Хинте (германски: Hinte) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри јужно од градот Норден и 6 километри северно од безокружниот град Емден.

Хинте
Црквата во Зурхузен со најкрива камбанарија во светот
Црквата во Зурхузен со најкрива камбанарија во светот
Црквата во Зурхузен со најкрива камбанарија во светот
Грб на Хинте
Хинте во рамките на Германија
Хинте
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Месни единици 8
Градоначалник Уве Редениус (независен)
Основни податоци
Површина 48,06 км2
Надм. височина 0 м
Население 7.199 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 150 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26759
Повик. бр. 0 49 25
Портал www.hinte.de
Местоположба на Хинте во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°25′0″N 7°12′0″E / 53.41667° СГШ; 7.20000° ИГД / 53.41667; 7.20000

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Хинте се наоѓа во Источна Фризија во крајниот северозапад на Германија. Административно припаѓа на округот Аурих во сојузната покраина Долна Саксонија. Општината се наоѓа во југозападниот дел на округот во непосредна близина на безокружниот град Емден. Окружниот град Аурих се наоѓа 23 километри североисточно, додека дел од окружната управа се наоѓа во градот Норден (25 километри на север).

Општински единици

уреди

Хинте има над 7.000 жители, а скоро 40% од нив живеат во главното место Хинте.

Следниве единици припаѓаат на општината Хинте (во заградите се бројот на жители во 2006 г.):

Единица Жители составни места и имоти
Хинте 2.830 Крингверум, Флихаус, Виххузен
Лоперзум 1.400 Абингвер, Бауерслуст, Ајзингхузен, Клајн-Занде, Лоперзумер Грасхаус, Лоперзумер Медехаус, Мербуден, Мајнерсхоф, Вилхелмсхоф
Зурхузен 1.175 Ханеборг, Ондерберг, Штикелборг, Зурхузер Хамрих, Тителборг
Грос Мидлум 760 Хорст, Лојхтенбург, Грос Мидлумер Меде
Остерхузен 500
Вестерхузен 320 Грос-Албрингсвер, Харсвегер Цигелај, Мосенбург, Штатвик, Вестерхузер Нојланд
Киркверум 200 Клајн-Крингверум
Канхузен 170 Лангевер
Вкупно 7.355

Соседни општини

уреди

Хинте се граничи со следниве општини (почнувајќи на југ, надесно): градот Емден, општината Крумхерн, општината Вирдум (во општинската заедница Брокмерланд), општината Зидброкмерланд. Освен безокружниот град Емден, сите други општини се наоѓаат во округот Аурих.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди