Австралија
- Оваа страница се однесува на државата Австралија. За други значења видете Австралија (појаснување).
Државна заедница Австралија Commonwealth of Australia
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Напредувај, убава Австралијо„[Б 1] |
||||||
Главен град | Канбера 35°18.48′S 149°7.47′E / 35.30800° ЈГШ; 149.12450° ИГД | |||||
Најголем град | Сиднеј | |||||
Службен јазик | нема[Б 2] | |||||
Национален јазик | англиски[Б 2] | |||||
Демоним | ||||||
Уредување | Сојузна парламентарна уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Генерален управник | Дејвид Харли | ||||
• | Премиер | Ентони Албаниз | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Претставнички дом | ||||
Независност | од ОК | |||||
• | Федерација, Устав | 1 јануари 1901 | ||||
• | Вестминстерски статут | 9 октомври 1942 (на сила од 3 септември 1939) |
||||
• | Закон за Австралија | 3 март 1986 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 7.692.024 км2 (6.) | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | 27.408.200[4] (51.) | ||||
• | Попис 2011 | 21.507.717[5] | ||||
• | Густина | 2.8 жит/км2 (233.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | $1,137 трилиони[6] (19.) | ||||
• | По жител | $47,608[6] (17.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупно | $1,252 трилиони[6] (12.) | ||||
• | По жител | $52,454[6] (9.) | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 33.6[7] среден · 19. |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.933[8] многу висок · 2. |
|||||
Валута | австралиски долар (AUD ) |
|||||
Часовен појас | разни[Б 3] (UTC+8 - +10,5) | |||||
• | (ЛСВ) | разни[Б 3] (UTC+8 - +11,5) | ||||
Датумски формат | дд-мм-гггг | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .au | |||||
Повик. бр. | +61 |
Државна Заедница Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) или само Австралија (Australia) — држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.
Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманија и две територии; Австралиската престолнинска територија (АПТ) и Северната Територија.
Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.
Австралиските домородци го населуваат копното веќе 42.000 години. По спорните посети на рибарите од север и еропските истражувачи и трговци во XVII век, Велика Британија ја запоседнала источната половина на островот во текот на 1770 г., каде државата праќала луѓе по казна во колонијата наречена Нов Јужен Велс, која е формирана на 26 јануари 1788 г. Како растел бројот на населението и како биле откриени нови територии во текот на XIX век биле формирани уште пет големи автономни британски прекоморски територии. На 1 јануари 1901 г., шест колонии ја формирале федерацијата по име Државна Заедница Австралија. Како федерација, Австралија воспоставила стабилен либералдемократски политички систем, останувајќи членка на Кралските земји на Комонвелт.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името „Австралија“ доаѓа од латинскиот назив Australis, што значи југ. Легендата за „непознатата земја од југот“ (terra australis incognita) датира уште од времето на Римското Царство. Во 1521, Шпанците биле меѓу првите кои заполовиле во тихоокеанските острови. Првата употреба на зборот Австралија во англискиот јазик било во 1625 г. во делото на Мастер Хаклит - „Белешка за Австралија, земјата посветена на светиот дух“. Името Australische го користеле холандски официјалисти во Батавија од 1638 г., во значење за новоотркиеното копно на југот. Името Австралија користено е и во 1693 г. во предовот на книгата „Авантурите на Жак Седер во текот на истражуањата и патувањата во јужната земја“, од францускиот автор Габриел де Фониј, кој пишувал под псевдонимот Жак Садер.[9]
Александар Далримпел го користел истиот термин во делото „Историски собир на патувањата и откритијата во јужниот Тихи Океан“ од 1771 г., во значење за цецлата јужнотихоокеанската област.
Џорџ Со и Џејмс Смит во 1793 г. ја објавиле книгата „Зоологија и ботаника на Нова Холандија“ во која пишувале за огромниот остров, или подобро кажано - континент Австралија, Австралазија или Нова Холнадија.
Името „Австралија“ се раширило под влијание на книгата на Метју Флиндерс, „Патувањето во јужната земја (Австралија)“, првиот човек за кој се знае дека го препловил континентот. Со оваа книга Метју Флиндерс на тој збор дал општо значење.
Гувернерот на Нов Јужен Велс, Лаклан Маквари, подоцна го користел тој збор во официјалните извештаи кои ги праќал во Англија, за да во 1817 г. предложи тој збор да биде усвоен како официјално име на континентот. Британската морнарница во 1824 г. официјално овој континент го нарекла Австралија.
Историја
[уреди | уреди извор]Човековото присуство на територијата на Австралија е забележано уште од пред 42.000 и 48.000 години[10]. Овие први доселеници можеби биле предците на денешното староседелско население- Абориџини. Овие луѓе биле ловци, со сложена орална и духовна култура.
Првата европска посета на Австралија била од холандскиот истражувач Вилем Јансон кој пристигнал во 1606. За време на XVII век западниот и северниот брег бил претставен на карта од Холанѓаните и бил наречен „Нова Холандија“. Подоцна во 1770 Џејмс Кук пристигнал на источниот брег на Австралија и го нарекол регионот „Нов Јужен Велс“.
