Прејди на содржината

Џон Дегенколб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Дегенколб
Дегенколн во 2015 година
Лични податоци
Цело имеЏон Дегенколб
Роден7 јануари 1989(1989-01-07)(35 г.)
Гера,  Источна Германија
Висина1,80 м[1]
Маса77 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТим ДСМ-Фирмених
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
спринтер
Аматерски клубови
2008–2010 Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2011
2012–2016
2017-2019
2020–2021
2022-
ХТЦ-Хајроад
Проект 1т4и
Трек-Сегафредо
Лото-Судал
Тим ДСМ
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2018)
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2013)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2014)
10 поединечни етапи (2012, 2014, 2015)

Еднодневни трки и класици

Милано-Санремо (2015)
Париз-Рубе (2015)
Гент-Вевелгем (2014)
Париз-Тур (2013)
Ватенфал Класик (2013)
Трка околу Франкфурт (2011)
Минстерланд Џиро (2016)

Друго

Европска турнеја на UCI (2012)
Последна промена
20 декември 2022

Џон Дегенколб (германски: John Degenkolb; р. 7 јануари 1989 во Гера) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим ДСМ-Фирмених.[2]

Негови најголеми победи во кариерата се Милано-Санремо 2015 и Париз-Рубе 2015, два од петте велосипедски монументи. Има освоено етапи на сите три големи трки, десет етапи и бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, една етапа на Џиро д’Италија и една етапа на Тур де Франс.

Во 2010 година ја освоил неговата прва етапна трка, Трка околу Тирингија и завршил втор на трката под 23 години на Светското друмско првенство. Дегенколб победил на Гент-Вевелгем 2014, на Ватенфал Класик 2013 и бил краен победник на Европската турнеја на UCI 2012.[3][4]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

ХТЦ-Хајроуд (2011)

[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Дегенколб станал професионален со екипата ХТЦ-Хајроуд, следејќи ги чекорите на други познати спринтери како Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Во неговата прва сезона ги освоил етапите на Волта ао Алгарве, Три дена Западна Фландрија и Трката околу Баварија, пред да освои две етапи на Критериум ди Дофине. Исто така ја освоил еднодневната Трка околу Франкфурт.

Пројект 1т4и / Џајант-Алпецин (2012-2016)

[уреди | уреди извор]
Дегенколб на Олимписката друмска трка во 2012 година

По распаѓањето на екипата ХТЦ на крајот на 2011 година, Дегенколб се преселил во професионалната континентална екипа Пројецт 1т4и.

Дегенколб го освоил генералниот пласман на Тур де Пикарди 2012, каде ги освоил првата и третата етапа на триетапната трка. Временските бонуси на целта на етапите му ја обезбедиле победата во генералниот пласман.[5]

На 19 август 2012, Дегенколб ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, втората етапа на Вуелта а Еспања, која завршувала во Вијана. На малата нагорнина, тој ја поминал целта пред Алан Дејвис од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Бен Свифт.[6] Го повторил успехот на петтата етапа, рамна кружна етапа во Логроњо. Дегенколб дошол зад Даниеле Бенати, кој го отпочнал спринтот и направил одредена разлика во последните 200 метри и ја поминал целта со мала разлика од возачот на РадиоШек-Нисан.[7]

Со маичката за бодовниот пласман на неговите гради ја однел третата победа на Вуелта на седмата етапа, на етапа со завршница по круг на патеката во Моторленд Арагон.[8] Потоа следел уште еден успех на десеттата етапа, Дегенколб повторно стигнал до победа во Санхенхо, откако силно ги притиснал педалите на нагорнината и го поминал Французинот Насер Бухани од ФДЖ-БигМет.[9] Ја завршил Вуелта со пет победи, вклучувајќи ја и престижната последната етапа во Мадрид, каде го заокружил неговото второ учество на некоја голема трка со уште една победа.[10]

По овие успеси на Дегенколб следеле уште една спринтерска победа на Гран при д’Изберг[11] и четврто место на Светските првенства во Фалкенбург, зад победникот Филип Жилбер (Аксент.џобс-Вилемс Веранда).[12]

Успесите на Дегенколб во 2013 година започнале во мај со етапна победа на Џиро д’Италија, негова прва победа на трката во Италија.[13] На Тур де Франс, Дегенколб важел како главен помошник за неговиот колега Марсел Кител, кој освоил четири етапи. Потоа, Дегенколб настапил и победил на Ватенфал Класик во неговата родна земја, победувајќи го Андре Грајпел на целта на трката.[14] Во октомври, Дегенколб победил на две трки во Франција во помалку од една недела, Париз-Бурж и Париз-Тур.[15]

