Јарем
Изглед
Јарем - дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање или влечење запрега.[1] Јаремот се користел за впрегнување и на други животни, во Македонија и биволи, а во светот и други видови животни (зебу, муле...). Парот впрегнати волови се нарекува ѕевгар[2]
Постојат два вида јареми:
- Јареми за на глава, и
- Јареми за на гуша (околувратни)
При вјармувањето кај околувратните јареми се користел жегол[3] од надворешната страна на јаремот.
Во Македонија во употреба биле јаремите за на гуша.
Македонски поговорки
[уреди | уреди извор]Наведена гла јарем тргат.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „јарем“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ѕевгар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „жегол“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Македонски пословици“. Посетено на 16 мај 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јарем“ на Ризницата ? |