Британската кралска колонија на Нов Јужен Велс била основана со формирање на населбите во пристаништето Џексон, на 26 јануари 1788 г. Овој датум подоцна станал и Национален ден на Австралија. Ван Дименова Земја, или сегашна Тасманија, населена била во 1803 г., а во 1825 г. станала посебна колонија. Обединето Кралство во 1829 г. формално воспоставило контролна над западниот дел на Австралија. Од деловите на Нов Јужен Велс биле формирани и одвоени колонии: Јужна Австралија во 1836 г., Викторија во 1851 г. и Квинсленд во 1859 г. Северна Територија е формирана во 1911 г., со издвојување од провинцијата Јужна Австралија. Јужна Австралија е воспоставена како слободна провинција и како таква никогаш не била казнувачка колонија. Викторија и Западна Австралија исто така биле основани како слободни, но подоцна прифаќале и осуденици. Доведување осуденици во колонијата Нов Јужен Велс било прекинато во 1848 г., по притисокот на тамошните доселеници.[11]
Пристигнувањето на Кук било вовед за основање на британска колонија во Австралија. На 26 јануари 1825 година била основана Британската кралска колонија на Нов Јужен Велс кој денес се слави како национален ден во Австралија. Тасманија започнала да се населува од европски народи во 1803, но станала посебна колонија во 1825 година.
Австралиските доморди, чиј број во времето на доаѓањето на Европејците е проценет на 350.000[12], се смалувал во текот на наредните 150 години, најмногу поради новите болести, присилното раселување и културната дезинтеграција. Одвојувањето на децата од семејствата, кои некои историчари и австралиски староседелци го сметаат за геноцид[13], најверојатно придонел за тоа смалување. Таквите интерпретации на абориџинската историја другите историчари го критикуваат, сметајќи ги за претерани или исконструирани поради политички и идеолошки причини[14]. Оваа дебата во Австралија е позната под името Историски војни (анг. History Wars). По референдумот од 1967 г., федералната влада била областена да спроведе политика и донесе закони поштувајќи ги Абориџините и нивната традиција. Старата сопственсот на земјиштето било признаено дури во 1992 г., кога во случајот Мабо против Квинсленд (бр.2) отфрлено толкување на Австралија како „празна земја“ (лат. terra nullius) во време на доаѓањето на Европејците.
Златната грозница во Австралија започнала во средината на XIX век, а побуната на рударите против порезот на дозвола за копање од 1854 г. била прв ран израз на граѓанска непослушност и австралијската демократија. Измеѓу 1855 г. и 1890 г., во секоја од 6-те колонии воспоставиле локални влади кои раководеле со најголемиот дел на внатрешните работи, оставајќи притоа дел од Британското Царство. Колонијалната канцеларија во Лондон задржала дел од овластувањата по некои прашања, како што се надворешните работи, одбраната и меѓународната пловидба. По десетгодишните подготовки, колониите на 1 јануари 1901 г. создале федерација, која е наречена Државна Заедница Австралија и организирана е како владение на Британското царство. Австралиската престолинска територија била формирана во 1911 г., од делот на територијата на Нов Јужен Велс, како би бил обезбеден просотр за предложување на главен град на федерацијата Канбера (Мелбурн бил престолнина од 1901 до 1927). Северна Територија била изопштена од контролата на владата на Јужна Австралија и во 1911 г. предадена на управата на Комонвелтот.
Австралија доброволно учествувала во Првата светска војна.[15] Многу Австралијци го сметаат за пораз на Воените сили на Австралија и Нов Зеланд на Галапољ како настан во кој е родена австралиската нација.
Со Вестминтерскиот статут од 1931 г., кој во Австралија е прифатен во 1942 г., формално се прекинати сите уставни врски меѓу Австралија и Обединето Кралство. Шокот предизвикан со поразот на Велика Британија во Азија во текот на 1942 г. и заканите од јапонска инвазија, влијаеле во Австралија да им се сврти на САД како нов сојузник и заштитник. Од 1951 г., Австралија и формално станала воен сојузник на САД под покровителство на АНЗУС договорот. По Втората светска воја, Австралија ја потикнувала масовната емиграција од Европа, од седумдесеттите и укинувањето на Белата политина на Австралија, оспорена е имиграцијата од Азија и другите неевропски делови од светот. Како последица на тоа, австралиската демографија, култура и општата слика драматично се смениле. Последните уставни врски помеѓу Австралија и Велика Британија биле прекинати во 1986 г., со усвојувањето на Австралискиот акт во 1986 г., со што британската улога во австралиската власт е завршена. Во 1999 г., Австралијците на референдум ос 50% мнозинство го отврлиле предлото на Австралија таа да стане република, со претседател кој би го избрал парламентот.[16] Од изборите на Витлам Гоф за премиер во 1972 г., Австралија е насочена на иднината во рамките на подрачјето на Азија-Тихоокеанија.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Австралија има вкупна површина од 7.617.930 км2[17]. Австралија е опколена со мориња и океани, па така на исток се наоѓаат Коралното Море и Тасмановото Море, на север се Арафурското Море и Тиморското Море, на југ и на запад е Индискиот Океан. Австралискиот брег е долг 34.218 км (не рачунајќи прекуморски острови)[18].
Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полупустински предел и со тоа Австралија е наречена како најрамен континент во светот со најстара и најнеплодна почва. Само јужниот и југоисточниот дел од Австралија се плодни и погодни за живот. Густината на населението на Австралија е 2.8 жители на километар квадратен и тоа ја прави една од најненаселените држави во светот. Северниот дел од Австралија е тропски со многу прашуми, шумски предели и пустини. Климата во Австралија е тропска и има влијание од ооколните океани и мориња.
Големиот корален гребен, најголем од тој вид во светот[19] се наоѓа во близина ан североисточниот брег и се простира на површина од над 2.000 км2. Планината Аугустус, која се смета за најголем монолит на светот[20] се наоѓа во Западна Австралија. Со 2,228 метри надморска височина, Кошќушко е најголемата планина на австралиското копно, иако врвот Мосон е на оддалеченост од Австралиската територија Херд и Макдоналд висок 2,527 метри.