Во 2014 година, Дегенколб го освоил белгискиот класик Гент-Вевелгем, бодовниот пласман и три етапи на Средоземната трка и 3 етапи на Вуелта а Еспања. Етапата вклучувала две категоризирани искачувања и била возена во прилична жештина.[16] Втората била масовен спринт каде возачот на ФДЖ Насер Буани се жалел дека бил неспортски турнат во оградите од Дегенколб, кој сепак ја задржал победата.[17] Третиот успех бил „луда завршница“ според Дегенколб, кој бил подобар од второпласираниот Том Бонен.[18] Четвртата победа дошла на седумнаесеттата етапа кога го поминал Мајкл Метјус на целта.[19] Веднаш по Вуелта и освојувањето на бодовниот пласман, Дегенколб морал да биде примен во болница поради лимфна инфекција.[20]

Дегенколб (средина) на подиумот по победата на Париз-Рубе 2015

Во 2015 година, Дегенколб ја освоил првата трка во Дубаи, третата етапа на трката. Ја остварил најголемата победа во неговата кариера дотогаш со победата во март на Милано-Санремо, каде го освоил спринтот пред претходниот победник од 2014 година, Александер Кристоф.[21] Во април го освоил прославениот класик Париз-Рубе. Во последните километри ги достигнал двајцата бегалци и на крајот победил во групен спринт од седуммина на велодромот во Рубе.[22] Станал првиот Германец кој победил на трката од Јозеф Фишер, кој победил на воведното издание во 1896 година и прв возач кој ги освоил Милано-Санремо и Париз-Рубе во истата година по Шон Кели во 1986 година.[23] Во мај, Дегенколб освоил две етапи на Трката околу Баварија, освојувајќи го и бодовниот пласман.[24]

Во текот на Тур де Франс, Дегенколб го заменил Кител како главен спринтер на Џајант-Алпецин и предводник на екипата.[25] Го опишал неговото учество како „задоволително, иако не баш она за што сонував“,[26] откако завршил помеѓу најдобрите десет на осум различни етапи без да победи на една од нив.[27] Ова вклучувало второ место на четвртата етапа, која имала делови со калдрма. Дегенколб бил напред во групата по нападите од Винченцо Нибали на деловите со калдрма, но на крајот бил победен со напад на сонародникот Тони Мартин.[28]

На Вуелта а Еспања 2015, Дегенколб бил избран за предводник на екипата.[29] На првите две недели од трката, етапните победи го одбегнале, завршувајќи високо на неколку етапи, вклучувајќи помеѓу најдобрите тројца на етапите 3, 5 и 10.[30] Кога колегата Том Димулен неочекувано влегол во борбата за генералниот пласман, Дегенколб работел за Холанѓанецот, вклучувајќи „изненадувачки“[31] резултат на деветнаесеттата етапа. На планинскиот терен успеал да остане со дваесетина возачи до крајот, поставувајќи го Димулен за напад на калдрмисаното искачување на завршницата во Авила.[32] Дегенколб бил пофален за неговиот резултат, а спортскиот директор го нарекол „феноменален“.[31] Дегенколб успеал да ја освои последната етапа во Мадрид, победувајќи возачи како Дани ван Попел во масовен спринт.[33]

Кон крајот на сезоната, Дегенколб настапил на Светското друмско првенство во Ричмонд,[34][35] вклучен во водечката двојка со спринтерот Андре Грајпел.[36] Бил сметан од многумина за способен да победи.[37][38][39][40] На самата трка, Дегенколб бил напред во групата поголем дел од последните кругови на трката. На калдрмисаното искачување во последниот круг, Дегенколб бил првиот кој го следел нападот на Здењек Штибар, но не успеал да го следи подоцнежното темпо од групата составена од Ники Терпстра и Грег ван Авермат, помеѓу другите. На крајот, завршил на 29. место, 15 секунди зад победникот Петер Саган.[41] По трката изјавил: „Секако, многу сум разочаран. Кога Петер Саган нападна на претпоследното искачување, немав ништо останато да реагирам“.[42] Дегенколб ја завршил својата сезона со победа на Критериум Саитама во Јапонија, победувајќи го локалниот возач Фумијуки Бепу (Лидл-Трек) и победникот на Тур де Франс Крис Фрум (Инеос Гренадиерс) во спринтерска завршница. По трката изјавил: „Беше многу добра трка, со многу гледачи. Многу се емотивни, особено на крајот кога толпата беше толку гласно и може дури и да се спореди со Шанзелизе со самата атмосфера и бучавата на патот […]. Сега, сезоната е навистина завршена за мена и почнуваат подготовките за новата сезона“.[43]

