Прејди на содржината

Рикардо Са Пинто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:01, 1 декември 2024; направена од Citation bot (разговор | придонеси) (Променет title. Додадено url. Отстранети параметри. | Користете го овој софтвер. Пријави грешки. | Предложено од Инокентиј | Категорија:Страници со наводи без датум на посета и без URL | #UCB_Category 112/531)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Рикардо Са Пинто
Лични податоци
Полно име Рикардо Мануел Силва Са Пинто
Роден на 10 октомври 1972(1972-10-10)(52 г.)
Роден во Порто, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Сегашен клуб АПОЕЛ АПОЕЛ (тренер)
Повлекување 2007 (34 г.)
Младинска кариера
Порто Порто
Салгеирош Салгеирош
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1994 Салгеирош Салгеирош 57 (17)
1994-1997 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 77 (20)
1997-2000 Реал Сосиедад Реал Сосиедад 70 (6)
2000-2006 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 97 (14)
2006-2007 Стандард Стандард 21 (2)
Репрезентација
1992-1994 Португалија Португалија 21 10 (0)
1994-2001 Португалија Португалија 45 (10)
Раководител на екипите
2012 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
2013 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
2013-2014 ОФИ ОФИ
2014-2015 Атромитос Атромитос
2015 Белененсеш Белененсеш
2016 Ал Фатех Ал Фатех
2017 Атромитос Атромитос
2017-2018 Стандард Стандард
2018-2019 Легија Легија Варшава
2019 Брага Брага
2020 Васко да Гама Васко да Гама
2021 Газиантепспор Газиантепспор
2022 Мореиренсе Мореиренсе
2022-2023 Естеглал Естеглал
2023- АПОЕЛ АПОЕЛ
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Рикардо Мануел Силва Са Пинто (роден на 10 октомври 1972, во Порто) — португалски фудбалски тренер, и поранешен фудбалер, напаѓач. Во моментов ја води екипата на АПОЕЛ.

Најголемиот дел од својата играчка кариера го поминал играјќи за Спортинг Лисабон, со кој ги освоил сите натпреварувања во Португалија. Бил познат по неговиот борбен дух, поради кој бил наречен Лавовско срце од страна на навивачите.[1] Освен во својата татковина, тој играл и за Реал Сосиедад во Шпанија, како и за белгискиот Стандард во кој ја завршил кариерата во 2007 година.

Бил и репрезентативец на Португалија во периодот 1994-2001, претставувавјќи ја на две Европски првенства, во 1996 и 2000.

По завршувањето на играчката кариера, тој станал тренер, а првиот клуб кој го водел бил токму Спортинг во 2012 година. Потоа тој водел уште многу екипи, работејќи во 10 различни земји: Португалија, Србија, Грција, Саудиска Арабија, Белгија, Полска, Бразил, Турција, Иран и Кипар.

Биографија

[уреди | уреди извор]

На 15 јуни 1995 година, Са Пинто се оженил со Фредерика Тавареш да Роча, со која е во брак и денес.[2] Двојката има две деца, ќерките Леонор (родена 1997) и Констанса (2002).[2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Салгеирош

[уреди | уреди извор]

Роден во Порто, Са Пинто ја започнал својата кариера во истоимениот клуб на возраст од 10 години. Сепак, пет години подоцна, тој се преселил во помалиот локален клуб, Салгеирош, каде во сезоната 1992-1993 под водството на тренерот Зоран Филиповиќ го направил своето деби во португалското првенство во натпреварот против Фаренсе.[1] Својот прв погодок во кариерата го постигнал на 19 септември 1992 година, во поразот со 4-1 од Порто,[1] клубот во кој ја започнал фудбалската кариера и чиј навивач бил како дете.[3] Неколку месеци подоцна, тој постигнал погодок против уште еден од гигантите во португалскиот фудбал, Спортинг Лисабон, гол со кој го шокирал целиот Жозе Алваладе во изненадувачката победа на Салгеирош со 1-0 на 30 јануари 1993 година.[1]

Следната сезона, под водството на новиот тренер Марио Реис, Са Пинто се докажал како врвен стрелец постигнувајќи 11 голови во Примеира Дивисао 1993-1994. Сепак, посебно ќе остане запаметен оној над подоцнежниот шампион Бенфика, во победата на Салегирош со 1-0, нанесувајќи и на Бенфика само еден од трите порази таа сезона.[4] Подоцна, самиот Са Пинто признал дека во тој натпревар играл со посебна мотивација, бидејќи веќе имал потпишано договор со Спортинг Лисабон за наредната сезона и сакал да му помогне на својот иден клуб во борбата за титулата против нивните градски ривали.[4] Со добрите игри во Салгеирош, тој станал дел од португалската репрезентација под 21 година, со која стигнал до финалето на Европското првенство 1994.[1]

Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 1994-1995, Са Пинто се преселил во Спортинг Лисабон, заедно со соиграчот од Салгеирош, Луис Педроса,[1] со кој како блиски пријатели си помагаат меѓусебно брзо да се адаптираат во Лисабон.[5] Дебитирал за лавовите на 20 август 1994, постигнувајќи го вториот гол за Спортинг во победата со 2-0 над Фаренсе.[1] На 27 септември 1994, постигнал гол во победата со 2-1 над Реал Мадрид во Купот на УЕФА, во неговиот втор настап во европските натпреварувања (првиот, бил против истиот противник во првиот натпревар во Мадрид).[6] Првата сезона, ја завршил со 27 настапи и 5 гола во првенството. Покрај тоа ги одиграл сите шест натпревари во Купот на Португалија, помагајќи им на лавовите да ја освојат титулата во ова натпреварување после 13 години.