Природни регии
[уреди | уреди извор]Австралија може да се подели на три големи природни регии: Источна висорамнина, Средишна низина и Западно плато.
Во источната висорамнина се наоѓаат највисоките планини на Австралија. Во споредба со другите високи планини во светот тие планини се сразмерно ниски. Највисокиот планински врв на подрачјето и цела Австралија е Кошќушко, висок 2228 метри. Подножјето ги допира песочните плажи и карпестите спили по дожината на брегот на Тихиот Океан. во подрачјето на подножјето паѓаат и најмногу врнежи во Австралија. тоа е основна причина зошто југоисточниот дел на подрачјето од Бризбејн до Мелбурн, е најгусто населен дел на Австралија. На нешто повисока надморска височина се наоѓаат висорамнините. Некои восорамнини имаат и плодно тло и се користат за земјоделство, додека другите се под шумска површина.
Средишната низина е најјужниот простор во Австралија. Во овој крај провладуваат рамнини. Поголемиот дел од низината е доста сув и топол за посејување. Поради тоа потребно е наводнување на земјоделските површини. Во западниот дел на подрачјето се простираат и песочните пустини. Во некои делови во близина на северниот или јужниот брег, толото е прекриено со груба треба или грмушки. Тие простори се користат за напасување на стока. На југот на Средишната низина, каде има и повеќе падини, земјоделците сејат пченица. Во подрачјето нема поголеми градови, така што два најголеми се Маунт Иса и Брокен Хил кои имаат едвај по околу 30.000 жители. Тоа всушност се два рударски градови.
Западното плато зазема 2/3 од Австралија. Регијата е нешто повисока од Средишната низина, но во поголемиот дел всушност е рамнина. Средишниот дел на Западната рамнина е полупустина и пустина. Кон југ и североистокот од пустината постапно преминува во простор со трева и грмушки. Поголемиот дел од таквата земја се користи за напасување на добитокот. Ниските планини исто така се пасишта. Најмногу дождови има на крајниот север и југоисток, што овозможува развој на земјоделството.
Флора и Фауна
[уреди | уреди извор]Иако најголемиот дел од Австралија е составен од пустина и полусушни области, таа опфаќа широк спектар на природни површини, од планински врвови до тропски дождовни шуми, а исто така се вбројува и во една од земјите со најголем биодевиризитет. Поради староста, но и како последица од тоа самата земја има ниска плодност на земјиштето, изразито некарактеристичен распоред на вода и долготрајна географска изолација, австралискиот жив свет е разновиден и единствен. Околу 85% цветни растенија, 84% цицачи, над 45% птици и 89% риби од умерениот копнен појас припаѓаат на ендемските видови.[21] Човечката активност загрозува многу австралиски екорегиони и видови кои го населуваат континентот. Федералниот Акт за заштита на животната средина и конзервацијата на биодивиризитетот од 1999 г. е правна рамка за заштита на загрозените видови. Во рамките на националниот Акционен план за биодевиризитет, формирани се бројни заштитени зони како би се сочувале и заштитиле загрозените видови. Во рамките на националниот акционен план и биодевирезитет, формирани се бројни заштитни зони за да се сочуваат и заштита единствените екосистеми; 64 мочурливи подрачја запишани се на списокот на Рамсарската коневнција, додека 16 локации се под заштита на Светските градини. Австралија во 2005 г. била рангирана како 13-та земја на светото според индексот на оджливиот развој на околината.[22]
Поголемиот дел од австралиските дрвни растенија се зимзелени, но многу, како евкалиптусот и акацијата, се прилагодиле на долготрајни суши и чести пожари. Во добро познатитеавстралиски животини спаѓаат: едноотворни (клунарот и клунестиот еж); торбари (кенгури, коали, вомбати) и птиците ему и кокабура. Динго е пренесен во Австралија околу 3000 години п.н.е., преку трговците од Австралија.[23] Многу растителни и животински видови изумреле по доаѓањето на луѓето, вклучувајќи ја и австралиската мегафауна, останатите исчезнале со доаѓањето на Европејците, а меѓу нив и тасмански тигар.[24]
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Хидрографијата на Австралија е сиромашна. Поради пропустливото земјиште и недоволно количество врнежи, реките во Австралија се малубројни. Најпознати се Мари и Дарлинг во југоисточна, а Флиндерс во северна Австралија. Сите други реки се со куси и повремени текови. Се влеваат во морињата и во околу 700 солени езера што се наоѓаат низ цела Австралија.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Австралија е уставна монархија со парламентарен систем на власт. Кралот Чарлс III е австралискиот монарх, а неговата улога се разликува од позицијата која ја има во останатите кралски земји на Комонвелтот. На сојузно ниво кралот претставува генерален гувенер на Австралија, додека гувернерите од понизок ранг се наоѓаат на чело на државната членка. Иако уставот дава широки овластувања на генералниот гувернер, тој ги користи само со препорака од премиерот. Најпознат случај на употреба на овие овластувања без согласност од пермиерот било распуштање на Витламовата влада во текот на уставната криза од 1975 г.[25]
Системот на подлебата на власт во Австралија го сочинуваат:
- Законодавна власт: Парлемент на Австралија, кој го сочинуваат кралот, Сенатот и Претставнички дом; кралот го претставува генералниот гувернер на Австралија, чии моќи се сведени на пристанување на законите.