На 23 јануари 2016 година, додека тренирале во Шпанија, бил еден од шестемина возачи на Џајант-Алпецин, кои биле удрени од автомобил. Сите возачи биле во стабилна состојба.[44] Дегенколб имал исеченици на бутот, подлактицата и неговите усни, како и за малку губејќи еден прст.[45] Бил лекуван во Валенсија и Хамбург, но ја пропуштил пролетната класична сезона.[46] Се вратил на Трката околу Франкфурт на 1 мај 2016.[47] Иако не завршил добро на трката, рекол дека бил „задоволен“ од неговиот настап и ја нарекол трката важен чекор кон неговото опоравување.[48] Потоа настапил на Трката околу Калифорнија, каде имал две завршници меѓу првите десет и бил среќен со напредокот, иако неговиот повреден прст сè уште пречка во спринтовите.[49] Покажал понатамошно подобрување на Критериум ди Дофине, прва трка во Светската турнеја, завршувајќи осми на четвртата етапа.[50] Дегенколб ја започнал Тур де Франс во јули, целејќи особено на 16. етапа која завршувала во Берн.[51] На крајот, завршил четврти на масовните спринтови на четиринаесеттата и шеснаесеттата етапа, негови најдобри резултати во сезоната дотогаш.[52][53]

На 8 јули 2016 година, Дегенколб објавил дека ќе ја напушти екипата Џајант-Алпесин и ќе се приклучи во нова екипа за 2017.[54] Во август, неговата нова екипа била потврдена и тоа била Трек-Сегафредо.[55] Ја остварил својата прва победа во сезоната 2016 на 14 август на завршната етапа на Арктичката трка на Норвешка, исто така обезбедувајќи го бодовниот пласман на трката.[56] Потоа следело второто место на Јуроајс Класик во Хамбург, стигнувајќи зад Кејлеб Јуан во масовен спринт.[57]

На Светското друмско првенство во Доха, Дегенколб бил дел од германската репрезентација. Првично останал во групата напред по нападот на белгискиот состав, кој ја поделил групата. Дупната гума го приморала Дегенколб да се врати во втората група. Тука, Дегенколб се обидел да го предводи сонародникот Андре Грајпел напред, напор кој бил попречен од белгиските возачи, што довело Дегенколб да испрска со вода во лицето на Јенс Дебишер.[58][59] Зборувајќи за инцидентот по трката, Дегенколб кажал: „Ох, Јенс бараше освежување и ја му ја уважив желбата“.[60] По повлекувањето од трката поради премореност на 40 километри пред целта,[58] Дегенколб ја заокружил неговата сезона со: „Ова беше лоша сезона оваа година. Но, уште сум жив, животот оди понатаму“.[60] Ја завршил сезоната на Трката Абу Даби, каде стигнал втор зад Џакомо Ницоло на првата етапа.[61]

Трек-Сегафредо (2017–2019)

[уреди | уреди извор]
Дегенколб откако завршил трет на националното друмско првенство 2017

Дегенколб ја забелажал својата прва победа во 2017 на 2 февруари на третата етапа на Трката Дубаи, претекнувајќи ги Рејнарт Јансе ван Ренсбург и Сони Колбрели во масовен спринт.[62] Ја завршил трката на третото место.[63] Во текот на сезоната на класиците во пролетта, Дегенколб ја преземал улогата на водач во Трек-Сегафредо од Фабијан Канчелара, кој се повлекол на крајот на 2016 година.[64] На крајот имал силни резултати, но не успеал да освои трка. Отпаднал во текот на искачувањето на Поџо на Милано-Санремо, завршувајќи седми на целта.[65] На Е3 Харелбеке, екипата не била присутна во групата на бегалците, со што си наштетила за висок пласман, а Дегенколб завршил на 13. место.[66] Откако завршил петти на Гент-Вевелгем и седми на Трката околу Фландрија, Дегенколб настапил на Париз-Рубе. Трек-Сегафредо имал силна трка, откако тројца негови возачи завршиле меѓу најдобрите десет, а Дегенколб завршил на десеттото место.[67] Меѓутоа, Том Бонен жестоко го критикувал по трката за негово покривање, изјавувајќи: „За мене, тој ја извозе најкукавичката трка во неговиот живот“.[68] Дегенколб завршил трет на домашната трка, Трката околу Франкфурт на почетокот на мај, откако имало механички проблем за неговиот помошник Јаспер Стејвен во текот на завршниот спринт.[69]

На Тур де Свис, Дегенколб бил поддржан од пролетните победи од екипата, завршувајќи трет на третата етапа.[70] Ја изразил својата фрустрација по петтата етапа.[71] Бил вклучен во составот за Тур де Франс, при што имал бројни спринтерски завршници, вклучувајќи го второто место зад Марсел Кител на етапата 10.[72]

Подоцна во сезоната, Дегенколб возел на Вуелта а Еспања, но се откажал поради болест во првите денови.[73] Требало да ја предводи германската екипа на Светското друмско првенство во Берген, но се повлекол една недела пред трката, наведувајќи здравствени проблеми.[74]

Дегенколб се вратил на трките кон крајот на јануари 2018 на Предизвикот Мајорка, каде освоил две од четирите трки во масовни спринтови.[75] Подоцна настапил на Париз-Ница, но се повлекол со бронхитис, кој го приморало да го пропушти Милано-Санремо.[76] Дегенколб имал тешка пролетна сезона без ниеден добар резултат. Падот на Париз-Рубе го приморало да одмара три недели. Се вратил на трки во јуни на Сериите Хамер, а потоа и на Тур де Свис. Во Швајцарија, не можел да има учинок на првите етапи, обидувајќи се да ја добие формата за да влезе во составот на екипата за Тур де Франс.[77] На националното друмско првенство на 1 јули, Дегенколб завршил втор зад Паскал Акерман.[78]

