Прејди на содржината

Гатанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 15:25, 23 јануари 2018; направена од Raso mk (разговор | придонеси) (додадена Категорија:Фолклор користејќи го HotCat)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Гатанка — краток жанр на усното народно творештво. Тоа е двочлен израз составен од прашање и одговор. Денес служи за забава, но во минатото, покрај забавна, имала и педагошка функција, а во уште подалечното минато имала и обреден и иницијациски карактер.[1]

Дека имала обреден карактер потврдува фактот што се кажувала во одредено време и при одредени дејности, а дека имала и иницијациски карактер потврдува фактот што момчето и девојката, дури откако ќе одгатнеле одреден број гатанки, се сметале за зрели личности што можат да оформат дом и семејство. Може да се однесува за предмети и појави од непосредната човекова околина, деловите на човечкото тело, алатите за работа и сл.: Кусо дебело на сите газ видело (праг); Чичо стиска, стрина писка, далеку се чуе (гајди); Сè во куќа изгоре, а куќата остана (луле); Гола е, а цел свет го облекува (игла). Покрај нејзината универзална димензија, подложна е на влијанија и модификација од страна на локалната средина. Може да се појави и во форма на гатанка-пословица: Коски нема, коски крши (јазик).[2]


  1. Драгица Божинова, Господ — Бог во паремиите на некои балкански народи, „Македонски фолклор“, XXIV/48, Скопје, 1991, 31-39;
  2. Боне Величковски, Кратките жанрови и детскиот фолклор во Куманово и Кумановско, Фолклорот и етнологијата во Куманово и Кумановско, Скопје - Куманово, 2000, 255-289.