- Извршна власт: Сојузен извршен совет, на чие чело се наоѓа генералниот гувернер (управник), кој го советуваат извршните советници; во пракса они кои стварно го советуваат гувернерот се премиерот и државните министери.
- Судска власт: Високиот суд на Австралија и други сојузни судови. Со усвојувањето на Австралискиот акт од 1986 г., државните судови станале независни од британскиот Судски комитет од Тајниот совет.
- Дводомен парлемент го сочинуваат кралот, Сенатот (горен дом) со 76 сенатори, и Претставнички дом (долниот дел) со 150 членови. Членовите на долниот дом се бираат на изборите, во рамките на посебните изборни единици кои даваат по еден претставник. Бројот на пратениците од секоја држава одреден е врз основа на бројот на населението, при што на секоја држава и е загарантиран минимум од 5 претставници. Во сенатот, секоја држава е претставувана од 12 сенатори, а територијата (Австралиска престолнинска територија и Северна Австралија) по два. Изборите за двата дома се одржуваат на секои три години; мандатот на сенаторите трае шест години, па на секои избори се бира половината од горниот дом, освен во случај на таканаречено двојно распуштање. Партиите со најголем број на претставници и Претставничкиот дом формираат влада, а нејзин водач станвуа премиерот.
Три најголеми политички партии се: Лабуристичката, Либералната и Националната. Неколку помали партии вклучувајќи ги и зелените и австралиските демократи имаат свои претставници во парламентот, како и неколку независни кандидати.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Австралија се состои од шест држави, три територии на матично копно и седум мали прекоморски територии.[26] Државите се: Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија, Викторија и Западна Австралија. Две значајни континентални територии се Северната Територија и Австралиската престолнинска територија. По многу прашања териториите функционираат како држави. Единствена разлика е правилото дека федералниот парламент може да поништува закони на територијалните парламенти. Наспроти тоа, актите на федерацијата можат да се суспендираат од страна на државите само во случаи кои се дефинирани со Член 51 од уставот на Австралија, додека сите останати законодамни овластувања, вклучувајќи и области од здравството, образованието, полицијата, правосудството, сообраќајот, јавниот транспорт и локалната самоуправа, исклучиво се во надлежност на државниот парламент.
Секоја државата и територија има свои законодавни органи (еднодомни во случајот со Северната Територија, Австралиската престолнинска територија и Квинсленд, односно дводомни во сите останати држави). Долниот дом е познат под независен Законодавен парламент (Парламентарен дом во Јужна Австралија и Тасманија), а горниот како Законодавен совет. Шефовите на владата во секоја државата и територија се нарекуваат премиери, односно главни министри. Државниот гувернер е преставник на кралот во секоја држава, управник во Северната Територија, а главен гувернер (федерален) претседава со Австралиската Престолнинска Територија.
Во составот на Австралија се и неколку помали територии; федералната влада контролира одвоена област во Нов Јужен Велс - Територијата Џеривисбеј, како морнарничка база и пристаниште за главен град. Покрај ова, Австралија контролира и неколку други населени територии надвор од австралискиот континент: Корални Острови, островот Херд и Макдоналд, и Австралиска Антарктичката Територија.
Регионална поделба
[уреди | уреди извор]- Источна Австралија ја карактеризираат Големите Разводни Планини и Австралиските Алпи, со највисок врв на континентот, Кошќушко, висок 2 234м.
- Централна Австралија е претставена со голема Австралиска Низина, која се наоѓа меѓу Карпентарскиот и Големиот Австралиски Залив.
- Западна Австралија зафаќа пространи ридско-планински масиви и пустини. Такви се: Хамерзли, Мзгрев и Макдоналдовите Планини и Големата Песочна Пустина, Големата Викториина Пустина, Гибсоновата Пустина и други.
Надворешна политика и одбранбени сили
[уреди | уреди извор]Во текот на последната деценија, австралиската надворешна политика се темели на потесната врска со Соединети Американски Држави, низ АНЗУС пактот, но и соработката со државите од подрачјето на Азија-Тихоокеанија, преку договорот АСЕАH и форумот на пацигичките острови. Австралија во 2005 г. станала членка на Источноазискиот самит, за да потоа го потпише договорот за пријателство и соработка. Австралија е членка на Комонвелтот, чии водачи се собираат на посебни собити на шефови на земјите од Комонвелтот. Земјата активно се труди за либерализација во светската трговија. Го предводела формирањето на Каирнс групите и АПЕК, членка е на Организацијата за економска соработка и развој и Светската трговска организација. Австралија иницирала неколку важни билатерални договори за слободна трговија, меѓу кои е најновата Австралиско-американска спогодба за слободна трговија. Една е од земјите основачи на Обединетите нации, а учествува и во меѓународната програма за помош, која делува во повеќе од 60 земји. Во буџетот за 2005-2006 г., предвидено е 2,5 милијарди австралиски долари за програми за помош на земјата во развој[27], што во односот на австралиските БДП е помалку отколку што земјата требало да одови по стратегијата на Обединетите нации за Милениумските развојни цели.
Австралиските одбрандбени сили се состојат од Австралиската морнарица, Австралиските копнени бојски и Кралските австралиски воздушни сили, а тоа се над 51.000 припадници во редовите, односно 21.000 во резервниот состав.[28] Сите војни сектори се ангажирани во регионални и светски мировни мисии на Обединетите нации (последните во Источен Тимор, на Соломонските острови и во Судан), во санирањето на последиците од катастрогата како и во вооружените конфликти, вклучувајќи инвазија на Ирак од 2003 година. Владата го поставила шефот на одбранбените сили , бирајќи го од редовите на еден од три сектора: актуелен шеф на одбранбените сили е шеф на воздухопловните сили маршалот Ангус Хјустон. Во буџетот за 2006,/2007 г. во областа на одбраната се предвидени 22 милиони долари.[29]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Официјална валута на Австралија е австралискиот долар. Оваа валута се користи на Божиќен Остров, Кокосови Острови, Норфолк, Кирибати, Науру и Тувалу.