Следната сезона, по заминувањето на Луис Фиго и Красимир Балаков, Са Пинто се пробил во стартната постава како една од ѕвездите на тимот и ги освоил симпатиите на навивачите кои го нарекле Coração de Leão (Лавовско срце).[1] Тој постигнал 13 голови во текот на сезоната, запишувајќи се во листата на стрелците во секое од четирите различни натпреварувања во кои Спортинг се натпреварувале. Меѓу најважните голови кои ги постигнал биле двата за освојувањето на Суперкупот на Португалија во победата со 3-0 над Порто на Паркот на принцовите во Париз, како и голот за победа во судиското продолжение против Ољаненсе во четвртфиналето на Купот на Португалија, кој на лавовите им го отворил патот кон ново финале во натпреварувањето, втора година по ред, но таму овојпат биле поразени од Бенфика со 3-1. На крајот од сезоната ја добил наградата Стромп, за најдобар играч на Спортинг за сезоната.

Сепак, врелата крв во него и неговиот темперамент кој понекогаш во кариерата тешко го контролирал излегле на површината во 1997 година, кога Са Пинто бил учесник во еден инцидент кој ќе му ја оцрни кариерата: нападот на тогашниот селектор на репрезентацијата Артур Жорже, поради што добил суспензија од една година неиграње во сите национални и меѓународни натпреварувања.[1] Поради оваа причина, тој го напуштил Спортинг по три години поминати во клубот во летото 1997 година, селејќи се надвор и од родната Португалија за да ја започне својата прва авантура во странство, но сепак ниту таму не успеал да ја избегне казната.

Реал Сосиедад

[уреди | уреди извор]

Во јули 1997 година, Са Пинто потпишал за шпанскиот Реал Сосиедад, кој платил 400 милиони пезети обесштетување за неговиот транфер. Сепак, поради инцидентот со португалскиот селектор, неговата суспензија била потврдена и од страна на ФИФА, така што тој не можел да дебитира до почетокот на сезоната 1998-1999.[7][8]

Својот прв натпревар за неговиот нов клуб, го имал 30 август 1998 година, притоа постигнувајќи и погодок во ремито 3–3 на домашен терен со Реал Овиедо.[9] Сепак, шпанското првенство ќе се покаже како многу потешко за него, а и годината без фудбал исто така оставила трага, поради што ефикасноста на Са Пинто пред противничките голови започнала да опаѓа: во двете сезони поминати во Реал Сосиедад, тој постигнал само 6 голови во 77 одиграни натпревари.

Враќање во Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]

Во летото 2000 година, Са Пинто ја најавил својата желба за враќање во татковината. Покрај големиот интерес од Порто,[10] тој се одлучил за враќање на стадионот Жозе Алваладе, каде ги поминал најдобрите години во дотогашната кариера и каде бил миленик на навивачите на клубот.[11] Иако ќе остане во Спортинг цели шест години, вториот негов престој во клубот на индивидуален план нема да се покаже ни близу успешен како првиот, главно како резултат на повредите кој константно се појавувале и го измачувале од сезона во сезона.[12] И покрај тоа, тој сепак можел да ужива во неколку успеси и незаборавни моменти со клубот во кој како што самиот рекол "се чуствувал како дома".

Са Пинто играјќи за Спортинг Лисабон во 2002 година.

Повратничката сезона во дресот на Спортинг, Са Пинто ја започнал добро соработувајќи одлично во нападот со Алберто Акоста и Жоао Пинто. Во месец септември, тој постигнал гол во секој од првите три натпревари на лавовите во групната фаза на Лигата на шампионите, против екипи како Реал Мадрид, Бајер Леверкузен и Спартак Москва, дополнувајќи го ова со првиот гол во португалското првенство кој го пронашол на 22 септември во победата со 2-0 на гостувањето кај Жил Висенте. Сепак, на 8 декември 2000, во победата над Белененсеш со 2-1 на домашен терен, тој ја доживеал првата потешка повреда од неколкуте кои ќе го снајдат во следните години: кинење на лигаментите на десното колено,[13] повреда која го оддалечила од теренот пет месеци. Сепак, тој се опоравил навреме и се вратил во акција пред крајот на сезоната. На 28 април 2001, одиграл солиден натпревар во убедливата победа со 3-0 над градскиот ривал Бенфика. Исто така, играл во одлучувачкиот трет натпревар од Суперкупот на Португалија, победата со 1-0 над Порто на 16 мај, помагајќи за освојувањето на четвртиот суперкуп во клупската историја на зелено-белите.