На Тур де Франс, Дегенколб имал силни воведни етапи, завршувајќи трет на осмата етапа.[79] Следниот ден, на деветтата етапа имало делови со калдрма до Рубе, местото каде победил на Париз-Рубе 2015. На 17 километри до целта, го следел нападот на Ив Ламперт и на Грег ван Авермат. Тројката останала напред до крајот на етапата и Дегенколб го претекнал носителот на жолтата маичка, Ван Авермат, за прва победа во кариерата на Тур де Франс. Тоа било и прв успех во Светската турнеја по неговиот пад во пролетта 2016 година. Видно емотивно Дегенколб ја посветил победата на семеен пријател, кој го опишал како негов „втор татко“ и кој починал минатата зима.[80][81]

Подоцна во сезоната, Дегенколб го обезбедил второто место на Фландриското првенство[82] и на Минстерланд Џиро.[83] На 20 октомври го освоил критериумот Јапонски куп, победувајќи го Камерон Скот во спринтерска завршница.[84]

Дегенколб ја освоил својата прва победа за 2019 година на 17 февруари, освојувајќи ја четвртата етапа на Тур де ла Прованс.[85] Завршил втор на Гент-Вевелгем на 31 март, зад Александер Кристоф.[86] Дегенколб бил изоставен од составот на екипата на Тур де Франс,[87] но имал добри резултати на Трката околу Полска со што бил вклучен во составот на екипата за Вуелта а Еспања.[88]

Лото-Судал (2020–2021)

[уреди | уреди извор]

На 22 август 2019 година, Лото-Судал објавиле дека потпишале двегодишен договор со Дегенколб, почнувајќи од 2020 година.[89] Дегенколб бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2020; завршил надвор од временската граница на воведната етапа - не успевајќи да стигне до Париз за првпат – откако имал тежок пад на влажен спуст.[90][91] На 17 септември 2020 година ја освоил третата етапа на Трката околу Луксембург.[92]

Тим ДСМ (2022-денес)

[уреди | уреди извор]

Во август 2021 година, Дегенколб потпишал тригодишен договор со Тим ДСМ, од сезоната 2022 година.[2]

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Плоча на делница со калдрма на Париз-Рубе именувана по Дегенколб

Дегенколб е оженет и има две деца со неговата сопруга Лаура.[93] Семејството живее во Оберурзел, мал град близу Франкфурт на Мајна.[94] Дегенколб има завршено тренинг за полицаец.[95]