БНП на Австралија по глава на жител е за нијанса поголем од Обединетото Кралство, Германија и Франција. Според индексот на човеков развој во 2007 Австралија била рангирана на третото место и шеста според квалитетот на живеење. Според истражувањето за најдобри градови за живеење, австралиските градови високо котираат на листите, па така Мелбурн бил на 2 место во 2008 година, Перт на 4 место, Аделаида на 7 место и Сиднеј на 9 место. Економскиот развој на Австралија во последните 15 години изнесува околу 3.6%.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Австралија има население од околу 21,8 милиони жители и скоро сите се потомци на колонијални доселеници, најчесто емигранти од Европа и Азија. Доселениците сочинуваат 90% од вкупното население. Најголем дел од доселениците биле од Велика Британија или Ирска. Според пописот од 2006 година, населението се изјаснило како: австралијци (37.13%), англичани (31.65%), Ирци (9.08%), Шкоти (7.56%), Италијанци (4.29%), Германци (4.09%), и Кинези (3.37%).
Староседелското население на Австралија, Абориџините, сочинуваат околу 2.2% од вкупното население, или 410.003 жители. Абориџините се соочуваат со висок степен на невработеност, ниско ниво на образование и со повеќе трошоци одошто останатото население.
Англискиот јазик е национален јазик во Австралија, со свој специфичен дијалект наречен австралиски англиски кој е сличен со британскиот англиски дијалект. Англискиот го зборуваат околу 80% од населението, потоа следува кинески јазик и италијански јазик.
Австралија нема официјална религија. Според пописот во 2006 година, 64% од населението се изјасниле како христијани, 19% без религија и 12 % немале одговор. Најголема растечка религија во Австралија е будизмот.
Поголемиот дел од Австралијците се потомци на европските доселеници од XVIII и XIX век, посебно Британци и Ирци. Од крајот на Првата светска војна, австралскаа популација се зголемила за четири пати,[30] поттикнувана од амбициозни програми за имиграција. По Втората светска воја, па сè до 2000 г., дури 5,9 милиони луѓе мигрирале во земјата, што значи дека двајца од сите седум Австралијци се родени во странство.[31] Имигрантите во главном биле обучени, но имиграционата квота опфаќа и категории за членови на семејства и избеглици. Во 2001 г., пет најголеми групи кои даваат 23,1% од Австралијците родени во странство, потекнуваат од Обединето Кралство, Нов Зеланд, Италија, Виетнам и Кина. Набргу по укинувањето на Белата австралиска политика во 1973 г., владата организирала и поттикнувала вројни иницијативи, како би промовирала расна хармонија заснована на политиката мултикултурализмот. Во Австралија во 2005 г. емигрирале вкупно 123,424 жители. Од нив, 17,736 биле од Африка (5,654 од Судан, 4,594 од Јужна Африка итн.), 54,804 од Азија (4,239 од Филипини, 3,036 од Сингапур, 2,936 од Малазија, 1,936 од Ирак итн), 1,506 од Јужна Америка и 1,813 од Јужна Европа (371 од Србија и Црна Гора, 310 од Македонија, 115 од Албанија итн.).[32]
Австралиските староседелци, Абориџините и Жителите од Островот на Торесовиот мореуз, според пописот од 2001 г. било 410.003 (2,2% од вкупната популација), што е значајно зголемување во однос на 1976, кога нивната бројка изнесувала 115,953. Нивото на невработеноста кај австралиските домородци е над австралискиот просек, почесто се предмет на апсења, полошо се образувани и со помалку животно искуство во одност на останатото население.[33].
Како и другите високоразвиени земји, и Австралија се соочува со изразени промени во старосната структура на населението, кои го зголемувале бројот на одење во пензија, смалувајќи го обемот на работно активното население. Големиот број на Австралијци (759,649 во периодот 2002-2003 г.[34]) живее надвор од државата во која се родени.
Службениот јазик е англискиот[35], со кој се зборува и пишува во обликот кој е познат како австралиски англиски. Според пописот од 2001 г., англискиот како единствен јазик во куќата користи околу 80% на населението. Следејќи го најучествуваниот јазик е кинескиот (2,1%), италијанскиот (1,9%) и грчки јазик (1,4%).
Многу припадници на првата или втората генерација на потомците на мигрантите зборуваат два јазика. Се верува дека во времето на првите контакти со Европејците, меѓу 200 година и 300 година постоел австралиски абориџински јазик. До денес сè на сè прежиевеале 70, од што само 20 не се во опасност од изумирање. Домородечкиот јазик останал основен јазик за околу 50.000 луѓе (0,25%). Знаковниот јазик познат како Ослен (англ. Auslan) користи околу 6,500 Австралијци.
