Bring Me the Horizon
Бринг Ми Д Хорајзон, познат по акронимот БМТХ, се англиски рок бенд од Шефилд, Јужен Јоркшир. Формирана во 2004 година, групата сега се состои од пејачот Оливер Сајкс, гитаристот Ли Малија, басистот Мет Кин, тапанарот Мет Николс и клавијатуристот Џордан Фиш. Имаат потпишано договор со РКА Рекордс на глобално ниво и Колумбија Рекордс исклучиво во САД. Стилот на почетната работа, вклучувајќи го и нивниот деби албум Сметајте Ги Вашите Благослови, била опишана пред сè како дедкор, но подоцна почнале повеќе да го усвојуваат еклектичниот стил на металкор со подоцнежните албуми. Покрај тоа, нивниот последен албум Тоа е Духот обележал промена во нивниот звук на помалку агресивен рок.[1]
Бендот го издадоа нивниот деби албум Сметајте Ги Вашите Благослови во 2006 година. По објавувањето, звукот на албумот ги поларизира слушатели, и имаше добиено критичен презир. Бендот почна да се оддвојува од својот контроверзен звук со Сезона На Самоуиства (2008), песна која беше еденa креативена, критичка и комерцијална пресвртна точка за бендот. Бринг Ми Д Хорајзон го објави нивниот трет албум, Постои Пекол, Верувајте Ми Сум Го Видел. Постои Рај, Ајде да го Чуваме во Тајност., во 2010 година, кој ги прослави интернационално, додека доби влијанија од класичната, електроника и поп музика. Нивниот деби сингл, Непроменлив (2013) освоил Злато сертификација во Австралија (35,000) и Сребро во Обединетото Кралство (60,000). Тоа е Духот(2015) се искачил на второто место на UK Albums Chart и американскиот Билборд 200.[2][3] Како и овие пет студиски албуми, тие исто така имаат издадено две продолжени песни и два албуми во живо. Тие имаат добиено четири Керанг! Награди, меѓу кои две за Најдобар Британски Бенд и една за Најдобар Бенд во Живо.
Историја
уредиФормирањето, потпишување и прво ЕП (2002-2006)
уредиОсновачките членови на Бринг Ми Д Хорајзон доаѓаат со различни музички интереси во рамките на рокот и металот. Мет Николс и Оливер Сајкс имале заеднички интерес во Американскиот металкор како што се Норма Џин и Скајкејмфолинг, и присуствувале на локалните хардкор панк настани. Тие подоцна го запознале Ли Малија, кој зборувал со нив за треш метал и мелодичен смртта метал бендови како Металика и Ет Д Гејтс.[4] Бриг Ми Д Хорајзон официјално била формирана во март 2004 година, кога членовите биле на возраст од 15 до 17.[5] Кертис Уард, кој исто така живеел во областа Ротерхам, им се придружил на Сајкс, Малија и Николс на тапани. Басистот Мет Кин, кој бил во други локални бендови, им се придружил последен.[6] Нивното име било земено од филмот Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот Бисер, каде Капетанот Џек Спероу вели: "Сега, донесете ми го хоризонтот."[7]
Наводи
уреди- ↑ „Bring Me The Horizon To Release 'That's The Spirit' Album In September - Blabbermouth.net“. BLABBERMOUTH.NET. Архивирано од изворникот на 22 јули 2015.
- ↑ „Stereophonics bag sixth Number 1 album: "Thank you all"“. officialcharts.com. Архивирано од изворникот на 18 септември 2015.
- ↑ „BRING ME THE HORIZON's 'That's The Spirit' Lands At No. 2 On The Billboard 200 Chart“. Blabbermouth. 1 април 2017. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2017.
- ↑ Patterson 2011.
- ↑ Gill 2010.
- ↑ Patashnik 2012.
- ↑ Marchese, David (22 November 2010). „Why They're Called... Bring Me The Horizon“. Spin Magazine. Архивирано од изворникот на 29 August 2011. Посетено на 29 June 2011.