Турски јазик — јазик што го зборуваат околу 63 милиони луѓе во светот и доста зборуван јазик во туркиските држави. Најмногу е зборуван во родните Турција и Кипар но и во останатите балкански држави. Исто така турскиот јазик е зборуван од неколку милиони Турци низ европските држави, особено во Германија.
Првите записи на турскиот јазик датираат од централна Азија од пред 1.200 години. Претходник на турскиот јазик бил отоманскиот турски јазик и бил пишуван со отоманска азбука (арапска азбука). Со реформите на Кемал Ататурк, денес турскиот јазик се пишува со латиница. Турската јазична асоцијација денес се стреми да ги отстрани странските зборови од турскиот јазик и да ги воведе старите турски зборови.
Реченичкиот состав на турскиот е субјект-објект-глагол и нема род на именки.
Bütün insanlar hür, haysiyet ve haklar bakımından eşit doğarlar. Akıl ve vicdana sahiptirler ve birbirlerine karşı kardeşlik zihniyeti ile hareket etmelidirler.
Македонски
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.