Австралија нема државна религија. На пописот од 2006 г., 68% од Австралијците се сметаат за христијани: 26% се изјасниле како католици, а 19% како англичани. Австралијците кои не се изјаснуваат како христијани, ги има околу 5%. Околу 19% од испитаниците не поддржуваат ниту една религија (што опфаќа атеизам, хуманизам, агностицизам и рационализам), додека 12% од испитаниците одбиле да се изјаснат или да дадат адекватни одговори. Како и другите западни земји, активното учество на граѓаните во црковните активности е на значајно пониско ниво; црквата еднаш неделно ја посетуваат околу 1,5 милиони Австралијци, т.е. околу 7,5% од популацијата.[36]
Школското образование е обавезително од 6-15 години (16 во Јужна Австралија и Тасманија, односно 17 во Западна Австралија), што влијаело на тоа стапката на неписменост да биде помала од 1%. Австралијскат влада има поддржано развивање на 38 универзитети и, иако во меѓувреме се отворени неколку приатни, поголемиот дел се финансираат со средства од буџетот. Постои и државен систем на колеџ за стручна обука, познат како институти ТАФЕ, а многу синдикати организираат обука на нови работници. Околу 58% од Австралијаните меѓу 25 и 64 години имаат стручно или високо образование, а со 49% факултетски образовано население, Австралија е на прво место меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој. Односот на домашните и странските студенти на австралиските факултети најголем е во ОЕЦД.[37]
Религија
[уреди | уреди извор]Најголеми градови
[уреди | уреди извор]Бр. | Држава | Нас. | Бр. | Држава | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сиднеј Мелбурн |
1 | Сиднеј | Нов Јужен Велс | 5.312.163 | 11 | Џилонг | Викторија | 275.794 | Бризбејн Перт |
2 | Мелбурн | Викторија | 5.078.193 | 12 | Хобарт | Тасманија | 236.136 | ||
3 | Бризбејн | Квинсленд | 2.514.184 | 13 | Таунсвил | Квинсленд | 181.668 | ||
4 | Перт | Западна Австралија | 2.085.973 | 14 | Кернс | Квинсленд | 153.951 | ||
5 | Аделаида | Јужна Австралија | 1.359.760 | 15 | Дарвин | Северна територија | 147.255 | ||
6 | Гоулд Коуст–Твид Хедс | Квинсленд/Нов Јужен Велс | 693.671 | 16 | Тувумба | Квинсленд | 138.223 | ||
7 | Њукасл–Мејтланд | Нов Јужен Велс | 491.474 | 17 | Баларат | Викторија | 107.652 | ||
8 | Канбера–Квинбијан | АПТ/Нов Јужен Велс | 462.136 | 18 | Бендиго | Викторија | 100.991 | ||
9 | Саншајн Коуст | Квинсленд | 341.069 | 19 | Олбери–Водонга | Нов Јужен Велс/Викторија | 93.603 | ||
10 | Волонгонг | Нов Јужен Велс | 306.034 | 20 | Лонсестон | Тасманија | 87.382 |
Култура во Австралија
[уреди | уреди извор]Од 1788 г. па сè до средината на XX век, англо-келтската културна традиција била основа на австралиската култура и се развивала под големо влијание на специфичното опкружување и културата на староседелците. Во текот на последните 50 години, австралиската култура се развивала под силно влијание на американската поп култура (телевизија и филм пред се), масовни емиграции од земјите на неанглиско говорно подрачје и азиските соседи. Богатата и оригинална австралиска умнетност - книжевност, филм, опера, музика, сликарство, театар, танци и занаeти е позната и признаена ширум светот.
Австралија има долга историја на ликовни уметности, кои ја зачнале австралиските домородци, цртајќи по пештерските ѕидови или на кожа. Од доаѓањето на Европејците кон крајот на XVIII век, најголем мотив за австралиското сликарство е австралискиот пејзаж, виден во Артур Стретон, Артур Бојда и Алберт Наматџире, помеѓу другите. Традицијата на староседелците воглавном е преносена усно и во тесна врска со обичаите и преданијата за ткн. правреме (Dreamtime). Музиката на австралиските Абориџини, нивниот танц и сликарство, видно влијаат на современата ликовна и сценка уметност. Австралија има жива традиција во музиката, балетот и тетарската уметност, многу театарски групи се финансирани од федералниот буџет, преку Австралискиот Совет. Секој главен град има симнфониски оркестар, додека Австралиската опера станала позната со позната на дивата Џоан Сатерленд; австралиската музика опфаќа класична, џез и многу популарни жанрови.
И австралиската книжевност е инспирирана од опкружувањето, дел од писателите како Бенџоа Петерсон и Хенриј Лоусон донесуваат впечатливо доживување на австралиската дивина. Обележјата на колонијална Австралија, отелотворени во раната книжевност, се разлагаат сè до периодот на Модерна Австралија, нагласувајќи ги идеите на еднаквост, поврзаност меѓу луѓето. Патрик Вајт е единствен Австралијец кој во 1973 г. добил Нобелова награда за книжевност, многумина го сметаат за еден од најзначајните писатели на англиски јазик во XX век. Австралискиот англиски е основна варијанта на англискиот јазик, неговата граматика и изговор воглавно се засновани на британскиот англиски, но е обогатен со бројни локални лексички правила и грази, од кои некои влегле и во стандардниот англиски јазик.
Австралискиот фудбал настанал во Викторија во доцните педесетти години од XIX век, а се играл како аматерски спорт, така и на професионално ниво. Се работи за спорт кој привлекува најголемо внимание во публиката на Австралија, натпреварите се доста псоетени, а чланството во клубовите е масовно.