Во октомври 2018 година, станал прв официјален амбасадор за волонтерската група „Les Amis de Paris-Roubaix“, која се грижи текот и природата на класикот Париз-Рубе, која Дегенколб ја освоил во 2015 година.[96] На почетокот на 2019 година, Дегенколб отпочнал кампања за собирање средства за спас на постоење на јуниорската трка Париз-Рубе. За помалку од 24 часа биле собрани 11.500 евра, обезбедувајќи го продолжувањето на настанот.[97] За овој напор, организаторите на Париз-Рубе одлучиле да направат нешто во негова чест следната година/ Делницата со калдрма д’Орненж а Вандињи-Амаж, најдолгата делница со калдрма на трката, го носела неговото име од 2020 година наваму и станал прв нефранцуски возач кој добил своја именувана делница.[98]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2006
1. Етапа 2b (ITT) Џиро дела Луниџана
3. Национално јуниорско хронометарско првенство
2007
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
Светски јуниорски првенства
2. Хронометар
5. Друмска трка
4. Краен пласман Трофео Карлсберг
1. Етапа 2
2008
1. Етапа 2 Трка околу Тирингија под 23 години
2. Краен пласман Тур ди О-Анжу
2. ЗЛМ Тур
3. Светско друмско првенство под 23 години
2009
Национални друмски првенства под 23 години
2. Друмска трка
2. Хронометар
3. ЗЛМ Тур
3. Трка околу Фландрија под 23 години
6. Краен пласман Триптих на планините и замоците
8. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
2010
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
1. Етапа 3
Тур де Бретања
1. Етапа 4
1. Етапа 5
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Тур Алзас
2. Светско друмско првенство под 23 години
2. Ла Кот Пикард
4. Краен пласман Триптих на планините и замоците
6. Трка околу Фландрија за млади
9. Краен пласман ФБД Инсуранс Рас
1. Етапа 6
1. Етапа 8
2011
1. Трка околу Франкфурт
Критериум ди Дофине
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Три дена Западна Фландрија
1. Етапа 2 Трка околу Баварија
2. Трофео Кала Милор
2. Минстерланд Џиро
3. Национално друмско првенство
4. Париз-Бурж
10. Трофео Магалуф-Палманова
2012
1. Краен пласман Европска турнеја на UCI
1. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Гран при д’Исберг
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 10
1. Етапа 21
1. Етапа 7 Трка околу Полска
3. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Етапа 2
3. Бинше-Турне-Бинше
3. Париз-Бурж
4. Светско друмско првенство
4. Париз-Тур
5. Милано-Санремо
6. Е3 Харелбеке
7. Ешборн-Франкфурт
2013
1. Ватенфал Класик
1. Париз-Бурж
1. Париз-Тур
1. Етапа 5 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Париз-Брисел
2. Гран при д’Исберг
3. Национално друмско првенство
4. Трка околу Франкфурт
9. Трка околу Фландрија
10. ГП Западна Франција
2014
1. Гент-Вевелгем
1. Париз-Бурж
Вуелта а Еспања
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 12
1. Етапа 17
Средоземна трка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Париз-Ница
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
2. Национално друмско првенство
2. Париз-Рубе
2. Трка околу Франкфурт
2. Минстерланд Џиро
2. Бинше-Шиме-Бинше
3. Краен пласман Етоал де Бесеж
1. Бодовен пласман
4. Гран при д’Увертир ла Марсејез
9. Светско друмско првенство
2015
1. Милано-Санремо
1. Париз-Рубе
1. Гуден Пејл
1. Етапа 21 Вуелта а Еспања
Трка околу Баварија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 5
2. Краен пласман Трка Дубаи
1. Етапа 3
2. Шпаркасен Џиро Бохум
7. Трка околу Фландрија
2016
1. Минстерланд Џиро
Арктичка трка на Норвешка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
2. Јуроајс Класик
5. ГП Западна Франција
2017
2. ГП Кантон Аргау
3. Краен пласман Трка Дубаи
1. Етапа 3
3. Национално друмско првенство
3. Трка околу Франкфурт
5. Гент-Вевелгем
7. Милано-Санремо
7. Трка околу Фландрија
10. Париз-Рубе
10. Гран при де Фурмје
2018
1. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
1. Трофео Палма
1. Етапа 9 Тур де Франс
2. Национално друмско првенство
2. Минстерланд Џиро
2. Фландриско првенство
4. Јуроајс Класик
2019
1. Етапа 4 Тур де ла Прованс
2. Гент-Вевелгем
2. Трка околу Франкфурт
2. Гран при д’Исберг
8. Трофео Палма
2020
1. Етапа 3 Трка околу Луксембург
4. Три дена Брухе-Де Пане
6. Гент-Вевелгем
9. Трка околу Фландрија
10. Краен пласман БинкБенк Тур
2021
2. Трка околу Франкфурт
3. Ронде ван Лимбург
6. Тро-Бро Леон
6. Гран при де Фурмје
7. Ле Самин
2022
4. Омлоп ван хет Хутланд

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро СО
Тур 121 123 109 148 121 111 СО 105
Вуелта 144 131 116 90 СО 124

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Монумент 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 5 18 39 1 7 84 32
Трка околу Фландрија 94 59 9 15 7 7 32 29 9 30 18
Париз-Рубе 19 63 28 2 1 10 17 28 НСО 53 18
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на неговата кариера
Џиро ди Ломбардија
Класик 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 12 11 72 43
Е3 Харелбеке 6 65 15 25 13 21 22 НСО 29 32
Гент-Вевелгем 57 65 1 СО 5 48 2 6 27 27
Ешборн-Франкфурт 1 7 4 2 СО 3 2 НСО 2
Хамбуршки класик 1 2 4 НСО
Класик Бретања 10 5 13
Париз-Тур 11 4 1 43