Во шампионската кампања на Спортинг во португалското првенство, Са Пинто одиграл само 7 натпревари, и постигнал еден погодок на 26 октомври против Пасош де Фереира во победата со 6-0.[14] Само неколку дена подоцна, тој претрпел нова повреда на десното колено во натпреварот против шведскиот Халмштад, во Купот на УЕФА.[14] И покрај напорите да не оди на нова операција, сепак тоа било неизбежно и откако во март бил опериран во Мадрид морал предвреме да ја заврши сезоната.[14]

Во сезоната 2004-2005, тој бил дел од тимот предводен од тренерот Жозе Песеиро кој играл во финалето на Купот на УЕФА, започнувајќи го натпреварот за титулата против ЦСКА Москва загубен со 3-1.[15] Самиот тој, поразот го опишал како „најтажната ноќ од неговата кариера како играч“.[1] Во сезоната 2005-2006, неговата последна во Спортинг, тој бил назначен за капитен на тимот, по заминувањето на Бето во јануари 2006 година.[16]

Са Пинто го напуштил Спортинг во летото 2006 година, после вкупно 228 настапи и 50 голови за клубот.

Стандард

[уреди | уреди извор]

Откако му истекол договорот со Спортинг, во летото 2006, Са Пинто како слободен играч му се приклучил на белгискиот клуб Стандард, каде што играл неговиот сонародник и поранешен колега од репрезентацијата Сержо Консеисао.[17] Дебитирал во белгиското првенство на 4 август 2006, во поразот со 1-2 на домашен терен од Шарлероа, а својот прв гол за клубот го постигнал на 9 септември во победата со 3-1 на гостувањето кај Лирс.

По завршувањето на сезоната 2006-2007, во која одиграл 26 натпревари и постигнал 2 гола, Са Пинто ја завршил својата играчка кариера на возраст од 34 години.[18]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Са Пинто бил дел од португалската репрезентација под 21 година, која стигнала до финалето на Европското првенство 1994, каде загубиле од Италија со 1-0.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 7 септември 1994 година, во победата со 2-1 над Северна Ирска во Белфаст во квалификациите за Европското првенство 1996. Откако португалците се пласирале на првенството, Са Пинто бил повикан во составот од 22 играчи кои отпатувале за Англија.[19] Тој ги започнал сите четири натпревари за својата земја на патот до четвртфиналето каде биле елиминирани од Чешка, а постигнал и еден гол против Данска (1-1).[20]

Утрото на 26 март 1997 година, Са Пинто физички го нападнал селекторот на репрезентацијата Артур Жорже, откако ја слушнал веста дека нема да биде повикан за натпреварот на својата земја против Северна Ирска во Белфаст, во рамките на квалификациите за Светското првенство 1998.[1][21] Селекторот својот потег да го изостави го правдал со наводни дела на недисциплина од страна на играчот за време на пријателските натпревари против Франција и Грција.[1] Тоа го разлутило Са Пинто, кој отпатувал на Националниот стадион во Лисабон каде што репрезентацијата тренирала, и го удрил селекторот со тупаница во лицето притоа навредувајќи го пред новинарите во комплексот што резултирало сликите од инцидентот да станат вирални.[1] Поради оваа своја постапка, тој добил суспензија од португалската фудбалска федерација за една година неиграње во сите национални и меѓународни натпреварувања.[22]

По отслужувањето на казната, Са Пинто се вратил во репрезентацијата откако бил повикан од новиот селектор Умберто Коељо. Тој одиграл одлично во квалификациите за Европско првенство 2000, постигнувајќи вкупно шест гола со кои и помогнал на неговата земја да се квалификува. Постигнал два гола против Унгарија во победата со 3-1, што бил неговиот прв натпревар за репрезентацијата по суспензијата. Во продолжение, тој постигнал и хет-трик против Лихтенштајн во победата со 8-0 во Коимбра на 9 јуни 1999. По импресивните настапи во квалификациите, тој бил повикан и за завршниот турнир во Белгија и Холандија каде португалците стигнале до полуфиналето, а тој одиграл три натпревари.

Последниот настап за репрезентацијата го имал на 6 јуни 2001 година, во победата со 6–0 над Кипар во квалификациите за Светското првенство 2002.[23] Поради повреда тој не можел да настапи на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.[24]

Вкупно за португалската репрезентација одиграл 45 натпревари (25 како играч на Спортинг и 20 како играч на Реал Сосиедад) и постигнал 10 голови.

Хонологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-1994 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 1 – 2 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 - добил жолт картон во 55-тата минута 55' заменет 80'
13-11-1994 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Австрија Австрија Квал. за Евро 1996 - добил жолт картон во 50-тата минута 50' заменет 71'
26-1-1995 Торонто Канада Канада 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска - добил жолт картон во 79-тата минута 79' заменет 89'
22-2-1995 Торонто Данска Данска 0 – 1 Португалија Португалија Пријателска - влегол во игра 56'
15-8-1995 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 7 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 - влегол во игра 46' добил жолт картон во 84-тата минута 84'
11-10-1995 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 - влегол во игра 58' добил жолт картон во 69-тата минута 69'
12-12-1995 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Англија Англија Квал. за Евро 1996 -
21-2-1996 Порто Португалија Португалија 1 – 2 Германија Германија Пријателска -
27-3-1996 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Грција Грција Пријателска - заменет 46'
29-5-1996 Даблин Ирска Ирска 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска - влегол во игра 46'
9-6-1996 Шефилд Данска Данска 1 – 1 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза 1 добил жолт картон во 43-тата минута 43'
14-6-1996 Нотингем Португалија Португалија 1 – 0 Турција Турција Евро 1996 - Прва фаза - заменет 66'
19-6-1996 Нотингем Хрватска Хрватска 0 – 3 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза - заменет 46'
23-6-1996 Бирмингем Чешка Чешка 1 – 0 Португалија Португалија Евро 1996 - Четвртфинале - добил жолт картон во 40-тата минута 40' заменет 46'
31-8-1996 Ереван Ерменија Ерменија 0 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 - добил жолт картон во 85-тата минута 85'
5-10-1996 Киев Украина Украина 2 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 - заменет 64'
9-10-1996 Тирана Албанија Албанија 0 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
9-11-1996 Порто Португалија Португалија 1 – 0 Украина Украина Квал. за СП 1998 - добил жолт картон во 71-вата минута 71' заменет 76'
22-1-1997 Брага Португалија Португалија 0 – 2 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
19-2-1997 Атина Грција Грција 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска - добил жолт картон заменет 58'
6-9-1998 Будимпешта Унгарија Унгарија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 2
10-10-1998 Порто Португалија Португалија 0 – 1 Романија Романија Квал. за Евро 2000 -
14-10-1998 Братислава Словачка Словачка 0 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Сетубал Португалија Португалија 2 – 0 Израел Израел Пријателска -
10-2-1999 Париз Холандија Холандија 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска - заменет 89'
26-3-1999 Гимараеш Португалија Португалија 7 – 0 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2000 1
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 5 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 - заменет 60'
5-6-1999 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Словачка Словачка Квал. за Евро 2000 - добил жолт картон во 89-тата минута 89'
9-6-1999 Коимбра Португалија Португалија 8 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за Евро 2000 3
18-8-1999 Лисабон Португалија Португалија 4 – 0 Андора Андора Пријателска - заменет 60'
4-9-1999 Баку Азербејџан Азербејџан 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 - заменет 46'
8-9-1999 Букурешт Романија Романија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
9-10-1999 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Унгарија Унгарија Квал. за Евро 2000 - влегол во игра 89'
23-2-2000 Шарлероа Белгија Белгија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска 1 влегол во игра 63'
29-3-2000 Леирија Португалија Португалија 2 – 1 Данска Данска Пријателска - заменет 46'
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска - влегол во игра 60'
2-6-2000 Шавеш Португалија Португалија 3 – 0 Велс Велс Пријателска 1 заменет 60'
17-6-2000 Арнхем Романија Романија 0 – 1 Португалија Португалија Евро 2000 - Прва фаза - влегол во игра 56'
20-6-2000 Ротердам Португалија Португалија 3 – 0 Германија Германија Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Амстердам Турција Турција 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2000 - Четвртфинале - влегол во игра 74'
16-8-2000 Визеу Португалија Португалија 5 – 1 Литванија Литванија Пријателска -
3-9-2000 Талин Естонија Естонија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 1
7-10-2000 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Ирска Ирска Квал. за СП 2002 - заменет 77'
11-10-2000 Ротердам Холандија Холандија 0 – 2 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 - влегол во игра 87'
6-6-2001 Лисабон Португалија Португалија 6 – 0 Кипар Кипар Квал. за СП 2002 - влегол во игра 72'
Вкупно Настапи 45 Голови 10

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

На почетокот на ноември 2009 година, Са Пинто се вратил во Спортинг, заменувајќи го поранешниот соиграч Педро Барбоса во улогата на спортски директор. На 21 јануари 2010 година, по физичката пресметка во соблекувалната со играчот на клубот Лидсон (со кој биле и соиграчи од неговите играчки денови) после победата со 4–3 против Мафра во Купот на Португалија, тој веднаш поднел оставка.[25]

Своето прво тренерско искуство, Са Пинто го имал во 2010 година, кога бил именуван за асистент на Педро Каиксиња во Леирија, пред да се врати во Спортинг и да го води младиот тим под 19 години.

Са Пинто како тренер на Спортинг во април 2012

На 13 февруари 2012 година, тој бил назначен за тренер на првиот тим на Спортинг, заменувајќи го отпуштениот Домингош Пасиенсија.[26] На 25 мај 2012 година, иако Спортинг завршил само на четвртото место во лигата и го загубил финалето на домашниот куп,[27] на Са Пинто му бил понуден нов договор, потпишувајќи на две години со „лавовите“.[28] Сепак, веќе на почетокот од следната сезона, на 4 октомври, по поразот од 3–0 во Лигата на Европа на гостувањето кај унгарскиот Видеотон – предводен од поранешниот соиграч на Са Пинто од репрезентацијата, Пауло Соуса – тој бил разрешен од функцијата.[29]

На 18 март 2013 година, Са Пинто бил претставен како нов тренер на српската екипа Црвене ѕвезда,[30] потпишувајќи договор на една година и три месеци со можност за продолжување на соработката за уште една година.[30] Во Белград, тој го наследил Александар Јанковиќ, во момент кога екипата заостанувала 11 бода зад Партизан.[31] Под неговото водство клубот "врзал" осум победи во низа и дошол на само два бода заостаток во однос на вечниот ривал.[31] Сепак, на 18 мај 2013, во вечното дерби, натпреварот кој директно одлучувал за титулата Црвена ѕвезда загубила од Партизан со 1-0 после што и шестта година по ред останала без титулата државен шампион. На 13 јуни 2013, Са Пинто поднел оставка од функцијата.[31]