Австралија има два јавни сервиси (Еј Ви Си и повеќејазинчен Ес Би Ес), три комерцијални телевизиски мрежи, неколку претплатнички Тв Сервиси, и бројни јавни, непрофитабилни телевизиски и радио-станици. Австралиската филмска индустрија доживеала критички и комерцијални успеси. Сè поголеми градови имаат дневни весници, а на ниво на целата земја излегуваат два дневни листа, Острелиан (англ. The Australian) и Острелиан фајнешел ривју (англ. The Australian Financial Review). Според податоците на Репортери без граници, Австралија во 2006 година била на 35 место на листата земји по слободни медии, после Нов Зеланд (19) и Велика Британија (27), но пред САД. Вака ниска позиција е последица на ограниченост во поглед на можностите на приватното влашниство над медиите во Австралија, имено, поголемиот дел од австралиските штампани медии се под контрола на Њуз корпорејшн, односно Ферфакс медија.
Спортот е важен дел од австралиската култура. Специфичната клима допушта бројни надворешни дејности. 23,5% од Австралијците постари од 15 години редовно учествуваат во организирани спортски активности. На меѓународно ниво, Австралија има слини тимови во крикет, хокеј, нетбол(игра слична на кошарка), рагби, а добри резултати остваруваат и во велосипедизмот, веслањето и пливањето. Други популарни национални спортови се австралискиот фудбал, трки со коњи, фудбал и автомобилизам. Австралија учествувала на сите Летни оломписки игри опд новото време, како и на сите Комонвелтски игри. Во 1956 г. Австралија била домаќин на Комонвелтските игри во 1938, 1962 и 2006 г. Во останатите значајни меѓународни спортски настани кои редовно се организираат во Австралија се и Отвореното превенство на Австралија, први од четирите гренд слем тениски турнири, годишни меѓународни турнири во крикет и Големата награда на Австралија во формула еден. Во Австралија е обичајно владата или компаниите стипендираат успешни спортисти. Телевизиските преноси на спортските натпревари се многу популарни, во најгледаните телевизиски програми спаѓаат Летните олимписки игри и финалните домашни или меѓународни фудбалски натпревари (австралиски, односно европски фудбал).[39]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Австралија има развиено, мешовито стопанство од западен тип, со нешто повисок бруто-домашен производ во однос на Велика Британија, Германија и Франција, набљудувано низ купувачката моќ. Земјата се наоѓа на трето место на листата Индекси на оптествен развој на Обединетите нации за 2006 г., додека во однос на општиот квалитет на животот во 2005 г. го заземала 6-то место на списокот на магазинот Економист. Отсуството на извозно ориентирани преработувачки индустрии најчесто се означува како клучна слабост на австралиското стопанство.
Меѓутоа се поразвиениот туризам и растечкиот извоз на роба ширум потрошувачката ја прават сета критика помалку важна. Австралија сепак е четврта земја на светот по висина на домашниот дефицит, изразено во апсолутни цифри (во релативни, тоа изнесува 7% од БДП). Некои економисти сметаат дека ова е проблематично, посебно поради тоа што се подудара со висината на трговската размена и ниските каматни стапки ки ги смалуваат трошоците на отплата на надворешниот долг.[40]
Хоуковата влада започнала процес на економски реформи со воведување на пливачки курс на австралискиот долар и делумната дерегулација на финансискиот систем.[41] Хауардовата влада го продолжила процесот на микроекономските реформи, вклучувајќи и делумна дерегулација на трудовиот пазар и приватизација на државните фирми, пред сè во областа на телекомуникацијата.[42] Посредните порески системи во суштина се реформирани во јули 2000 г., со воведување порез на добра и услуга од 10%, што е незначајно смалено цврстото ослонување на австралискиот порески систем на порез од пригоди на поединци и фирми.
Во јануари 2007 г., невработеноста во Австралија била 4,6%[43], со 10,033,480 вработени луѓе. Во текот на последната деценија, инфлацијата воглавно се движела меѓу 2-3%, а минималните каматни стапки меѓу 5-6%. Секоторот на услиги, вклучувајќи го и туризмот, образованието и фанансиские услуги, дава 69% од бруто-домашниот производ.[44] Земјоделството и природните суровини даваат 3-5% од БДП, но значајно придонесуваат во вкупната надворешна трговска способност на земјата. Австралија најмногу извезува во Јапонија, Кина, САД, Јужна Кореја и Нов Зеланд.[33]
Белешки
[уреди | уреди извор]{{|group="Б"|30em}}
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ It's an Honour – Symbols – Australian National Anthem Архивирано на 9 ноември 2007 г.; „National Symbols“ (PDF). Parliamentary Handbook of the Commonwealth of Australia (29th. изд.). 2005 [2002]. Архивирано од изворникот на 2007-06-11. Посетено на 7 June 2007.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Pluralist Nations: Pluralist Language Policies?“. 1995 Global Cultural Diversity Conference Proceedings, Sydney. Department of Immigration and Citizenship. Архивирано од изворникот на 20 December 2008. Посетено на 11 January 2009. "English has no de jure status but it is so entrenched as the common language that it is de facto the official language as well as the national language."
- ↑ Collins English Dictionary. Bishopbriggs, Glasgow: HarperCollins. 2009. стр. 18. ISBN 978-0-00-786171-2.
- ↑ „Population clock“. Australian Bureau of Statistics. Commonwealth of Australia. Посетено на 29 June 2015.
- ↑ Австралиско биро за статистика (31 October 2012). „Australia“. Кус преглед на статистичките податоци за 2011 г. Посетено на 21 June 2012.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „Australia“. International Monetary Fund. April 2015. Посетено на 25 April 2015.
- ↑ „OECD Economic Surveys: Norway 2012“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2015-09-16.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.
