Авенија Андраши
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културно: ii, iv |
Навод | 400 |
Запис | 1987 (11-то заседение заседание) |
Дополнувања | 2002 |
Авенијата Андраши (унгарски: Andrássy út) е сликовит булевард од 1872 година кој се наоѓа во Будимпешта, Република Унгарија. Таа го поврзува плоштадот Елизабета со градскиот парк и изобилува со нео-ренесанси вили и куќи, како и со монументални плоштади и алеи. Андрашевата авенија заедно со околината на замокот Буда и двата брега на Дунав е на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Исто така таа е една од главните шопинг улици на Будимпешта, исполнета со елитни кафеани, ресторани, театри и луксузни бутици.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1872 година, со цел да се намали сообраќајот на преоптерената Кирали улица, а исто така и за градот да се поврзе со градскиот парк, започнала изградбата на Андрашевата авенија која била завршена на 20 август 1876 година, унгарскиот ден на независноста. Во изработката на нејзиниот дизајн соработувале три лица: Лајош Лешнер, Фриѓис Фесл и Клеин и Фрашер, додека палатите и вилите се дело на тогаш најпрестижниот артхитект Миклош Јбл. Повеќето од нив биле завршени околу 1884 година, а авенијата го добила своето име во 1885 година и тоа по водечкиот организатор кога станува збор за нејзиното градење - премиерот Ѓула Андраши.
Во 1870 година, била предложена изградбата на подземната железничка станица на Будимпешта, која е втората подземна железница на европско копно (после лондонската, на англискиот остров), а почнала да се гради во 1894 година. Изградена е по должината на целата авенија во 1896 година. Така сообраќајот можел да се одвива под земја со до Варошслигет, местото каде што се одржувал Милениумскиот фестивал во чест на унгарската државност.
Како сведоштво за бурните промени во повоена Унгарија, Андрашевата авенија после 1950 година, неколкупати го менувала името. Во 1950 година била наречена Сталинска авенија (Sztálin út), додека пак за време на унгарската револуција од 1956 година се викала Булевард Република (Népköztársaság út). Во 1990 година, со падот на комунизмот и било вратено изворното име.[2]
Делови
[уреди | уреди извор]Андрашевата авенија се состои од четири главни дела:
- Од Елизабетовиот плоштад до Октогон каде се поврзува со Големиот булевард (Nagykörút) во поголем дел е исполнета со продавници.
- Од Октогон до Кодали коронд е проширена со алеја во која се наоѓаат станбени зони и факултети.
- Од Кодали коронд до Бајза е уште повеќе проширена со станбени палати кои имаат мали градини. Тука се наоѓа и Државната унгарска опера.
- Од Бајза до Варошлигет, покрај станбените палати има и неколку амбасади, Музичката академија на Франц Лист и Куќата на стравот, музејот на фашизмот и комунизмот во Унгарија. Плоштадот на хероите е величествен крај на авенијата и монументален влез во Градскиот парк.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Унгарската државна опера. -
Музичката академија Франц Лист. -
Лизгалиштето Варошлигет.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Авенија Андраши“ на Ризницата ? |
- Канцеларијата на будимпештанскиот туризам на Авенијата Андраши Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Andrássy út
- Сместување во близина на авенијата
|