Прејди на содржината

АТП Ротердам

Од Википедија — слободната енциклопедија
АТП Ротердам
АТП Ротердам 2024
Информации за турнирот
ТурнејаАТП
Основан1972; пред 52 години (1972)
Изданија51 (2024)
МестоРотердам, Холандија
ОдржувалиштеRotterdam Ahoy
КатегоријаАТП серија 500
ПодлогаТврда подлога
Жреб32П / 16Кв / 16Д
Награден фонд2,134,985  (2024)
Веб-сајт[1]
Моментални победници (2024)
ПоединечноИталија Јаник Синер
ДвојкиХоландија Весли Колхоф
Хрватска Никола Мектиќ

АТП Ротердам познат уште и како Отворено тениско првенство на Ротердам или АБН АМРО Опен е тениски турнир во машка конкуренција кој се одржува во Ротердам, Холандија. Турнирот се игра во арената Rotterdam Ahoy, обично во втората половина на февруари и моментално претставува еден од турнирите од АТП серијата 500. Првото издание било во 1972 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото издание на АТП турнирот во Ротердам е одржано во 1972 година, а победник бил американецот Артур Еш. Следната година турнирот не бил одигран бидејќи терминт за одржување бил префрлен во месец март. Првобитно турнирот бил дел од серијата World Championship Tennis, а во 1978 година станал член на серијата Grand Prix. Од 1990 година е дел од АТП турнејата.

Финалето во 1984 година меѓу Иван Лендл и Џими Конорс прекинато е во вториот сет при резултат 6–0, 1–0 за Лендл поради дојава за поставена бомба; мечот никогаш не бил доигран бидејќи Лендл не бил подготвен да продолжи да игра.

Од 2004 година, директор на турнирот е Ричард Крајчек, поранешниот холандски тенисер и освојувач на Вимблдон во 1996 година.

Во 2012 година, турнирот забележал рекордна посетеност од 115.894 гледачи.

Победници

[уреди | уреди извор]