- ↑ -{Sidney J. Baker, The Australian Language, second edition, 1966.}-
- ↑ -{Gillespie, R. (2002). Dating the first Australians. Radiocarbon 44:455–72}-
- ↑ -{Open Australian Bureau of Statistics 1998 Special Article}- - -{The State of New South Wales}-
- ↑ -{Smith, L. (1980), The Aboriginal Population of Australia, Australian National University Press, Canberra}-
- ↑ -{Tatz, C. (1999).}- -{Genocide in Australia}- Архивирано на 17 септември 2008 г., -{AIATSIS Research Discussion Papers No 8, Australian Institute of Aboriginal and Torres Strait Islander Studies, Canberra}-
- ↑ -{Windschuttle, K. (2001).}- -{The Fabrication of Aboriginal History Архивирано на 6 јануари 2009 г., The New Criterion Vol. 20, No. 1, September 20.}-
- ↑ -{Bean, C. Ed. (1941).}- -{Volume I - The Story of Anzac: the first phase Архивирано на 28 август 2008 г., First World War Official Histories, Eleventh Edition.}-
- ↑ -{Australian Electoral Commission (2000).}-1999 -{Referendum Reports and Statistics}-, Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ -{Australia's Size Compared.}- Архивирано на 24 март 2007 г. -{Geoscience Australia.}- Поселедни, пристапено 19 мај 2007.
- ↑ -{State of the Environment 2006.}- -{Department of the Environment and Water Resources.}-
- ↑ -{UNEP World Conservation Monitoring Centre (1980).}- -{Protected Areas and World Heritage - Great Barrier Reef World Heritage Area. Архивирано на 31 август 2006 г. Department of the Environment and Heritage.}-
- ↑ -{Mount Augustus}-. -{The Sydney Morning Herald.}-
- ↑ -{Department of the Environment and Heritage.}- -{About Biodiversity}- Архивирано на 5 февруари 2007 г., Пристапено 17. 4. 2013.
- ↑ 2005 -{Environmental Sustainability Index}- (стр.112). Архивирано на 11 септември 2011 г. -{Yale University}-.
- ↑ -{Savolainen, P. et al. 2004.A detailed picture of the origin of the Australian dingo, obtained from the study of mitochondrial DNA. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 101:12387–12390 PMID}-
- ↑ -{Additional Thylacine Topics: Persecution.}- Архивирано на 14 август 2011 г. -{The Thylacine Museum}- (2006).
- ↑ -{Parliamentary Library (1997).}- -{The Reserve Powers of the Governor-General}- Архивирано на 26 јули 2010 г., Пристапено 17. 4. 2013.
- ↑ State and Territory Government - australia.gov.au http://www.australia.gov.au/State_and_Territory_Government Архивирано на 12 октомври 2008 г.
- ↑ -{Australian Government. (2005).}- -{Budget 2005–2006}-, Пристапено 17. 4. 2013.
- ↑ -{Australia in brief,}- страна 65, 48. издање, -{WHH Publishing,}- 2007.
- ↑ -{Australian Department of Defence (2006).}- -{Portfolio Budget Statements 2006–07.}- Стр. 19.
- ↑ -{Australian Bureau of Statistics, Population Growth}- - -{Australia’s Population Growth}-[мртва врска], Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ -{Background note: Australia}-. -{US Department of State.}-
- ↑ -{Inflow of foreign-born population by country of birth, by year}-, Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ 33,0 33,1 -{Australian Bureau of Statistics.}- -{Year Book Australia}- 2005
- ↑ -{Parliament of Australia, Senate (2005).}- -{Inquiry into Australian Expatriates}- Архивирано на 8 јули 2008 г., Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ -{Pluralist Nations: Pluralist Language Policies?}- -{Department of Immigration and Multicultural Affairs (1995).}- Последњи, Посетено на 18. 9. 2005.
- ↑ -{NCLS releases latest estimates of church attendance}-,-{ National Church Life Survey, Media release}-, 28 февруари 2004
- ↑ -{Education at Glance 2005}- Архивирано на 23 јули 2013 г. -{by OECD: Percentage of foreign students in tertiary education.}-
- ↑ „3218.0 - Regional Population Growth, Australia, 2018-19“. Australian Bureau of Statistics.
- ↑ -{Australian Film Commission. What are Australians Watching?,}- -{Free-to-Air, 1999–2004 TV}-, Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ -{Colebach, T.}- -{We're on a long and slippery slide to disaster}-, 2 март 2005,-{ The Age}-
- ↑ -{Macfarlane, I. J. (1998).}- -{Australian Monetary Policy in the Last Quarter of the Twentieth Century. Reserve Bank of Australia Bulletin, October}-
- ↑ -{Parham, D.}- (2002). -{Microeconomic reforms and the revival in Australia’s growth in productivity and living standards. Conference of Economists, Adelaide, 1 October}-
- ↑ -{Australian Bureau of Statistics. Labour Force Australia. Cat#6202.0}-
- ↑ -{Department of Foreign Affairs and Trade (2003). Advancing the National Interest,}- -{Appendix}- 1, Посетено на 17. 4. 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Австралија“ на Ризницата ? |
- Страница на македонската амбасада во Канбера[мртва врска]
- За Австралија Архивирано на 31 декември 2014 г.
- Влада на Австралија
- Парламент на Австралија Архивирано на 15 февруари 2012 г.
- Парламент на Австралија: Министерства Архивирано на 7 јули 2010 г.
- Австралиско биро за статистика
- Портал на општествени организации Архивирано на 2 мај 2010 г.
- Културни установи Архивирано на 14 јули 2007 г.
- Туризам во Австралија
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Австралија“ (англиски)
- Австралија на UCB
|
|
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „Б“, но нема соодветна ознака <references group="Б"/>
.