Патријархат
Патријархат е општествен систем во кој мажите се основните авторитети централни на општествената организација, заземаат улоги на политичко раководство, морален авторитет и контрола на имотот, и каде татковците имаат власт над жените и децата. Тој подразбира машко владеење и женска субординација. Многу патријархални општества се исто така патрилинеарност, што значи дека имотот и презимето се наследени од машката лоза.
Историски гледано, патријархатот се манифестира во социјално, правно, политичко и економско организирање во голем број на различни култури.[1]
Историјат
уредиПредпатријархални општества
уредиНаодите укажуваат дека во најраното доба, околу 7000 г. п.н.е., на подрачјето на денешна Европа и Мала Азија [2] живееле многу развиени култури, кои го негувале земјоделието. Во тоа време жените играле важна улога - економска како работнички и духовна како свештенички, па нивната општествена улога била нагласена. Роднинските врски се потпирале на матријархатот, што значи дека ќерките ги наследувале своите мајки. Мажите имале еднакво важни улоги како трговци и занаетчии, и како што се чини, во тоа време немало војни. Важните центри на оваа рана култура биле на Балканот, на подрачјето на денешна Турција и предасирската култура на подрачјето на денешен Иран.
Патријархални општества
уредиДенес постојат многобројни објаснувања и теории за појавата на патријархатот. Народите кои го населувале подрачјето на Европа, веројатно во согласност со општествените прилики се развивале во правец на патријархатот. Сите промени можат да се доведат во врска со азиските племиња на коњаници, кои поради сушите и наглото зголемување на бројот на населението морале да го напуштат своето подрачје. До овој процес на преселба дошло многу рано (околу 3500 г. п.н.е.).
Формирањето на патријархатот, маргинализацијата на жената и вооружените судири нашле заеднички корени. Постојаните војни и освојувања довеле до доминација на патријархалните култури. Овие култури претставувале пресвртница во создавањето на европската цивилизација (на Стара Грција и Римското Царство). Последниот центар на старата, многу развиена култура на земјоделско производство што ја раководеле жените, била на Крит. Таа исчезнала во втората половина на II век п.н.е. како последица на природните катастрофи.
Психоаналитички теории
уредиТерминот патријархат се користи лабаво и значи "машка доминација", додека поригорозната дефиниција лежи во буквална интерпретација: "владеењето на таткото".[3] Така, патријархатот не се однесува на едноставен бинарен модел на машка моќ над жените, но моќност заложена покомплексно, зависно од возраста како и полот, со постари мажи владеејќи над жени, деца и помлади мажи. Некои од овие млади мажи можат да бидат наследници и затоа имаат удел во продолжените конвенции на патријархатот. Другите можат да се подбунат.[4][5] Овој психоаналитички модел се заснова на ревизии на Фројдовиот опис за нормалното невротично семејство користејќи ја аналогијата на приказната за Едип.[6][7] Оние кои се надвор од Ојдипова тријада на мајка/татко/дете се помалку подложни на патријархален авторитет.[8] Работењето за власта во патријархатот вообичаено се случува несвесно. Сите се подложни, дури и татковците се обврзани од страна на неговите стриктури.[9] Тој е претставен во неизговорени традиции и конвенции извршувани во секојдневните однесувања, обичаи и навики.[10] Патријархалниот триаголен однос на татко, мајка и најстар син често ги формира динамичните и емоционалните наративи на популарната култура и се изигруваат перформативно во ритуалите на додворувањето и бракот.[11] Тие обезбедуваат концептуални модели за организирање на односите на моќ во сфери кои немаат никаква врска со семејството, на пример, политиката и бизнисот.[12]
Феминизмот го дефинира патријархатот како неправеден општествен систем, што ги угнетува жените. Како феминистка и политички теоретичар Керол Пејтман пишува, "Патријархалната конструкција на разликата меѓу мажественоста и женственоста е политичката разлика меѓу слободата и потчинетоста."[13] Во феминистичка теорија концептот на патријархатот е течно и лабаво дефиниран.[14] Тој често ги вклучува сите социјални механизми кои ја репродуцираат и создаваат машката доминација над жените. Феминистичката теорија обично го карактеризира патријархатот како општествена конструкција, која може да се надмине со откривање и критичко анализирање на неговите манифестации.[15]
Слично
уредиНаводи
уреди- ↑ Malti-Douglas, Fedwa (2007). Encyclopedia of Sex and Gender. Detroit: Macmillan. ISBN 0-02-865960-0.
- ↑ „Патријархат“. Архивирано од изворникот на 2010-11-29. Посетено на 2009-12-03.
- ↑ Juliet Mitchell, Psychoanalysis and Feminism. London: Penguin, 1974. p. 409.
- ↑ Barbara Eherenreich. “Life Without Father”, in L. McDowell and R. Pringle (1992) Defining Women. London: Polity/Open University
- ↑ Cynthia Cockburn (1993) Brothers: Male Dominance and Technological Change. London: Pluto.
- ↑ Jaques Lacan (1949) 'The mirror stage as formative of the function of the I as revealed in psychoanalytic experience', in (1977) Ecrits: A Selection trans. A. Sheridan. London: Tavistock.
- ↑ Laura Mulvey (1989) “The Oedipus Myth: Beyond the Riddles of the Sphinx”, in Visual and Other Pleasures. Macmillan.
- ↑ Judith Butler (2000) Antigone's Claim: Kinship Between Life and Death.
- ↑ Pen Dalton. (2008) “Complex Family Relations” in Family and Other Relations: A Thesis Examining the Extent to Which Family Relationships Shape the Relations of Art. http://ethos.bl.uk Архивирано на 22 февруари 2021 г. "
- ↑ Mitchell op cit p. 409.
- ↑ Dalton, P. 2000. “Patriarchy as Discourse” in The Gendering of Art Education.
- ↑ Geert Hofstede (1994) Cultures and Organizations. London: Harper Collins. M. Tierney. “Negotiating a Software Career: Informal Work Practices and 'The Lads' in a Software Installation”, in K. Grint and R. Gill (eds) (1995) The Gender Technology Relation. London: Taylor and Francis. M. Roper (1989) Masculinity and British Organizational Man. Oxford: Oxford University Press.
- ↑ Pateman, Carole (1988). The Sexual Contract, Stanford: Stanford University Press, p. 207.
- ↑ Price, Linda (2009). From stress to distress: Conceptualizing the British family farming patriarchal way of life. Queen's University Press, Belfast. стр. 203–227.
- ↑ Tickner, Ann J. (2001). „Patriarchy“. Routledge Encyclopedia of International Political Economy: Entries P-Z. Taylor & Francis. стр. 1197–1198. ISBN 978-0-415-24352-0.