Од октомври 2013 до февруари 2015 година, тој работел во Суперлигата на Грција водејќи ги екипите на ОФИ и Атромитос.[32][33]

Са Пинто се вратил во Португалија и нејзиниот главен град во јуни 2015 година, откако се согласил да седне на клупата на Белененсес, потпишувајќи двегодишен договор.[34] Меѓутоа, на 15 декември, по поразот со 4–3 на гостувањето против Академија Коимбра и неуспехот да се квалификува во групната фаза на Лига Европа, тој поднел оставка од неговата позиција.[35]

На 29 мај 2016 година, Са Пинто добил нова работа, станувајќи тренер на Ал Фатех во Саудиска Арабија.[36][37] Сепак, бидејќи неговото искуство на блискиот исток траело кратко - само пет натпревари - во февруари 2017 година, тој се вратил во Атромитос за вториот мандат во клубот водејќи ја екипата до осмото место во првенството, по што бил награден со нов договор.[38]

Сепак и покрај тоа што потшишал нов договор со Атромитос, на 11 јуни 2017 година, тој одлучил да ја напушти Грција и да ја преземе тренерската функција во Стандард, клубот во кој ја завршил својата играчка кариера.[39] И покрај тоа што првично имал слаби резултати во белгиското првенство,[40][41] тој го предводел својот тим до освојувањето на домашниот куп во неговата прва година[42][43] како и до второто место во првенството.[44] Сепак, иако постигнал солидни резултати, на 20 мај 2018 година, тој го напуштил Стандард поради несогласувања со раководството.[45]

Во август 2018 година, Са Пинто бил назначен за нов тренер на полската Легија Варшава, откако потпишал тригодишен договор со клубот од Екстракласа.[46] Тој бил отпуштен во април следната година, во момент кога тимот се наоѓал на второто место на табелата, со пет бода заостаток зад Лехија Гдањск на три кола до крајот на првенството.[47]

На 3 јули 2019 година, Са Пинто се вратил во својата родна земја за прв пат по четири години, преземајќи ја Брага согласувајќи се на двегодишен договор со клубот.[48] Сепак, ниту тука не се задржал подолго, бил отпуштен на 23 декември бидејќи клубот се наоѓал само на осмото место во лигата, и покрај тоа што претходно ја минале групната фаза во Лига Европа како победник во групата.[49]

На 13 октомври 2020 година, португалецот бил назначен за тренер на бразилскиот клуб Васко да Гама, потпишувајќи договор до крајот на сезоната во бразилската Серија А.[50] Сепак, откако остварил само три победи во 15 натпревари на клупата на Васко, клубот му бил врачил отказ на 29 декември истата година.[51] Пред неговото доаѓање Васко да Гама се наоѓал на 13-тото место на табелата, а по неговото заминување биле на 17-тото место на првенствената табела.

После помалку од месец дена, Са Пинто пронашол нов ангажман, седнувајќи на клупата на турскиот Газиантепспор на 20 јануари 2021.[52] Под неговото водство Газиантеп завршил на 9-тото место во Суперлигата на Турција. Тој заминал во мај, по завршувањето на сезоната, критикувајќи ги своите играчи, претседателот на клубот и неговиот претходник Мариуш Шумудика.[53][54]

На 7 јануари 2022 година, Са Пинто станал трет тренер на Мореиренсе за сезоната на 7 јануари 2022 година, по отпуштањата на Жоао Енрикес и Лито Видигал.[55] Тој го предводел тимот до 16-тото место на табелата по победата со 4–1 над Визела во последното коло, спасувајќи го од директно испаѓање, испраќајќи ја таму Тондела,[56] но сепак испаднале по баражот промоција/испаѓање во кој биле поразени со вкупен реултат 2–1 од Шавеш.[57] Тој го пропуштил плејофот добивајќи 15-дневна суспензија и парична казна од 2.805 евра за провокација на противничките навивачи по натпреварот со Визела, а потоа ги повикал приврзаниците на неговиот клуб да се побунат против капетанот на локалната Национална републиканска гарда;[58] силите против него покренале кривична постапка за оваа изјава.[59] Неколку дена подоцна, неговиот договор со клубот истекол и не бил обновен.[60]

Са Пинто на претставувањето за тренер на Естеглал во јуни 2022

На 21 јуни 2022 година, Са Пинто бил назначен за тренер на иранскиот клуб Естеглал, потпишувајќи двегодишен договор.[61] Тој го освоил Суперкупот на Иран на 2 ноември, совладувајќи го Насаџи Мазандаран со 1–0, благодарение на голот на Арсалан Мотахари во 51-вата минута.[62] Во продолжение од сезоната, Са Пинто го предводел Естеглал до третото место во иранското првенство, како и до финалето на Купот на Иран, каде што неговата екипа загубила со 2–1 од Персеполис во натпревар во кој тој бил исклучен.[63] Тој ја добил наградата за Тренер на годината во Иран освојувајќи 54% од гласовите.[64]

