Прејди на содржината

Зимски олимписки игри 1924

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:37, 2 септември 2023; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Краток преглед: Правописна исправка, replaced: окејар → океар (2))
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
I Зимски олимписки игри - Шамони 1924
I Зимски олимписки игри - Шамони 1924
Град домаќин Шамони, Франција
Број на држави 16
Број на спортисти 258
Број на спортови 6
Број на натпревари 16
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 5 февруари 1924
Стадион

I Зимски олимписки игри, познати и како Меѓународна недела на зимските спортови (француски: Semaine des Sports d'Hiver) се одржале од 25 јануари до 5 февруари 1924 година во Шамони, Франција, во рамките на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Париз. Спортските натпревари се одржувале во близина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри.

Иако уметничкото лизгање било спорт, кој бил дел од Летните олимписки игри во Лондон и Антверпен и хокејот на мраз на игрите во Антверпен. Останатите зимски спортови се ограничени од годишното време, па отсекогаш се одржувале само на Зимските олимписки игри. На состанок на МОК во Лозана во 1921 година, било одлучено во 1924 во Шамони да се организира „меѓународна недела на зимските спортови“.

Краток преглед

[уреди | уреди извор]
  • Првиот златен медал на Зимските олимписки игри го освоил Чарлс Џотроу од САД во дисциплината 500 m брзо лизгање.
  • Соња Хени, со само 11 години се натпреварувала во уметничко лизгање во женска конкуренција. Иако завршила последна, таа го привлекла вниманието на публиката. На следните три Зимски олимписки игри освоила 3 златни медали.
  • Швеѓанецот Гилис Графстром освоил злато во уметничко лизгање во машка конкуренција, со што станал единствениот спортист во поединечна конкуренција досега, кој злато освоено на Летните олимписки игри, успеал да го одбрани на Зимските олимписки игри.
  • Хокеарската репрезентација на Канада го освоила златниот медал со 6 победи во исто толку натпревари и гол-разлика 110-3. Со оваа победа, слично како и Гилис Графстром, канадската хокеарска репрезентација успеала златото освоено на Летните олимписки игри, да го одбрани на Зимски.

Церемонија на затворање

[уреди | уреди извор]

На церемонијатана свечено затворање на игрите, била доделена награда за спорт, кој не бил дел од игрите. Имено, Пјер де Кубертен му доделил награда за алпинизам на Шарл Гранвил Брус, кој предводел експедиција, која не успеала да се искачи на Монт Еверест во 1922 година.

Во 1925 година била донесена одлука од страна на МОК, секои 4 години и во иста година со Летните, да се одржуваат и Зимски олимписки игри. Оваа традиција траела до 1992 година.

Во 1974 година бил доделен последниот медал од игрите во Шамони во 1924 година. Андерс Хауген, кој дотогаш се водел како четвртопласиран во скијачки скокови, бил одликуван со бронзен медал. По 50 години, било утврдено дека е направена грешка во резултатот на Торлиф Хауг, кој погрешно го освоил бронзениот медал, па со промената се променил пласманот на овие двајца натпреварувачи.

Во 2006, МОК дополнително ги додели освоените медали во карлинг од игрите во 1924. Од страна на МОК беше одлучено дека спортот, официјално бил дел од програмата на игрите, откако во весникот Glasgow Herald истото било објавено во корист на семејствата на натпреварувалчите во карлинг.[1]

Спортови

[уреди | уреди извор]

Меали биле доделени во 16 дисциплини во 7 спортови. Според многу извори, спортовите карлинг и воена патрола биле демонстративи. Сепак, во 1924 немало такво именување на спортовите. Во 2006, МОК донесе правилник, според кој спортот карлинг е дел од редовната програма и медалите осовоени во овој спорт се додаваат на емдалите освоени во другите спортови.

Распоред на натпревари

[уреди | уреди извор]

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ●  Церемония открытия  ●  Квалификация соревнований  ●  Финалы соревнований ●  Церемония закрытия
24 25 26 27 28 29 30 31 1 2 3 4 5 Вкупно
Церемонии
Боб 1 1
Карлинг 1 1
Брзо лизгање 2 2 4
Нордиска комбинација 1 1
Скијачко трчање 1 1 2
Скијачки скокови 1 1
Воена патрола 1 1
Уметничко лизгање 1 1 1 3
Хокеј на мраз 1 1
Вкупно 2 2 2 3 1 1 2 2 15

Земји-учеснички

[уреди | уреди извор]

На игрите учествувале спортисти од 16 земји.

Еден натпреварувач од Естонија бил пријавен за настап во брзо лизгање, но не се натпреварувал.

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Норвешка 4 7 6 17
2  Финска 4 4 3 11
3  Австрија 2 1 0 3
4  Швајцарија 2 0 1 3
5  САД 1 2 1 4
6 Обединето Кралство Обединето Кралство 1 1 2 4
7  Шведска 1 1 0 2
8 Канада 1 0 0 1
9  Франција 0 0 3 3
10  Белгија 0 0 1 1

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Thompson, Anna (9 февруари 2006). „GB curlers awarded belated gold“. news.bbc.co.uk. BBC Sport. Посетено на 23 јануари 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]