Прејди на содржината

Супстанција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:44, 3 октомври 2024; направена од Виолетова (разговор | придонеси) (Отповикано уредување на 185.100.244.205 (разговор), враќајќи на последната преработка на ГП)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Пареата и течната вода се две различни агрегатни состојби на иста хемиска супстанција, водата.

Супстанција или супстанца — облик на материјата од којашто се изградени најголем број од телата на Земјата и вселената. Во природата, супстанциите може да се сретнат во три агрегатни состојби: цврста (цврсти супстанци), течна (течни супстанци) и гасовита (гасовити супстанции).

Видови супстанци

[уреди | уреди извор]

Од аспект на хемискиот состав, супстанците во природата може да се сретнат како чисти супстанци и смеси.

Чисти супстанци

[уреди | уреди извор]

Чистите супстанции се такви супстанции кои имаат дефиниран и постојан состав и, при определени услови-определени својства. Кај нив со никакви постапки не може да се докаже присуство на други супастанции. Тие имаат еднороден состав, односно се изградени од еден вид единки. Супстанцијата ја има насекаде околу нас.

Од своја страна, чистата супстанција може да биде елементарна (проста) и во вид на хемиско соединение.

Смесите се физички мешавини од чисти супстанци. Пооделните состојки на смесата се викаат фази. За разлика од чистите супстанци, смесите имаат променлив состав и својства. Својствата на смесата зависат од својствата и количествата на компонентите во смесата. При образување на смеса, пооделните состојки не го менуваат својот идентитет.

Смесите можат да бидат хомогени и хетерогени.

Хомогени се смеси со еднороден состав во сите свои делови. Меѓу компонентите од хомогената смеса не се забележува видлива граница меѓу одделните фази. Примери за вакви смеси се воздухот, како и најголемиот број гасови, раствори и различни легури.
Хетерогени се смеси со нееднаков состав во сите свои делови. Кај нив постои јасно видлива граница меѓу пооделните фази, кои, сами за себе се хомогени. Примери се: масло и вода, песок и вода, карпи со различни минерали, чадот итн.

Именување на простите супстанци

[уреди | уреди извор]

Ако простата супстанца е изградена од единки чиј точен состав не е познат или ако нивниот состав не претставува особен интерес, тогаш називот на простата супстанца е идентичен со називот на елементот. Со називот на елементот се именуваат и цврстиет супстанци во чија градба не учествуваат одделни молекули (на пример, такви се металите). Ако, пак, е познат составот на единките кои ја сочинуваат супстанцата, или е важно тие да се истакнат, тогаш пред називот на елементот се додава префикс (моно-, ди-, три-, тетра-, пента-, хекса-, хепта-, окта-, нона-, дека-, ундека-, додека- итн.) кој го покажува бројот на атомите во дадениот елемент. Така, за да се означи простата супстанца кислород, составена од двоатомски молекули се употребува називот дикислород, кислородот изграден од одделни атоми кислород се означува со називот монокислород, а озонот, кој е образуван од триатомски кислород, се означува како трикислород, итн. Ако постојат алотропски модификации, или се употребуваат тривијални називи (на пример, дијамант) или кај цврстите супстанци на некаков начин се укажува на структурата на кристалите (на пример, моноклиничен сулфур).[1]

Својства и промени на супстанците

[уреди | уреди извор]

Секоја супстанција поседува определени својства според кои се разликува од останатите. Својствата на супстанциите може да се поделат на физички и хемиски.

Физички се оние својства кои можеме да ги забележиме со нашите сетила или да ги регистрираме или измериме со инструменти. Карактеристични физички својства се:

Физичките својства не зависат од големината на примерокот. На пример, готварската сол може да биде во облик на фин прав или во вид на крупни кристали од камена сол, а сепак секој примерок има иста густина од 2,163 g/cm3, температура на топење Тt = 803 °C итн. Физички промени се такви промени на една супстанција при кои не доаѓа до промена на нејзиниот состав, туку се менуваат физичките својства или нивните вредности.

Хемиски се оние својства кои ја карактеризираат способноста на една супстанција да претрпи определен вид хемиска промена. Хемиските промени (хемиска реакција или хемиски процес) се таков вид на промени при кои доаѓа до промена на составот на супстанцијата, при заемодејство со други супстанци или под надворешни влијанија. При тоа, таа го губи својот идентитет и се претвора во сосема друга супстанција. Сè на сè постојат околу 100 атоми,но затоа има милион различни соединија.Повеќето соединија прават одредени комбинации на меѓусебно поврзани атоми наречени молекули.

  1. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. XII-XIII.