На 8 јуни 2023 година, Са Пинто бил потврден за тренер на АПОЕЛ, најуспешниот клуб во Првата дивизија на Кипар. Како негови помошници со него во Никозија пристигнале и Хосе Домингес (кој работел со него во Газиантеп) и Нуно Мораиш (кој играл во клубот повеќе од една деценија).[65]

Играчка статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 30 март 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992-1993 Португалија Салгеирош ПД 29 6 КП 1 0 - - - - - - 30 6
1993-1994 ПД 28 11 КП 2 0 - - - - - - 30 11
Вкупно Салгеирош 57 17 3 0 - - - - 60 17
1994-1995 Португалија Спортинг Лисабон ПД 27 5 КП 6 0 КУ 2 1 - - - 35 6
1995-1996 ПД 26 9 КП 6 1 КУ 4 1 СП 2 2 38 13
1996-1997 ПД 24 6 КП 2 0 КУ 3 2 - - - 29 8
1997-1998 Шпанија Реал Сосиедад ПД 0 0 КШ 0 0 - - - - - - 0 0
1998-1999 ПД 36 4 КШ 0 0 КУ 5 0 СИ 0 0 41 4
1999-2000 ПД 34 2 КШ 2 0 - - - - - - 36 2
Вкупно Реал Сосиедад 70 6 2 0 5 0 - - 77 6
2000-2001 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 19 2 КП 0 0 ЛШ 5 3 СП 1 0 25 5
2001-2002 ПЛ 7 1 КП 0 0 КУ 3 0 - - - 10 1
2002-2003 ПЛ 13 1 КП 3 0 ЛШ+КУ 0+0 0 СП 0 0 16 1
2003-2004 ПЛ 12 3 КП 1 0 КУ 0 0 - - - 13 3
2004-2005 ПЛ 19 5 КП 2 2 КУ 9 1 - - - 30 8
2005-2006 ПЛ 27 2 КП 3 2 ЛШ+КУ 2[66]+0 0+0 - - - 32 4
Вкупно Спортинг Лисабон 174 34 23 5 28 8 3 2 228 49
2006-2007 Белгија Стандард ДI 21 2 КБ 3 0 ЛШ+КУ 2[66]+0 0+0 - - - 26 2
Вкупно кариера 322 59 31 5 35 8 3 2 391 74

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Португалија Португалија
Година Настапи Голови
1994 2 0
1995 5 0
1996 11 1
1997 2 0
1998 4 2
1999 9 4
2000 11 3
2001 1 0
Вкупно 45 10

Тренерска статистика

[уреди | уреди извор]

Португалија Спортинг Лисабон
[уреди | уреди извор]
2001–2002
1994-1995, 2001-2002
1995, 2000, 2002

Идивидуални

[уреди | уреди извор]
1995-1996

Белгија Стандард
[уреди | уреди извор]
2017–2018
Иран Естеглал
[уреди | уреди извор]
2022
2023-2024

