Прејди на содржината

Административна поделба на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:07, 9 април 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Вилаети 1915: Правописна исправка, replaced: Ускудар → Усчудар)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Карта на Отоманското Царство во 1900 г.

Административната поделба на Отоманското Царство претставува територијална поделба заснована на воената администрација но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.

Постоеле два вида на територијална организација. Првиот вид се однесува на првобитната организација кој се развивала паралелно со развојот на Отоманското Царство, а другиот вид се појавил после големите административни реформи во 1864 година.

Првобитна организација

[уреди | уреди извор]

Првобитната организација има свои корени уште во времето на настанувањето на Отоманското Царство, како вазална држава на Селџуците (Uç Beyliği) во централана Анадолија.

Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.

Отоманското Царство на почетокот било поделено на суверени санџаци и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале санџак-бегови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или барјак таканаречен санџак. Како што се ширело царството низ Европа, се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на Мурат I (владеел од 1359-1389), беглер-беговите биле одредувани да управуваат со Румелија, т.е. со европскиот дел на царството.

После формирањето на беглер-беглуците, санџаците станувале второстепени административни единци. Беглер-беговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.

Првостепени административни единици

[уреди | уреди извор]

Ејалети 1299-1609

[уреди | уреди извор]

Од средината на XIV век па до крајот на XVI век, настанал само еден беглер-беглук - Караман.

Ејалети настанати пред 1609

[уреди | уреди извор]

Ејалетите кои настанувале пред 1609 и ејалетите кои настанале после 1609 се:

  • Абхазија (1578-?)
  • Ахишка (околу 1603-?)
  • Дагистан (1578-?)
  • Туманис (околу 1584-?)
  • Ганџа (околу 1588-1604)
  • Гори (околу 1588-?)
  • Ѓаник (1594-1598)
  • Кахети (околу 1578-?), кахетскиот крал станал наследен бег
  • Лори (околу 1584-?)
  • Молдавија (само 1595)
  • Начиван (околу 1603)
  • Поти (1579-?)
  • Сана (1567-1569)
  • Шемаха (околу 1583)
  • Зигетвар (околу 1596), подоцна префрлен на Кањижа.
  • Ширван (1578-1604)
  • Тебриз (1585-1603)
  • Тифлис (1578-1586)
  • Влашка (само 1595)
  • Ереван (1583-1604)
  • Зебид (1567-1569)

Ејалети во 1609

[уреди | уреди извор]
Отоманско Царство, 1481-1683

Освојувањата на Селим I и Сулејман I во XVII век значеле потреба за нови административни единици. До крајот на втората половина од XVII век имало 42 ејалети, како што тогаш се нарекувале беглер-беглуците.

Во следната табела е прикажана административната поделба од 1609 година.

Вилает Турски назив Воспоставен Денешна локација
Абисинија Habeş околу 1554 Саудиска Арабија, Судан, Еритреја, Сомалија Му припаѓале области од двете страни на Црвеното Море. Го нарекувале и "Мека и Медина".
Адана آضنه Ażana (Adana) околу 1608 Турција
Џезаир (Егејски архипелаг) Cezayir средина на 1500-те Грција
Халеп حلب Ḥaleb (Halep) околу 1516-1521 Сирија, Турција
Џезаир Карп جزاير غرب Cezâyîr-i Ġarb (Cezayir Garp) 1519 Алжир
Анадолски Anadolu околу 1365 Турција
Багдадски بغداد Baġdâd (Bağdat) 1535 Ирак
Басра بصره Baṣra (Basra) околу 1552. Ирак, Кувајт
Босански Bosna околу 1520-те Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора
Будински Budin 1541 Унгарија, Хрватска, Србија
Кипарски قبرص Ḳıbrıṣ (Kıbrıs) 1571 Кипар, Турција од околу 1660-1703 и 1784 па натаму, дел од вилаетот на Егејскиот архипелаг (Џезаир)
Дијарбекир دياربكر Diyârbekir (Diyarbakır) 1515 Турција, Ирак
Егир اكر Egir (Eğri) 1596 Унгарија
Египет (Мисир) مصر Mıṣır (Mısır) 1517 Египет, Израел, Јордан, Саудиска Арабија
Ерзурум Erzurum околу 1514-1534 Турција
Ал-Хаса Lahsa околу 1579 Саудиска Арабија
Кефе Kefe околу 1581 Украина, Русија
Кањишки Kanije 1600 Унгарија, Хрватска
Карамански Karaman околу 1470 Турција
Карс Kars 1579 Турција, Грузија
Мараш Maraş, Dulkadır околу 1522 Турција
Мусул Musul касни 1500-те Ирак
Рака Rakka касни 1500-те Сирија, Турција, Ирак
Румелиски Rumeli околу 1365 Бугарија, Грција, Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Турција Со Анадолскиот, еден од двата првобитни ејалети.
Самше Çıldır околу 1579 Грузија, Турција
Шеризор Şehrizor средина на 1500-те Ирак, Иран
Силистриски Silistre околу 1599 Бугарија, Романија, Молдавија, Украина
Шивас Sivas ране 1500-те Турција
Сириски Şam 1516-17 Сирија, Либан, Израел, Палестина, Јордан, деол од Турција и дел од Ирак
Темишварски Tımışvar 1552 Романија, Србија, Унгарија
Трабзон Trabzon касни 1500-те Турција, Грузија исто така познат како Требизондски вилает
Триполи (Источен Триполи) Trablus-ı Şam (Trablusşam) околу 1570 Либан, Сирија
Триполитанија (Западен Триполи) Trablus-ı Garb (Trablusgarp) 1551 Либија
Туниски Tunus 1574 Тунис
Вански Van 1548 Турција
Јеменски Yemen 1517-18, 1539 Јемен, Саудиска Арабија

