Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Germany Saxony" does not existМестоположба на аеродромот во Саксонија
Современиот објект на аеродромиот терминал се издигнува над блискиот автопат и железничката линија. Пристапот кон терминалот е јужно од железницата, додека пистата 08L/26R се наоѓа северно од железницата, барајќо авионите да поминуваат преку мост над железничките пруги и автопатот. Аеродромот бил модернизиран со објавата за кандидатура на Лајпциг за Олимписките игри 2012, но сепак градот изгубил од Лондон. DHL се преместил на почетокот на 2008 од бриселскиот аеродром во Лајпциг како нивен европски јазол и со тоа го зголемил товарниот сообраќај. Воените објекти исто така биле изградени на аеродромот за воените воздухоплови на НАТО и ЕУ.[2]