Јосиф II (Свето Римско Царство)
Јосиф II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал на Германија | |||||
На престол | 27 март 1764 – 20 февруари 1790 | ||||
Крунисување | 3 април 1764, Франкфурт | ||||
Претходник | Франц I | ||||
Наследник | Леополд II | ||||
Цар на Светото Римско Царство | |||||
На престол | 18 август 1765 – 20 февруари 1790 | ||||
Претходник | Франц I | ||||
Наследник | Леополд II | ||||
Надвојвода на Австрија | |||||
На престол | 18 август 1765 – 20 февруари 1790 | ||||
Претходник | Франц I | ||||
Наследник | Леополд II | ||||
совладетел | Марија Терезија | ||||
Крал на Унгарија и Крал на Хрватска и Бохемија | |||||
На престол | 29 ноември1780 – 20 февруари 1790 | ||||
Претходник | Марија Терезија | ||||
Наследник | Леополд II | ||||
Роден(а) | 13 март 1741 Шенбрун, Виена | ||||
Починал(а) | 20 февруари 1790 Виена | (возр. 48) ||||
Сопружник | Изабела Пармска Марија Јосиф Баварска | ||||
Деца | Марија Тереза | ||||
| |||||
Династија | Хабсбуршка династија | ||||
Татко | Франц I | ||||
Мајка | Марија Терезија | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Јосиф II (германски: Joseph Benedikt Anton Michael Adam, роден на 13 март 1741 во Виена — починал на 20 февруари 1790 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790).
Рани години
[уреди | уреди извор]Јосиф II е роден во Виена како прв син на Марија Терезија, со која заедно управувал со Хабсбуршката Монархија и Франц I.
Совладетел
[уреди | уреди извор]По смртта на неговиот татко Франц I, кој бил избран за цар на Светото Римско Царство, Јосиф II заедно со својата мајка управувал со австриските територии на Хабсбуршката Монархија. Времето на нивното заедничко управување било опфатено со големи реформи, кои започнале со Седумгодишната војна. Во овој период во Западна Европа започнале да излегуваат просветителските идеи на француската филозофија од XVIII век. Просветителството добило на популарност во литературата но навлегло и меѓу владините кругови во Австрија. И покрај конзервативните ставови на Марија Терезија, Јосиф II застанал на чело на ова движење кое довело до олеснување на положбата на селаните, зацврстување на државната власт на штета на феудалните елементи и довело до распушање на редот на Језуитите. И покрај искрената љубов кон својата мајка, Јосиф во практика најдобрите години од својот живот ги поминал во тивка борба со неа, но имало примери и кога конфликтите значително се заострувале.
Самостоен владетел
[уреди | уреди извор]Дури по смртта на својата мајка во 1780 година, Јосиф станал целосно слободен за даги оствари своите реформски планови. Неговата цел претставувала идејата за воведување на просветен апсолутизам. Јосиф бил исклучително активен човек. Неговите безбројни патувања не претставувале триумфални прошетки низ неговите територии туку преку нив сакал да воспостави контрола. Јосиф продолжил да ја следи старата австриска традиција на зацврстување на внатрешната и надворешната моќ на државата преку бирократска централизација, обединување на монархијата и послушност на црквата. Јозеф II овозможил гласно дискутирање на тековните прашања во печатот како и отворена критика кон активностите на монархот (Закон за печатот од 11 јуни 1781 година).
Религиозна политика
[уреди | уреди извор]На 13 октомври 1781 година Јосиф II издал едикт наречен „''Едикт за верска толеранција меѓу христијанските религии''“. Преку овој едикт, Јосиф ги затворил оние манастири и монашки ордени кои не го поддржувале народното просветителство. Црквата станала во голема мера зависна од државата и врските со Римската курија значително биле ограничени. Народното образование било ставено под контрола на државата. Католичката црква останала доминантна во Хабсбуршките територии, но следбениците на православието, лутеранството и калвинизмот добиле еднакви граѓански права. Од 1782 година било дозволено правото на избор на вероисповед.
Селска реформа
[уреди | уреди извор]Преку своите реформи, Јосиф започнал напорна борба против феудализмот. Укинувањето на привилегиите на магнатите и аристократијата и воспоставување на еднаквост за сите граѓани пред законот претставувале главна задача на Јосиф II. Неговите службеници во дворот ги признавал единствено како сталеж кој требал да му служи. Хабсбуршката Монархија најпрвин го укинала кметството во Бохемија (1 ноември 1781 година), а потоа и во другите провинции.[1]. Неговата политика предизвикала општо незадоволство меѓу аристократијата. Феудалните слоеви правеле секакви обиди да ги забават реформите[2]. Посетата на папата Пиј VI требала да предизвика омекнување на неговите ставови кон реформите, но истото не се случило.
