Исмаили: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: {{Инфокутија Место во Грција|name=Исмаили|name_local=Δασοτόπι|image_map={{ПолКарта | Егејска Македонија Долна Џумаја | ширина = | опис = <center>Местоположба на Исмаили во општината Долна Џумаја и областа Централна Македонија (Грциј... |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 20:03, 21 март 2024
Исмаили Δασοτόπι | |
---|---|
Координати: 41°7′N 23°12′E / 41.117° СГШ; 23.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Орљак |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Исмаили (грчки: Δασοτόπι, Дасотопи) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Долна Џумаја во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало западно од Коприва и на 2 км североисточно од Хамзали.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Исмаили било турско село во Серската каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Исмаили имало 95 жители Турци.[2]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 141 жител. Селото настрадало за време на Првата светска војна, поради што во пописот од 1920 г. година се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година, кога биле сместени 26 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Во 1926 година, името на селото било променето во Дасотопи (Δασοτόπι). Бидејќи немало поволни услови за живот, селото било напуштено и не се спомнува во подоцнежните пописи.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 255.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
|