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

  1. 1,0 1,1 „John Degenkolb“. Tour de France 2013. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 27 декември 2013. Посетено на 11 септември 2014.
  2. 2,0 2,1 Benson, Daniel (5 August 2021). „John Degenkolb returns to Team DSM on three-year deal“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 7 January 2022.
  3. „Дегенколб горд по освојувањето на Европската турнеја“. Аргос-Шимано. Project 1t4i. 8 октомври 2012. Посетено на 22 октомври 2012.
  4. Аткинс, Бен (8 октомври 2012). „Paris-Tours heroics secure John Degenkolb the overall Europe Tour“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 октомври 2012.
  5. „Дегенколб победи на Тур де Пикарди“. Cycling News. Future Publishing. 13 мај 2012. Посетено на 13 мај 2012.
  6. Бен Аткинс (19 август 2012). „Вуелта а Еспања: Џон Дегенколб ја освоил етапата два“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 19 август 2012.
  7. „Дегенколб добил уште една етапа на Вуелта“. Cycling News. Future Publishing Limited. 22 август 2012. Посетено на 22 август 2012.
  8. „Vuelta a España: John Degenkolb motors to a hat-trick on Alcañiz race circuit“. Velo Nation. Velo Nation LLC. 24 август 2012. Посетено на 24 август 2012.
  9. Мур, Кајл (28 август 2012). „Четири победи за Дегенколб по етапата 10 во Санхенхо“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 29 август 2012.
  10. Аткинс, Бен (9 септември 2012). „Џон Дегенколб до бројот пет на последната етапа, додека Контадор победи“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 9 септември 2012.
  11. „Дегенколб спринташе до 11. победа во сезоната“. Cycling News. Future Publishing Limited. 16 септември 2012. Посетено на 27 септември. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. Бен Аткинс (25 септември 2012). „Џон Дегенколб изгледа среќен со четвртото место на Светското првенство“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 26 септември 2012.
  13. Фотерингем, Аласдер (8 мај 2013). „Degenkolb ecstatic after taking first Giro d'Italia stage win“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 мај 2013.
  14. Најџел Вин (25 август 2013). „Џон Дегенколб победи на Ватенфал Класик“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 16 октомври 2013.
  15. Бери Рајан (13 октомври 2013). „Дегенколб ја заокружи 2013 со победа на Париз-Тур“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 октомври 2013.
  16. Даниел Бенсон (29 август 2014). „Вуелта а Еспања: Дегенколб ја освои четвртата етапа во Кордоба“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 29 август 2014.
  17. Бери Рајан (27 август 2014). „Дегенколб ги отфрли поплаките на Буани на Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2014.
  18. Спенсер Паулисон (4 септември 2014). „Дегенколб ја освоил третата етапа на Вуелта на етапата 12“. Архивирано од изворникот на 2014-09-05. Посетено на 4 септември 2014.
  19. „Вуелта а Еспања: Дегенколб победи во А Коруња“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 септември 2014. Посетено на 10 септември 2014.
  20. „Дегенколб во болница во Франкфурт“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 16 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 16 септември 2014.
  21. Бери Рајан (23 март 2015). „Дегенколб победи на Милано-Санремо“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 29 март 2015.
  22. „Дегенколб победи на Париз-Рубе“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-15. Посетено на 13 април 2015.
  23. „Сер Бредли Вигинс 18. на Париз-Рубе додека Џон Дегенколб победи“. bbc.co.uk. 12 април 2015. Посетено на 13 април 2015.
  24. „Ergebnis-Archiv“. bayern-rundfahrt.com (германски). Архивирано од изворникот на 2015-10-05. Посетено на 3 октомври 2015.
  25. О’Ши, Садб (3 јули 2015). „Degenkolb to lead Giant-Alpecin at the Tour de France“. cyclingnews.com. Посетено на 12 август 2015.
  26. „Degenkolb setzt auf Kittels Tipps“ (германски). Sport 1. 21 јули 2015. Посетено на 12 август 2015.
  27. „John Degenkolb“. cyclingarchives.com. Посетено на 12 август 2015.
  28. Флечер, Патрик (8 јули 2015). „Tour de France: Tony Martin wins cobbled stage 4 in Cambrai“. cyclingnews.com. Посетено на 12 август 2015.
  29. Кларк, Стјуарт (12 август 2015). „John Degenkolb to lead Giant-Alpecin at Vuelta a España“. cyclingweekly.co.uk. Посетено на 19 септември 2015.
  30. „70th Vuelta a Espana (2.UWT)“. procyclingstats.com. Посетено на 19 септември 2015.
  31. 31,0 31,1 „Degenkolb vor WM: "Alles oder Nichts" (германски). Kicker. 14 септември 2015. Посетено на 19 септември 2015.
  32. Вестермајер, Сузан (11 септември 2015). „Vuelta a Espana: Gougeard wins in Avila“. cyclingnews.com. Посетено на 19 септември 2015.
  33. „Vuelta a Espana: Degenkolb wins final stage in Madrid“. cyclingnews.com. 16 септември 2015. Посетено на 19 септември 2015.
  34. Фотерингем, Аласдер (15 септември 2015). „World Championships countdown: John Degenkolb Q and A“. cyclingnews.com. Посетено на 3 октомври 2015.