Последни години
[уреди | уреди извор]Преку Руско-турска војна Јосиф II сметал дека ќе го подигне својот авторит. За таа цел тој помогнал на Русија во војната со сите сили, застанувајќи на чело на војската. По првичните воените неуспеси Јосиф смртноносно се разболел во време на походот и бил принуден да се врати во Виена каде починал на 20 февруари 1790 година, кога умира.
Семејство
[уреди | уреди извор]Првиот брак на Јосиф II бил склучен во 1760 година со внуката на Луј XV, Изабела Пармска (1741-1763), исклучително интелигентна и остроумна, но со мрачен карактер. Од овој брак се родило едно дете:
- Марија Тереза (1762–1770)
По смртта на Изабела Пармска, Јосиф во 1765 година се оженил за Марија Јосиф Баварска (1739-1767). Таа починала по две години од сипаница. Со ова, Јосиф не оставил свои наследници, додека негов наследник станал неговиот брат Леополд II.
Литература
[уреди | уреди извор]- Beales, Derek. Joseph II vol 1: In the shadow of Maria Theresa, 1741–1780, (1987)
- Beales, Derek. Joseph II vol 2: Against the World, 1780–1790 (2009)
- Beales, Derek. "The false Joseph II", Historical Journal, 18 (1975), 467–95 in JSTOR
- Beales, Derek. Enlightenment and Reform in Eighteenth-Century Europe. (2005), 326 pp.
- Beales, Derek. Enlightenment and Reform in Eighteenth-Century Europe (2005), 256pp excerpt and text search
- Bernard, Paul P. The Limits of Enlightenment: Joseph II and the Law (1979)
- Blanning, T. C. W. Joseph II (1994), 228 pp; a short scholarly biography
- Blanning, T. C. W. Joseph II and Enlightened Despotism (1984)
- Bright, James Franck. Joseph II (1897), 222 pp full text online
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е - Dickson, P. G. M. "Joseph II's Reshaping of the Austrian Church," The Historical Journal, Vol. 36, No. 1. (Mar., 1993), pp. 89–114. in JSTOR
- Henderson, Nicholas. "Joseph II", History Today, 1991 41 (March): pp. 21–27. ISSN 0018-2753
- Macek, Bernhard A. Die Kroenung Josephs II. in Frankfurt am Main. Logistisches Meisterwerk, zeremonielle Glanzleistung und Kulturgueter fuer die Ewigkeit (2010) ISBN 978-3-631-60849-4.
- McHugh, James T. "Last of the Enlightened Despots: a Comparison of President Mikhail Gorbachev and Emperor Joseph II." Social Science Journal, 1995 32(1): pp. 69–85. ISSN 0362-3319
- Padover, Saul K. The Revolutionary Emperor, Joseph the Second, 1741–1790 (1934), 414 pp; a standard scholarly biography online edition
- Szabo, Franz A. J. "Changing Perspectives on the 'Revolutionary Emperor': Joseph II Biographies since 1790," The Journal of Modern History March 2011 Vol. 83, No. 1, pp. 111–138 in JSTOR
- Vovk, Justin C. (2010). In Destiny's Hands: Five Tragic Rulers, Children of Maria Theresa. iUniverse: Bloomington, Ind. ISBN 978-1-4502-0081-3
- Wilson, Peter H. Absolutism in Central Europe (2000) online edition
- Szabo, Franz A. J. "Changing Perspectives on the 'Revolutionary Emperor': Joseph II Biographies since 1790," Journal of Modern History (2011) 83#1 pp. 111–138
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јосиф II (Свето Римско Царство)“ на Ризницата ? |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Joseph II“. |
- Joseph II at Find-A-Grave
- The Austrians: A Thousand-Year Odyssey Архивирано на 26 април 2016 г.
|
- Родени во 1741 година
- Луѓе од Виена
- Починати во 1790 година
- Починати во Виена
- Грофови на Фландрија
- Војводи на Брабант
- Грофови од Ено
- Војводи од Луксембург
- Војводи од Лимбург
- Војводи на Милано
- Војводи од Тишен
- Кралеви на Чешка
- Кралеви на Германија
- Кралеви на Унгарија
- Цареви на Светото Римско Царство
- Хабсбуршко-лотариншка династија
- Витези на Златното Руно