Поединечно

[уреди | уреди извор]
Година Победник Финалист Score
↓  WCT турнири  ↓
1972 САД Артур Еш Холандија Том Окер 3–6, 6–2, 6–1
1973 Не се одржал
1974 Холандија Том Окер САД Том Горман 3–6, 7–6(7–2), 6–1
1975 САД Артур Еш (2) Холандија Том Окер 3–6, 6–2, 6–4
1976 САД Артур Еш (3) САД Роберт Луц 6–3, 6–3
1977 САД Дик Стоктон Романија Илие Настасе 2–6, 6–3, 6–3
↓  Grand Prix турнири  ↓
1978 САД Џими Конорс Мексико Раул Рамирес 7–5, 7–5
1979 Шведска Бјорн Борг САД Џон МекИнро 6–4, 6–2
1980 Швајцарија Хајнц Гинтхарт САД Џени Мајер 6–2, 6–4
1981 САД Џими Конорс (2) САД Џини Мајер 6–1, 2–6, 6–2
1982 Аргентина Гиљермо Виљас САД Џими Конорс 0–6, 6–2, 6–4
1983 САД Џини Мајер Аргентина Гиљермо Виљас 6–1, 7–6
1984 Нема победник Чехословачка Иван Лендл и
САД Џими Конорс
6–0, 1–0
Финалето било откажано
1985 Чехословачка Милослав Мечирж Швајцарија Јакоб Хласек 6–1, 6–2
1986 Шведска Јоаким Нистрем Шведска Андрес Џарид 6–0, 6–3
1987 Шведска Стефан Едберг САД Џон МекИнро 3–6, 6–3, 6–1
1988 Шведска Стефан Едберг (2) Чехословачка Милослав Мечирж 7–6, 6–2
1989 Швајцарија Јакоб Хласек Шведска Андерс Џарид 6–1, 7–5
↓  АТП серија 250[б 1]  ↓
1990 САД Бред Гилберт Шведска Јонас Свенсон 6–1, 6–3
1991 Италија Омар Кампорезе Чехословачка Иван Лендл 3–6, 7–6(7–4), 7–6(7–4)
1992 Германија Борис Бекер Заедница на независни држави Александер Волков 7–6(11–9), 4–6, 6–2
1993 Шведска Андерс Џарид Чешка Карел Новачек 6–3, 7–5
1994 Германија Михаел Штих Јужна Африка Вејн Фереира 4–6, 6–3, 6–0
1995 Холандија Ричард Крајчек Холандија Паул Хархуис 7–6(7–5), 6–4
1996 Хрватска Горан Иванишевиќ Русија Евгени Кафелников 6–4, 3–6, 6–3
1997 Холандија Ричард Крајчек (2) Чешка Даниел Вацек 7–6(7–4), 7–6(7–5)
1998 Холандија Јан Симеринк Шведска Томас Јохансон 7–6(7–2), 6–2
АТП серија 500[б 2]
1999 Русија Евгени Кафелников Обединето Кралство Тим Хенман 6–2, 7–6(7–3)
2000 Франција Седрик Пиолин Обединето Кралство Тим Хенман 6–7(3–7), 6–4, 7–6(7–4)
2001 Франција Никола Ескуде Швајцарија Роџер Федерер 7–5, 3–6, 7–6(7–5)
2002 Франција Никола Ескуде (2) Обединето Кралство Тим Хенман 3–6, 7–6(9–7), 6–4
2003 Белорусија Макс Мирни Холандија Рамон Слуитер 7–6(7–3), 6–4
2004 Австралија Лејтон Хјуит Шпанија Хуан Карлос Фереро 6–7(1–7), 7–5, 6–4
2005 Швајцарија Роџер Федерер Хрватска Иван Љубичиќ 5–7, 7–5, 7–6(7–5)
2006 Чешка Радек Штепанек Белгија Кристоф Рохус 6–0, 6–3
2007 Русија Михаил Јужни Хрватска Иван Љубичиќ 6–2, 6–4
2008 Франција Микаел Лодра Шведска Робин Седерлинг 6–7(3–7), 6–3, 7–6(7–4)
2009 Обединето Кралство Енди Мари Шпанија Рафаел Надал 6–3, 4–6, 6–0
2010 Шведска Робин Седерлинг Русија Михаил Јужни 6–4, 2–0, предадено
2011 Шведска Робин Седерлинг (2) Франција Жо-Вилфрид Цонга 6–3, 3–6, 6–3
2012 Швајцарија Роџер Федерер (2) Аргентина Хуан Мартин дел Потро 6–1, 6–4
2013 Аргентина Хуан Мартин дел Потро Франција Жилиен Бенето 7–6(7–2), 6–3
2014 Чешка Томаш Бердих Хрватска Марин Чилиќ 6–4, 6–2
2015 Швајцарија Стен Вавринка Чешка Томаш Бердих 4–6, 6–3, 6–4
2016 Словачка Мартин Клижан Франција Гаел Монфис 6–7(1–7), 6–3, 6–1
2017 Франција Жо-Вилфрид Цонга Белгија Давид Гофан 4–6, 6–4, 6–1
2018 Швајцарија Роџер Федерер (3) Бугарија Григор Димитров 6–2, 6–2
2019 Франција Гаел Монфис Швајцарија Стен Вавринка 6–3, 1–6, 6–2
2020 Франција Гаел Монфис (2) Канада Феликс Оже-Алијасим 6–2, 6–4
2021 Русија Андреј Рубљов Унгарија Мартон Фучович 7–6(7–4), 6–4
2022 Канада Феликс Оже-Алијасим Грција Стефанос Циципас 6–4, 6–2
2023 [б 3] Данил Медведев Италија Јаник Синер 5–7, 6–2, 6–2
2024 Италија Јаник Синер Австралија Алекс де Минор 7–5, 6–4
  1. Позната како World Series од 1990 до 1999.
  2. Позната како Championship Series од 1990 до 1999 и International Series Gold од 2000 до 2008.
  3. Од 1 март 2022 година, АТП објави дека играчите од Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат под името или знамето на Русија или Белорусија поради Руската инвазија на Украина.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]