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 „Ricardo Sá Pinto: Coração de Leão“ (португалски). zerozero. 5 април 2020. Посетено на 22 март 2024. Text "Ricardo Lestre" ignored (help)
  2. 2,0 2,1 „Novo técnico do Vasco, Ricardo Sá Pinto é casado há 25 anos, superpai e amante de churrasco“ (португалски). 31 март 2024. Посетено на 31 март 2024.
  3. „Pinto da Costa: «Se Sá Pinto saísse, era nosso»“ (португалски). record. 30 јуни 1999. Посетено на 22 март 2024.
  4. 4,0 4,1 „Sá Pinto. "Só havia um sanitário no nosso balneário, ainda por cima sem tampa" (португалски). tovar f.c. 16 април 2020. Посетено на 22 март 2024.
  5. „Sá Pinto e a casa às costas: "Nunca tive uma despedida dos adeptos no Sporting. É uma mágoa que guardo" (португалски). expresso. 25 јуни 2017. Посетено на 22 март 2024.
  6. „Conheça os 10 capítulos... do único triunfo com o Real Madrid“ (португалски). Record. 20 ноември 2016. Посетено на 31 март 2024.
  7. „Sa Pinto, a la Real Sociedad“ [Sá Pinto, to Real Sociedad.]. El País (шпански). 1 July 1997. Посетено на 31 May 2022.
  8. Ormazabal, Mikel (1 August 1997). „La Real se queda sin Sá Pinto, suspendido un año“ [Real lose Sá Pinto, suspended for a year]. El País (шпански). Посетено на 31 May 2022.
  9. Parrondo, Óscar (31 August 1998). „Festival anotador entre la Real Sociedad y el Oviedo“ [Scoring festival between Real Sociedad and Oviedo]. ABC (шпански). Посетено на 27 March 2014.
  10. „Sporting e FC Porto querem contratar Ricardo Sá Pinto“ (португалски). record. 21 март 2000. Посетено на 23 март 2024.
  11. „Sá Pinto anseia regresso ao Sporting“ (португалски). record. 28 јули 2000. Посетено на 23 март 2024.
  12. „Sá Pinto's misery continues“. UEFA. 19 January 2002. Посетено на 31 May 2010.
  13. „Sá Pinto explica o momento da grave lesão“ (португалски). tvi. 20 декември 2000. Посетено на 23 март 2024.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Sporting: A ausência dos dínamos“ (португалски). record. 17 април 2002. Посетено на 23 март 2024.
  15. „History:Sporting CP-CSKA Moskva“. UEFA. Посетено на 24 март 2024.
  16. „2005/06: O início do ciclo de Paulo Bento“ (португалски). Посетено на 24 март 2024.
  17. „Sa Pinto joins Standard“. eurosport. 31 јули 2005. Посетено на 24 март 2024.
  18. „Adeus amargo de Baía e Sá Pinto“ (португалски). record. 11 јуни 2007. Посетено на 24 март 2024.
  19. Hodgson, Guy (1 June 1996). „The rising force in Europe counting on their foreign legion; CHAMPIONSHIP COUNTDOWN: No 9 Portugal“. The Independent. Посетено на 27 April 2020.
  20. „Holders Denmark draw with Portugal“. UEFA. 6 October 2003. Посетено на 31 March 2017.
  21. „Player attacks coach“. The Irish Times. 27 март 1997. Посетено на 23 март 2024.
  22. „Images of the lengthiest suspensions in football“ (англиски). Marca. 4 ноември 2019. Посетено на 23 март 2024.
  23. „Portugal-Chipre, 6–0 (Pauleta 37m e 72m, Pedro Barbosa 55m e 60m, e João Pinto 78m e 82m)“ [Portugal-Cyprus, 6–0 (Pauleta 37m and 72m, Pedro Barbosa 55m and 60m, e João Pinto 78m and 82m)]. Record (португалски). 6 June 2001. Посетено на 14 February 2018.
  24. Mateus, José J. (14 May 2002). „Operação Mundial começou ontem sem grandes surpresas“ [Operation World Cup started off with no major surprises]. Público (португалски). Посетено на 14 February 2018.
  25. „Sporting director quits after reported fracas“. USA Today. 21 January 2010. Посетено на 20 April 2011.
  26. „Sporting: Domingos out, Sa Pinto in“. PortuGOAL. 13 February 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 13 February 2012.
  27. Valente, Susana (20 May 2012). „Académica-Sporting: Marinho devolve a Taça ao primeiro vencedor“ [Académica-Sporting: Marinho returns Cup to its first winners] (португалски). Relvado. Архивирано од изворникот на 2022-11-03. Посетено на 3 November 2022.
  28. Bernabei, Simone (25 May 2012). „Ufficiale: Sporting Lisbona, rinnova il tecnico Sa Pinto“ [Official: Sporting Lisbon, coach Sa Pinto renews] (италијански). Tutto Mercato Web. Посетено на 25 May 2015.
  29. „Official – Sá Pinto relieved of his duties; Oceano appointed caretaker coach“. PortuGOAL. 4 October 2012. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 5 October 2012.
  30. 30,0 30,1 „Рикардо Са Пинто је нови тренер Црвене звезде“. crvenazvezdafk.com. 18. 3. 2013. Архивирано од изворникот на 21. 03. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)
  31. 31,0 31,1 31,2 „Са Пинто напустио Звезду!“. Радио телевизија Србије. 19. 6. 2013. Посетено на 15. 1. 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  32. „Sa Pinto resigns as Atromitos coach“. FIFA. 5 February 2015. Архивирано од изворникот на 27 February 2015. Посетено на 27 February 2015.
  33. „Sá Pinto deixa Atromitos devido a motivos pessoais“ [Sá Pinto leaves Atromitos due to personal reasons]. Record (португалски). 5 February 2015. Посетено на 14 February 2018.
  34. „Sá Pinto oficializado no Restelo“ [Sá Pinto made official at the Restelo]. Record (португалски). 9 June 2015. Посетено на 14 February 2018.
  35. Correia Azevedo, Marta (15 December 2015). „Sá Pinto deixa Restelo“. Record (португалски). Посетено на 16 December 2015.
  36. الفتح يتعاقد رسمياً مع البرتغالي ريكاردو سابينتو [Al Fateh signed a contract with Ricardo Sá Pinto] (арапски). Al-Fateh SC. 29 May 2016. Посетено на 30 May 2016.[мртва врска]
