Прејди на содржината

Сланско: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°29′17″N 21°13′39″E / 41.48806° СГШ; 21.22750° ИГД / 41.48806; 21.22750
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 72: Ред 72:


Според податоците на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) од [[1900]] година, во селото Сланско имало 560 жители, сите [[Македонци]].<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_36.htm Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.]</ref> По податоците на секретарот на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], [[Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во [[1905]] година во Сланско имало 600 жители.<ref>D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.</ref>
Според податоците на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) од [[1900]] година, во селото Сланско имало 560 жители, сите [[Македонци]].<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_36.htm Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.]</ref> По податоците на секретарот на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], [[Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во [[1905]] година во Сланско имало 600 жители.<ref>D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.</ref>

На Етнографската карта на [[Битолски Вилает|Битолскиот Вилает]] од 1901 г. ''Сванско'' се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.<ref>{{Битолски Вилает|22}}</ref>


Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] од 1931 година, селото имало 450 [[Македонци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_39_39-41_BITOLJ_(MONASTIR)_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}</ref>
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] од 1931 година, селото имало 450 [[Македонци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_39_39-41_BITOLJ_(MONASTIR)_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}</ref>

Преработка од 18:38, 14 февруари 2024

Сланско

Поглед на селото Сланско

Сланско во рамките на Македонија
Сланско
Местоположба на Сланско во Македонија
Сланско на карта

Карта

Координати 41°29′17″N 21°13′39″E / 41.48806° СГШ; 21.22750° ИГД / 41.48806; 21.22750
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 96 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03041
Надм. вис. 750 м
Слава Илинден
Свети Никола
Сланско на општинската карта

Атарот на Сланско во рамките на општината
Сланско на Ризницата

Сланско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Потекло на името

Се верува дека името на селото потекнува по извор на солена вода во близина на селото.

Географија и местоположба

Маалото Рајовци

Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 4,5 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.243 хектари, на пасиштата отпаѓаат 212 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[2]

Низ селото тече Сланштица, мала планинска река со притоки од длабоки долови.

Сланско има три нееднакви маала, Горно Маало, Мурговци и Рајовци. Двете маала (Горно Маало и Мурговци) ги поврзува главниот селски пат, додека третото маало (Рајовци) е од другата страна на реката.

Селото е поврзано со асфалтен пат од градот Македонски Брод, кој подоцна продолжува до селото Дреново.

Соседни села на селото Сланско се: Дреново од југ, Латово, Пласница и Преглово од запад, Суводол од север, Дебреште и Кошино од исток и југоисток. Селото исто така граничи и со градот Македонски Брод од север.

Историја

Групен фотопортрет на Ѓурчин Наумов (лево), Питу Гули (во средината) и Јордан Пиперката (десно).

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 40 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Сланско било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948599—    
1953612+2.2%
1961579−5.4%
1971406−29.9%
1981303−25.4%
ГодинаНас.±%
1991245−19.1%
1994218−11.0%
2002169−22.5%
202196−43.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сланско имало 560 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сланско имало 600 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сванско се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Селото преминало од средно во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година Сланско броело 579 жители, а во 1994 година 218 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 169 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 94 Македонци и 2 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 600 599 612 579 406 303 245 218 169 96
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Сланско е македонско православно село. Селото е многу старо, доказ за тоа се и староседелските родови во селото. Населението верува дека потекнува од тројца, а секој брат основал посебно маало во селото.[14]

Родови во селото се:

  • Во Горно Маало се родовите: Докузовци, Божиновци, Јосифовци, Којовци и Шундевци, сите заедно имаат 53 куќи;
  • Во Мурговско Маало се родовите: Ѓермановци, Најдовци, Стефановци и Тошаревци, сите заедно имаат 35 куќи;
  • Во Рајовско Маало се родовите: Котевци, Таневци, Лапевци и Рајовци, сите заедно имаат 13 куќи.

Сите родови во селото се староседелски.

Самоуправа и политика

Споменици за Илинденското востание и НОБ во селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Сланско се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0229 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 113 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[18]
Реки

Редовни настани

Личности

Илинденци

Борци во НОБ

Загинатите борци од селото за време на НОБ

Културни дејци

Иселеништво

Со текот на годините огромен број од населението на селото се има отселено.Највише иселеници има во Дреново(32 куќи) и Софија(30 куќи) други иселеници се наоѓаат во: Скопје,Кичево,Македонски Брод,Прилеп,Белград,Крушево[19] и на многу други места.Иселеници од постаро време има и во некои Битолско-Прилепски села[20]

Галерија

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 273. Посетено на 2 ноември 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.247
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 ноември 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-09-24.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2018-09-24.
  20. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2018-09-24.

Надворешни врски