  35. Браун, Грегор (14 септември 2015). „Degenkolb targets Richmond worlds to cap monumental season“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-06-15. Посетено на 3 октомври 2015.
  36. Худ, Ендру (25 август 2015). „No worlds for Kittel as Germans tap Greipel, Degenkolb“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-01-22. Посетено на 3 октомври 2015.
  37. Бенсон, Даниел (18 септември 2015). „World Championships Preview“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 3 октомври 2015.
  38. „The Telegraph Cycling Podcast: Degenkolb, Nibali, Kristoff … who can win at the world championships?“. The Telegraph. 24 септември 2015. Посетено на 3 октомври 2015.
  39. „Worlds Gallery: 15 favorites for men's road race“. VeloNews. 25 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-01-06. Посетено на 3 октомври 2015.
  40. „Breaking down the favorites for the road world championships“. USA Today. 11 септември 2015. Посетено на 3 октомври 2015.
  41. „Sagan storms to solo victory at the World Championships“. cyclingsnews.com. 29 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 3 октомври 2015.
  42. „Straßenrennen bei Rad-WM: Chancenloser Degenkolb“. Frankfurter Allgemeine Zeitung. 27 септември 2015. Посетено на 3 октомври 2015.
  43. О’Ши, Садб (25 октомври 2015). „Degenkolb wins Saitama Criterium“. cyclingnews.com. Посетено на 26 октомври 2015.
  44. „John Degenkolb and Warren Barguil among six Giant-Alpecin cyclists hospitalised after being hit by a car“. Irish Independent. 23 јануари 2016.
  45. „John Degenkolb - Danke für eure Unterstützung“. www.johndegenkolb.de (германски). 23 јануари 2016. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2016. Посетено на 11 февруари 2016.
  46. „John Degenkolb - Es geht voran“. www.johndegenkolb.de (германски). 3 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2016. Посетено на 11 февруари 2016.
  47. „Degenkolb gibt Comeback am 1. Mai“ (германски). kicker. 26 април 2016. Архивирано од изворникот на 26 април 2016. Посетено на 26 април 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  48. „Degenkolb 'satisfied' after first race of 2016“. cyclingnews.com. 2 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2 мај 2016. Посетено на 2 мај 2016.
  49. „Degenkolb's confidence coming back after Tour of California“. cyclingsnews.com. 26 мај 2016. Посетено на 27 јуни 2016.
  50. „Dauphiné: John Degenkolb im Sprint auf der 4. Etappe geschlagen“ (германски). Eurosport. 9 јуни 2016. Посетено на 27 јуни 2016.
  51. Брик Веде, Даниел (30 јуни 2016). „Tour de France 2016: John Degenkolb - ohne Druck zum Tour-Etappensieg?“ (германски). Eurosport. Архивирано од изворникот на 14 август 2016. Посетено на 14 август 2016.
  52. О’Ши, Садб (17 јули 2016). „Tour de France: Degenkolb building self-confidence after best result of 2016“. cyclingsnews.com. Архивирано од изворникот на 14 август 2016. Посетено на 14 август 2016.
  53. Остерман, Михаел (18 јули 2016). „John Degenkolb - Wütend zurück in der Weltspitze“ (германски). Tagesschau. Архивирано од изворникот на 14 август 2016. Посетено на 14 август 2016.
  54. „Degenkolb confirms he is leaving Giant-Alpecin“. cyclingnews.com. 9 јули 2016. Архивирано од изворникот на 16 август 2016. Посетено на 16 август 2016.
  55. „Trek-Segafredo sign John Degenkolb“. cyclingnews.com. 12 август 2016. Архивирано од изворникот на 16 август 2016. Посетено на 16 август 2016.
  56. „Moscon wins Arctic Race of Norway“. cyclingnews.com. 14 август 2016. Архивирано од изворникот на 14 август 2016. Посетено на 14 август 2016.
  57. „First European win of 2016 for Ewan“. cyclingnews.com. 21 август 2016. Архивирано од изворникот на 26 август 2016. Посетено на 26 август 2016.
  58. 58,0 58,1 Вин, Најџел (17 октомври 2016). „John Degenkolb sprays Jens Debusschere in face with water bottle in frustration“. Cycling Weekly. Посетено на 19 октомври 2016.
  59. Худ, Ендру (16 октомври 2016). „Degenkolb blows gasket after frustrating day“. Velonews. Архивирано од изворникот на 2016-11-09. Посетено на 19 октомври 2016.
  60. 60,0 60,1 „Germany rue lack of Worlds co-operation after missing winning move“. cyclingnews.com. 17 октомври 2016. Посетено на 19 октомври 2016.
  61. „Abu Dhabi Tour: Nizzolo wins stage 1“. cyclingnews.com. 20 октомври 2016. Посетено на 24 октомври 2016.
  62. „Dubai Tour: Degenkolb wins sand-battered stage 3“. cyclingnews.com. 2 февруари 2017. Посетено на 2 февруари 2017.
  63. „Dubai Tour: Marcel Kittel wins final stage as Cavendish suffers mechanical“. cyclingnews.com. 4 февруари 2017. Посетено на 15 февруари 2017.
  64. Хусеин, Ронан (8 април 2017). „Paris-Roubaix: Degenkolb takes over Cancellara's role for Trek-Segafredo“. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
  65. „Kwiatkowski gewinnt, Degenkolb wird Siebter“. Der Spiegel (германски). 18 март 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  66. „Trek-Segafredo disappointed with E3 Harelbeke showing“. cyclingnews.com. 25 март 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  67. Хусеин, Ронан (10 април 2017). „Paris-Roubaix: Degenkolb pleased with team performance“. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