Ејалети кои настанале 1609-1683

[уреди | уреди извор]
  • Крит (1669/70– )
  • Мора (1620–1687) и (1715–1829)
  • Подолија (само 1674–1699)
  • Сидон (1660– )
  • Ујвар (1663–1685)
  • Варад (1661–1692)

Ејалети кои настанале 1683-1864

[уреди | уреди извор]

Второстепени административни единици

[уреди | уреди извор]

Вилаетите биле поделени на санџаци со кои управувале санџак-бегови. Некои, како Муташарифатскиот санџак (Ерусалимски), не биле дел од ниту еден вилает. Санџак-беговите служели и како воени командири со своја коњица од својот санџак. Некои вилаети (како Египтскиот, Багдадскиот, Абисинискиот и Ал-Хасанскиот) не биле поделени на санџаци.

Административна реформа од 1864 година

[уреди | уреди извор]

Како што слабеело Отоманското Царство, административната структура била разнишана. Со Отоманскиот закон од 1864 направена е реформа на административната поделба на царството во која ејалетите станале мали вилаети со кои управувале валии. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле Србија, Романија и Црна Гора, кои останале надвор од овој административен систем.

Вилаети од 1877

[уреди | уреди извор]

Западни:

  • Босна (Bosna)
  • Подунавски (Дунав) (Tuna), прв вилает формиран во 1864
  • Једирне (Edirne), исто така нарекуван и Адријанополски
  • Истанбул (İstanbul), исто така нарекуван и Цариградски
  • Јанина (Yanya)
  • Чаталџа (Çatalca) автономен санџак, не е вилает (Çatalca Sancağı)
  • Кипар (Kıbrıs) остров со посебен статус (Kıbrıs Adası)
  • Косово (Kosova)
  • Крит (Girit)
  • Манастир (Manastır), исто така нарекуван и Битолски 1873/74 (бил укинат 1878, а повторно бил обновен во 1879)
  • Мека (Mekke) автономен шарифат, не е вилает (Mekke Şerifliği)
  • Мосул (Musul) од 1879.
  • Планина Либан (Cebel-i Lübnan [Cebeli Lübnan]) муташарифат на Бејрут, не е вилает (Cebel-i Lübnan Mutasarrıflığı)
  • Салоника (Selanik), исто така нарекуван и Солунски 1867
  • Сервија санџак (Serfije, Servia), не е дел од вилает
  • Сирија (Şam), исто така нарекуван и Дамаски
  • Сисам (Sisam) остров со посебен статус (Sisam Beyliği)
  • Скадар (İşkodra)
  • Софија (Sofya)
  • Триполитанија (Trablusu-Garb [Trablusgarp])
  • Тунис (Tunus) автономен елает, со него владееле наследни бегови (Tunus Eyaleti)
  • Херцеговина (Hersek)

Анадолија:

  • Адана (Adana)
  • Ајдин (Aydın)
  • Анкара (Ankara)
  • Бига (Biga) автономен санџак, не е вилает (Biga Sancağı)
  • Битлис (Bitlis)
  • Ван (Van)
  • Џарбекир (Diyarbekır [Diyarbakır])
  • Егејски архипелаг (Cezayir-i Bahr-i Sefid [Akdeniz Adaları])
  • Ерзурум (Erzurum)
  • Халеп (Haleb [Halep])

Источни:

  • Багдад (Bağdad [Bağdat])
  • Басра (Basra)
  • Бејрут (Beyrut)
  • Бенгази (Bingazi), автономен санџак, не е вилает (Bingazi Sancağı)
  • Дар изор (Deyr-i Zor)
  • Египет (Mısır), автономен кадиват, не е вилает (Mısır Hidivliği)
  • Измит (İzmid [İzmit]), автономен санџак, не е вилает (İzmid Sancağı)
  • Јерусалим (Kudüs-i Şerif) муташарифат, не е дел од ниеден вилает (Kudüs-i Şerif Mutasarrıflığı)
  • Карпут (Mamuret-ül Aziz [Mamuretülaziz])
  • Кастамону (Kastamonu)
  • Конија (Konya)
  • Хиџаз (Hicaz)
  • Худавендигар (Hüdavendigar), исто така нарекуван и Бурсански
  • Шивас (Sivas)

Вилаети 1915

[уреди | уреди извор]

После Танзимат реформите од 1885, малоазиската област со кое управувало Отоманското Царство е поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Цариградскиот вилает (и двата од азиската страна на Босфор). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.

Западни:

Анадолија:

Источни:

Вилаети 1918

[уреди | уреди извор]

Западни:

  • Истанбул

Анадолија:

Источни:

Користена литература

[уреди | уреди извор]

  • Colin Imber. The Ottoman Empire, 1300-1650: The structure of Power. (Houndmills, Basingstoke, Hampshire, UK: Palgrave Macmillan, 2002.)
  • Halil Inalcik. The Ottoman Empire: The Classical Age 1300-1600. Trans. Norman Itzkowitz and Colin Imber. (London: Weidenfeld & Nicolson, 1973.)
  • Donald Edgar Pitcher. An Historical Geography of the Ottoman Empire (Leiden, Netherlands: E.J.Brill,1972.)