Прејди на содржината

Дијабетес мелитус тип 1

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дијабетес мелитус тип 1, познат и како јувенилен дијабетес е форма на дијабетес при која се инсулинот во панкреасот се создава во многу мали количества или воопшто не се создава. Пред да биде третиран се јавуваат високи нивоа на глукоза во крвта. Класични симптоми се често мокрење, зголемена жед, зголемен глад и губиток на тежина. Дополнителни симптоми се заматен вид, чувство на замор и споро зараснување на рани. Симптомите се развиваат за кратко временски период.