Прејди на содржината

АВНОЈ

Од Википедија — слободната енциклопедија

АВНОЈ или Антифашистичко собрание за народно ослободување на Југославија (срп./хрв. Антифашистичко веће народног ослобођења Југославије / Antifašističko vijeće narodnog oslobođenja Jugoslavije; сло. Antifašistični svet narodne osvoboditve Jugoslavije) — политичка организација на народноослободителниот комитет кој бил формиран на 26 и 27 ноември 1942 година во Бихаќ, под водство на комунистичкото движење во Југославија.

Зградата во која се одржало првото заседание на АВНОЈ
Одлуката од АВНОЈ

Прво заседание на АВНОЈ

[уреди | уреди извор]

По капитулацијата на југословенската војска на 17 април 1941 година, Југославија била поделена на сфери помеѓу Германија, Италија, Унгарија и Бугарија. Како резултат на окупаторската политика на овие земји дошло до формирање на АВНОЈ под водство на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тоа се случило на 26 ноември 1942 година, каде на заседанието присуствувале комунистички претставители и некомунистички партизански војници, кои ја дале поддршката на Јосип Броз Тито и тоа за:

  • демократија
  • права на сите етнички групи
  • неприкосновеност на приватната сопственост
  • слобода на поединечната економска иницијатива на различните групи.

Во 1943 година Германија покренала нова офанзива за враќање на своите позиции на Балканскиот Полуостров. Плашејќи се, дека од оваа инвазија би имало корист и од четничкото движење, основниот противник на комунистите во Југославија, партизаните ги нападнале силите на полковник Дража Михаиловиќ и во текот на март ги победиле четниците во Херцеговина и Црна Гора.

Но, во мај Германците, Бугарите, Италијанците и НДХ покренале напад против партизаните кај Сутјеска, но партизаните го избегнале опколувањето.

Второ заседание на АВНОЈ

[уреди | уреди извор]
Од Второто заседание на АВНОЈ: Јосип Броз Тито, Јосип Видмар, Едвард Коцбек, Јосип Рус и Моша Пијаде

Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември 1943 во град Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи [1]. На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било:

На кралот Петар II Караѓорѓевиќ му било забрането да се врати во својата земја сè додека за тоа не се одлучи на референдум

Трето заседание на АВНОЈ

[уреди | уреди извор]
Третото заседание на АВНОЈ било одржано во Белград во 1945

Третото заседание на АВНОЈ се одржало од 7 до 10 август 1945 година во Белград. На ова заседание, било изготвено антифашистичко собрание т.е. Повремено народно собрание. Во ноември 1945 година се провеле избори. Списокот на Народниот фронт добил 96% од гласовите. На 29 ноември 1945 година Народното собрание го објавил создавањето на Федеративна Народна Република Југославија.