Четакли

село во Правишко, Егејска Македонија

Четакли или Чатакли (грчки: Μελισσοκομείο, Мелисокомио; до 1926 г. Τσιτακλή, Цитакли[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 214 жители (2021).

Четакли
Μελισσοκομείο
Поглед на селото
Поглед на селото
Четакли is located in Грција
Четакли
Четакли
Местоположба во областа
Четакли во рамките на Кушница (општина)
Четакли
Местоположба на Четакли во Кавалскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°52′N 24°10′E / 40.867° СГШ; 24.167° ИГД / 40.867; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаПиери
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно214
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во јужното подножје на планината Кушница, крај патот Смрдеш-Бахчеќој (ЕО2), околу 9 км југозападно од гратчето Правишта, на надморска височина од 160 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Четакли било турско село во Правишката каза на Драмскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Четакли имало 320 жители Турци.[4]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 287 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 220 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 53 бегалски семејства (вкупно 238 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[5] Во 1926 година, името на селото било променето во Мелисокомио (Μελισσοκομείο).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 485 жители.[3]

Стопанство

уреди

Населението произведува главно тутун, а на површините на исушено мочуриште се одгледуваат пченка, пченица и други земјоделски производи.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 397 456 447 327 324 289 365 284 214
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1949 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 7 квадратни километри.[3] Општината Четакли била приклучена во општината Пиери во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.

Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Четакли, во кој влегува и селото Кулали.

Личности

уреди

Родени во Четакли

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 24 септември 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 234–235.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30