  37. „Ricardo Sá Pinto vai treinar o Al-Fateh da Arábia Saudita“ [Ricardo Sá Pinto will coach Saudi Arabia's Al-Fateh] (португалски). SAPO. 29 May 2016. Архивирано од изворникот на 24 September 2016. Посетено на 30 May 2016.
  38. „OFICIAL: Sá Pinto mais um ano no Atromitos“ [OFFICIAL: Sá Pinto another year in Atromitos] (португалски). Mais Futebol. 4 May 2017. Посетено на 14 February 2018.
  39. „Sá Pinto deixa Atromitos para treinar Standard Liége“ [Sá Pinto leaves Atromitos to coach Standard Liége]. Diário de Notícias (португалски). 11 June 2017. Посетено на 14 February 2018.
  40. „Sá Pinto sofre nova goleada com o Standard na Bélgica“ [Sá Pinto suffers new rout with Standard in Belgium] (португалски). Rádio e Televisão de Portugal. 27 August 2017. Посетено на 14 February 2018.
  41. „Bélgica: Standard Liège de Sá Pinto cede novo empate“ [Belgium: Sá Pinto's Standard Liège allow new draw]. Record (португалски). 23 December 2017. Посетено на 14 February 2018.
  42. „3–2 not enough to overcome Standard“. Club Brugge KV. 8 February 2018. Посетено на 14 February 2018.
  43. Geril, Jürgen (18 March 2018). „Circus Sa Pinto haalt de beker binnen: Standard-coach was al crazy, nu is hij nog zotter“ [Circus Sa Pinto scoops the cup: Standard coach was already crazy, now he is even more foolish]. Het Nieuwsblad (холандски). Посетено на 26 March 2018.
  44. „Bélgica: Standard Liège de Sá Pinto conquista segundo lugar“ (португалски). Mais Futebol. 20 May 2018. Посетено на 31 December 2018.
  45. „Jupiler Pro League – Ricardo Sa Pinto bevestigt vertrek bij Standard Luik“. Metro (холандски). 20 May 2018. Посетено на 3 June 2018.
  46. „Sá Pinto confirmado no Légia Varsóvia“ [Sá Pinto confirmed at Legia Warsaw]. Record (португалски). 13 August 2018. Посетено на 13 August 2018.
  47. „Legia Varsóvia confirma saída de Sá Pinto“ [Legia Warsaw confirm exit of Sá Pinto]. Observador (португалски). 2 April 2019. Посетено на 21 August 2019.
  48. „Treinador Ricardo Sá Pinto assina por dois anos com o Sporting de Braga“ [Manager Ricardo Sá Pinto signs for two years with Sporting de Braga]. Observador (португалски). 3 July 2019. Посетено на 21 August 2019.
  49. „Ricardo Sa Pinto: Rangers' Europa League opponents Braga sack manager“. BBC Sport. 23 December 2019. Посетено на 23 December 2019.
  50. „Ricardo Sá Pinto é o novo técnico do Vasco da Gama“ [Ricardo Sá Pinto is the new manager of Vasco da Gama] (португалски). CR Vasco da Gama. 13 October 2020. Архивирано од изворникот на 2020-10-18. Посетено на 14 October 2020.
  51. „Nota oficial“ [Official note] (португалски). CR Vasco da Gama. 29 December 2020. Архивирано од изворникот на 2020-12-29. Посетено на 29 December 2020.
  52. „Oficial: Ricardo Sá Pinto oficializado como novo treinador do Gaziantep“ [Официјално: Рикардо Са Пинто е потврден како нов тренер на Газиантепспор] (португалски). SAPO. 20 January 2021. Посетено на 20 January 2021.
  53. „Sumudica rahat durmuyor“ [Șumudică doesn't hold back] (турски). Olay Medya. 17 May 2021. Посетено на 11 June 2021.
  54. „Ricardo Sa Pinto: 'Türkiye'de futbolu yönetenler işi bilmiyor' [Ricardo Sá Pinto: 'Those who manage football in Turkey don't know the job'] (турски). Sporx. 18 May 2021. Посетено на 11 June 2021.
  55. „Ricardo Sá Pinto rende Lito Vidigal no comando técnico do Moreirense“ [Ricardo Sá Pinto takes over from Lito Vidigal at the helm of Moreirense] (португалски). SAPO. 7 January 2022. Посетено на 7 January 2022.
  56. Kundert, Tom (15 May 2022). „Moreirense get a dramatic lifeline, Tondela go down and Porto smash points record“. PortuGOAL. Посетено на 30 May 2022.
  57. Celso, Marcos (29 May 2022). „Desportivo Chaves regressa à I Liga, Moreirense cai na Liga 2“ [Desportivo Chaves return to I League, Moreirense fall in League 2] (португалски). Rádio e Televisão de Portugal. Посетено на 30 May 2022.
  58. "Sá Pinto, com as suas palavras de ódio, pretende incentivar à desordem pública" ["Sá Pinto, with his hate speech, intends to incite public disorder"]. O Jogo (португалски). 30 May 2022. Посетено на 30 May 2022.
  59. „GNR participa criminalmente contra Ricardo Sá Pinto pelas críticas a comandante“ [GNR launches criminal proceedings against Ricardo Sá Pinto for his criticism of the commander]. Correio da Manhã (португалски). 30 May 2022. Посетено на 30 May 2022.
  60. „Sá Pinto deixa comando técnico do Moreirense“ [Sá Pinto leaves the helm of Moreirense]. Público (португалски). 1 June 2022. Посетено на 1 June 2022.
  61. „ساپینتو سرمربى استقلال شد“ [Sá Pinto became Esteghlal's manager / Blues welcomed Portuguese man + photo] (персиски). Fars News Agency. 21 June 2022. Посетено на 21 June 2022.
  62. „Sá Pinto conquista Supertaça e dedica troféu a "mulheres e homens do Irão que estão a sofrer". Jornal de Notícias (португалски). 2 November 2022. Посетено на 3 November 2022.
  63. „Esteghlal de Sá Pinto derrotado na final da Taça“ [Sá Pinto's Esteghlal defeated in Cup final]. A Bola (португалски). 31 May 2023. Посетено на 6 June 2023.
  64. „Sá Pinto eleito treinador do ano no Irão“. Record (португалски). 1 April 2023. Посетено на 6 June 2023.
  65. „Sá Pinto vai treinar o APOEL na próxima época“ [Sá Pinto will manage APOEL next season]. Público (португалски). 8 June 2023. Посетено на 9 June 2023.
  66. 66,0 66,1 2 настапи во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]