782
< 7 век | 8 век | 9 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
782 (DCCLXXXII) — година според општоприфатениот календар. Таа била 782 година од новата ера, 782. од првиот милениум, 82. од VIII век и трета од 780-тите. Оваа година била определена како 782 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.
Грегоријански календар | 782 DCCLXXXII |
Ab urbe condita | 1535 |
Ерменски календар | 231 ԹՎ ՄԼԱ |
Асирски календар | 5532 |
Балиски календар | 703–704 |
Бенгалски календар | 189 |
Берберски календар | 1732 |
Будистички календар | 1326 |
Бурмански календар | 144 |
Византиски календар | 6290–6291 |
Кинески календар | 辛酉年 (мет. петел) 3478 или 3418 — до — 壬戌年 (вод. куче) 3479 или 3419 |
Коптски календар | 498–499 |
Етиопски календар | 774–775 |
Еврејски календар | 4542–4543 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 838–839 |
- Сачка ера | 703–704 |
- Кали-југа | 3882–3883 |
Холоценски календар | 10782 |
Ирански календар | 160–161 |
Исламски календар | 165–166 |
Јапонски календар | Тено 2 / Енрјаку 1 (延暦元年) |
Јавански календар | 677–678 |
Јулијански календар | 782 DCCLXXXII |
Корејски календар | 3115 |
Мингуо-календар | 1130 пред Р. Кина 民前1130年 |
Нанакшахи | −686 |
Селевкидски календар | 1093/1094 г.г. |
Тајландски сончев календар | 1324–1325 |
Тибетски календар | 阴金鸡年 (женско железо-петел) 908 или 527 или −245 — до — 阳水狗年 (машка вода-куче) 909 или 528 или −244 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6290 и 6291 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5532 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4542 и 4543 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1535.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 782 година се протега во 3418 и 3419, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3478 и 3479 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1325. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 165 и 166 исламска година.
Настани
уредиСпоред место
уредиВизантиско Царство
уреди- Византиско-арапски војни: арапските сили (95,000 мажи) предводени од Харун ал-Рашид, син на абасидскиот калиф Ал-Махди, минуваат преку Таур и ја освојуваат византиската гранична тврдина Магида. Харун го остава неговиот поручник Ал-Раби ибн Јунус да го нападне градот Наколеја (Фригија), додека друга сила (составена од 30.000 мажи), веројатно предводедни од Јахја ибн Калид, е испратена да ги нападне западните брегови на Мала Азија. Харун напредува кон Опсикијската тема со главната војска.
- Лето – Харун ал-Рашид од византискиот град Цариград стигнува до Хризополис низ Босфор. По бегството на ерменскиот генерал Тацат, царицата Ирина прифаќа примирје од три години, вклучувајќи и годишен данок од 70,000 или 90,000 златни денари и 10,000 парчиња облека од свила. Харун ги ослободува сите негови робови (5,600 мажи), вклучувајќи го и државниот секретар Ставракиј и други заложници.[1][2]
- На царот Константин VI му е ветена 6-годишната Ротруда, ќерка на Карло Велики; Ирина го испраќа научник-монахот Елисеј да ја научи грчки јазик и манири.[3]
Европа
уреди- Лето – Саксонски војни: кралот Карло Велики испраќа казнена експедиција (елитна сила на источнофраначки војници) под команда на камергерот Аделхис, Гало и Ворад, поддржана од саксонски сили, да се справи со Саксонците и Лужичките Срби кои ја нападнале Тирингија.[4]
- Битката кај Зјунтел: Франките предводени од Карло Велики се поразени од саксонските бунтовници, предводени од Видукинд. Тој успева во поразувањето на повеќе од половина од окупаторските франачки сили и повторно го подига знамето на револт. Видукинд бега и бара засолниште кај Данците.
- Есен – Карло Велики се враќа од неговата кампања во Италија и испраќа франкачка армија во Баварија. Тој потоа маршира на север до Саксонија, веројатно до Ересбур, долж Везер и реката Алер, поставувајќи камп во близина на Ферден.[5]
- Масакрот во Ферден: Карло Велики убива 4,500 бунтовнички Саксонци во Верден поради практикување на паганство. Тој го донесува Capitulatio de partibus Saxoniae и го наметнува христијанството врз Саксонците, претворајќи ја Саксонија во франачка провинција.
- Карло Велики го поквикува Алкуин, англосаксонски мисионер, во Ахен и го именува како главен советник за верски и образовни прашања. Тој станува главен научник и учител во Каролиншкиот двор.
Според тема
уредиРелигија
уредиРодени
уреди- Тачибана но Хајанари, јапонски калиграф (почина во 844)
Починати
уреди- 11 јануари – Конин, императорот на Јапонија (роден во 709)
- 28 септември – Леоба, англосаксонска калуѓерка
- Конал мак Фидгал, крал на Хи Мејн (Ирска)
- Теодерик IV, франачки благородник (приближен датум)
Наводи
уреди- ↑ Garland 1999, стр. 76–77 .
- ↑ Treadgold 1997, стр. 418 .
- ↑ Runciman, Steven. "The Empress Irene the Athenian." Medieval Woman. Ed. Derek Baker. Oxford: Ecclesiastical History Society, 1978.
- ↑ David Nicolle (2014). The Conquest of Saxony AD 782–785, p. 51. ISBN 978-1-78200-825-5.
- ↑ David Nicolle (2014). The Conquest of Saxony AD 782–785, p. 65. ISBN 978-1-78200-825-5.