  68. Хусеин, Ронан (10 април 2017). „Boonen calls it a career: 'It was time'. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
  69. „Degenkolb enjoys home race at Eschborn-Frankfurt despite costly mechanical“. cyclingnews.com. 2 мај 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  70. „Tour de Suisse: Trek-Segafredo 'too enthusiastic' in stage 3 finale“. cyclingnews.com. 13 јуни 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  71. „Degenkolb frustrated at Tour de Suisse“. cyclingnews.com. 15 јуни 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  72. Флечер, Патрик (11 јули 2017). „Degenkolb: Kittel is on another planet at the Tour de France“. cyclingnews.com. Посетено на 18 септември 2017.
  73. „Degenkolb abandons Vuelta a Espana with bronchitis“. cyclingnews.com. 23 август 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  74. „WM-Absage: Degenkolb "extrem enttäuscht". kicker (германски). 17 септември 2017. Посетено на 18 септември 2017.
  75. „Mallorca Challenge: Degenkolb wins Trofeo Palma“. cyclingnews.com. 28 јануари 2018. Посетено на 28 јануари 2018.
  76. „Degenkolb, Nizzolo ruled out of Milan-San Remo“. cyclingnews.com. 14 март 2018. Архивирано од изворникот 2018-03-15. Посетено на 15 март 2018.
  77. Бенсон, Даниел (13 јуни 2018). „Degenkolb: Making the Tour de France team all depends on how Suisse goes“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 13 јуни 2018. Посетено на 13 јуни 2018.
  78. „Pascal Ackermann ist deutscher Meister“. sportschau. 1 јули 2018. Архивирано од изворникот на 16 јули 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  79. Останек, Даниел (14 јули 2018). „Tour de France: Groenewegen doubles up in Amiens“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 16 јули 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  80. „Tour de France: Degenkolb wins much-feared stage in Roubaix“. cyclingnews.com. 15 јули 2018. Архивирано од изворникот на 16 јули 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  81. Останек, Даниел (15 јули 2018). „Tour de France: Unbreakable Degenkolb wins Zwift Rider of the Day“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 16 јули 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  82. „Groenewegen wins Kampioenschap van Vlaanderen“. cyclingnews.com. 14 септември 2018. Посетено на 31 октомври 2018.
  83. О’Ши, Садб (3 октомври 2018). „Walscheid wins Munsterland Giro“. cyclingnews.com. Посетено на 31 октомври 2018.
  84. „Degenkolb wins Japan Cup Criterium“. cyclingnews.com. 20 октомври 2018. Посетено на 31 октомври 2018.
  85. „Tour de La Provence : l'étape pour Degenkolb, victoire finale pour Izagirre“. L'Équipe (француски). 17 February 2019. Посетено на 3 September 2019.
  86. Schulz, Andreas (31 March 2019). „Degenkolb verpasst Sieg knapp: "Ergebnis tut gut" (германски). Eurosport. Посетено на 3 September 2019.
  87. „No Tour de France for Degenkolb as Trek-Segafredo focus on Richie Porte“. cyclingnews.com. 15 June 2019. Посетено на 3 September 2019.
  88. Fotheringham, Alasdair (3 August 2019). „Degenkolb finds a way forward at Tour de Pologne“. cyclingnews.com. Посетено на 3 September 2019.
  89. „Lotto Soudal add John Degenkolb on a two-year deal“. cyclingnews.com. 22 August 2019. Посетено на 3 September 2019.
  90. „Philippe Gilbert and John Degenkolb out of Tour de France“. cyclingtips.com. 30 August 2020. Посетено на 31 August 2020.
  91. „Degenkolb finisht buiten tijdslimiet en is eerste uitvaller in Tour“ [Degenkolb finishes outside the time limit and is the first dropout in Tour]. NU.nl (холандски). DPG Media. 29 August 2020. Посетено на 4 September 2020]. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  92. „Degenkolb mit Sieg in Luxemburg“ [Degenkolb with victory in Luxembourg]. Sport1 (германски). Sport-Informations-Dienst. 17 September 2020. Посетено на 18 September 2020.
  93. Лот, Доминик (17 јули 2018). „Mit Frau und Kindern auf einen Kaffee am See“ (германски). Berliner Morgenpost. Посетено на 31 октомври 2018. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  94. „About / en“. johndegenkolb.de. Посетено на 31 октомври 2018.
  95. Краус, Рајнер (2016). Die Welt hat Pedale und Freunde, die sie treten (германски). Bielefeld: Delius Klasing. стр. 129. ISBN 978-3-667-10706-0.
  96. „John Degenkolb becomes ambassador for Les Amis de Paris-Roubaix“. cyclingnews.com. 22 октомври 2018. Посетено на 31 октомври 2018.
  97. Fretz, Caley (18 February 2019). „John Degenkolb's fundraiser saves Paris-Roubaix Juniors“. cyclingtips.com. Архивирано од изворникот на 2022-12-20. Посетено на 27 January 2020.
  98. Long, Jonny (24 January 2020). „Paris-Roubaix sector to be named after John Degenkolb“. Cycling Weekly. Посетено на 27 January 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]