Ламприни Цакалу
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
7 август 1993[1] Арта, Грција | ||
Националност | Грција | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.70 м (5 ст 7 ин) | ||
Позиција | среден бек, десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Подравка Копривница | ||
Број | 22 | ||
Сениорски клубови | |||
2008-2010 2010-2017 2017-2019 2019- |
Анагениси Артас ОФ Неа Јонија Крим Подравка Копривница | ||
Репрезентација | |||
Грција | |||
Ламприни Цакалу (родена на 7 август 1993) е грчка ракометарка, среден или десен бек на Подравка Копривница и на грчката репрезентација.
Кариера
[уреди | уреди извор]Цакалу е родена во Арта, град во којшто се наоѓа еден од најуспешните женски ракометни клубови во земјата, Анагениси Артас. Таа започнала да игра ракомет како дете во своето училиште, кога тогашниот тренер на Анагениси Артас, Фотуидиу ја приметила и ја повикала да му се приклучи на клубот.[2] Во 2010 година, Ламприни ја напуштила својата родна Арта и се преселила во ОФ Неа Јонија. Со овој клуб таа освоила 4 титули во грчкото првенство и две во Купот на Грција.
Во 2017 година, Цакалу потпишала словенечкиот Крим. Со Крим дебитирала во најсилното европско ракометно женско натпреварување, Лигата на шампионите, во натпреварот против ЧСМ Букурешт од групната фаза. Во првата сезона во Крим ги освоила словенечко првенство и Купот на Словенија, а истите натпреварувања ги освоила и следната сезона откако клубот од Љубљана успеал да ги одбрани титулите.
Во летото 2019 година, Цакалу потпишала за хрватскиот клуб Подравка Копривница.
Титули
[уреди | уреди извор]Неа Јонија
[уреди | уреди извор]- Грчко првенство (4) : 2014, 2015, 2016, 2017
- Куп на Грција (2) : 2015, 2017
Крим
[уреди | уреди извор]- Словенечко првенство (2) : 2018, 2019
- Куп на Словенија (2) : 2018, 2019
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lamprini Tsakalou Profile“. European Handball Federation. Посетено на 22 October 2017.
- ↑ „Λαμπρίνα Τσάκαλου: «Αποφεύγω την ήττα όπως... ο διάολος το λιβάνι»“. greekhandball. 27 октомври 2015. Посетено на 9 октомври 2018.