Прејди на содржината

Ѕвездена ноќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѕвездена ноќ
Творец Винсент ван Гог
Година 1889
Димензии 73 см × 92 см
Место Музеј на модерна уметност, Њујорк, Њујорк

Ѕвездена ноќ (холандски: De sterrennacht) е слика на познатиот холандски постимпресионсист Винсент ван Гог. На сликата е претставен погледот од прозорецот на собата во санаториумот во кој уметникот престојувал. Сликата е насликана во дневни услови по сеќавање. Од 1941 година претставува дел од колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Оваа слика се смета за ремек-дело на Ван Гог.

Скица делото направена од Ван Гог откако сликата била нацртана.

Во средината на септември 1889 после тешката криза која уметникот ја имал (и која траела од средината на јули до крајот на август) решил да го вклучи неговото Истражување на ноќта во следните свои дела[1] кои планирал да му ги испрати на својот брат Тео во Париз. Во едно од своите писма до својот брат тој кажува дека не е задоволен од сликата.[1]

Инспирација за други уметници

[уреди | уреди извор]

Сликата Ѕвездена ноќ претставувала инспирација за повеќе уметници:

  • Францускиот композитор Анри Дитије (Henri Dutilleux) напишал оркестарска композиција под наслов „Стебла, бегство, движења“;
  • Американската поетеса Ан Секстон има напишано поема под наслов „Ѕвездената ноќ“;
  • Канадскиот композитор Џанкарло Скалија има напишано композиција за пијано под истиот наслов;
  • Песната „Винсент“ на Дон Меклин е, исто така, инспирирана од ова дело и започнува со зборовите „Starry, Starry Night...“.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Letter 607 Архивирано на 4 март 2016 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]