320 40,069
Украина Украина 45,670 45,670
ЈугославијаЈугославија 1,944 7,661 320 322 126 140 2,029 162 12,704
друго (Европа) 2,329 1,281 3 173 32 0 198 93 4,109
непознато 52,982 20,014 3,307 2,265 392 469 422 0 0 79,851
Вкупно 62,500[11][c] 482,857 687,624 297,138 427,828 267,580 153,833 1,059,993 181,233 236,903 3,857,489
  1. "Aliyah": The Word and Its Meaning“. 2005-05-15. Архивирано од изворникот на 2009-12-19. Посетено на 2013-04-29.
  2. Rosenzweig, Rafael N. (1989). The Economic Consequences of Zionism. E.J. Brill. стр. 1. ISBN 9-004091-47-5. Zionism, the urge of the Jewish people to return to Palestine, is almost as ancient as the Jewish diaspora itself. Some Talmudic statements ... Almost a millennium later, the poet and philosopher Yehuda Halevi ... In the 19th century ...
  3. Schneider, Jan (June 2008). „Israel“. Focus Migration. 13. Hamburg Institute of International Economics. ISSN 1864-6220. Архивирано од изворникот на 2019-05-14. Посетено на 2013-04-29.
  4. „400 olim arrive in Israel ahead of Independence Day - Israel Jewish Scene, Ynetnews“. Ynetnews.com. Посетено на 2013-04-29.
  5. DellaPergola, Sergio (2014). Dashefsky, Arnold; Sheskin, Ira (уред.). „World Jewish Population, 2014“. Current Jewish Population Reports. The American Jewish Year Book (Dordrecht: Springer). 11: 5–9, 16–17. Посетено на January 3, 2016. Israel’s Jewish population (not including about 348,000 persons not recorded as Jews in the Population Register and belonging to families initially admitted to the country within the framework of the Law of Return) surpassed six million in 2014 (42.9% of world Jewry).
  6. Golinkin, David. „Is It A Mitzvah To Make Aliyah?“. Responsa in a Moment. Schechter Institute of Jewish Studies. Посетено на 9 October 2012.
  7. „עליית החסידים ההמונית לא"י“. ץראב םתושרתשהו א"רגה ידימלת. Daat. 2 август 2008.
  8. Goldsceider, Calvin (January 1974). „American Aliya / Sociological and Demographic Perspectives“. Berman Jewish Policy Archive. Behrman House Publishers. Архивирано од изворникот на 15 December 2014. Посетено на 11 October 2012.
  9. „First Aliya“. Посетено на September 9, 2013.
  10. The Divided Self: Israel and the Jewish Psyche Today - David J. Goldberg - Google Books. Books.google.com. 2011-03-15. Посетено на 2013-04-29.
  11. „Statistical Abstract of Israel 2012 - No. 63 Subject 4 - Table No. 2“. Cbs.gov.il. Посетено на 2013-04-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]