Жабјани

село во Општина Долнени

Оваа статија се однесува на прилепското село Жабјани. За битолското село, видете Жабени.

Жабјани

Поглед на Жабјани

Жабјани во рамките на Македонија
Жабјани
Местоположба на Жабјани во Македонија
Жабјани на карта

Карта

Координати 41°27′11″N 21°22′50″E / 41.45306° СГШ; 21.38056° ИГД / 41.45306; 21.38056
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 49 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7537
Повик. бр. 048
Шифра на КО
Надм. вис. 610 м
Жабјани на општинската карта

Атарот на Жабјани во рамките на општината
Жабјани на Ризницата

Жабјанисело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

уреди

Жабјани се наоѓа северозападно од градот Прилеп, помеѓу селата Ропотово, Пешталево и Сарандиново, на надморска височина од 610 м.[2] Денес селото е речиси во целост припоено со соседното село Ропотово.

Историја

уреди

Во отоманскиот период, чифлици во селото имале Турци од Прилеп. Од нив подоцна земјата ја купиле браќата Алил, Јусуф и Абдула од Дебар, кои основале три чифлици. Сестрата на браќата се омажила за Рушит, кој основал четврти чифлик. По 1912 година, жителите ја купиле земјата од чифликсајбиите.[2][3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194867—    
1953—    
1961—    
197142—    
198171+69.0%
ГодинаНас.±%
199151−28.2%
199456+9.8%
200256+0.0%
202149−12.5%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Жабјани било село со 16 домаќинства и 80 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жабјани имало 50 жители Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жабени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 56 жители, од кои 55 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 49 жители, од кои 46 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 1 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 50 56 67 42 71 51 56 56 49
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Жабјани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Жабјани се:

  • Доселеници: Тутунџиовци (1 к.) доселени се од некаде, тие се најстар род во селото; Тасевци или Дебранци (2 к.) доселени се на почетокот од XX век од мијачкото село Селце; Коневци (1 к.), доселени се од Вранче, во Вранче биле староседелци; Алексовци (1 к.) од прилепското село Слепче, се населиле најпрво во Ропотово, па од таму во Жабјани; Крапјанци (1 к.), доселени се од Крапа, Порече; Поповци (1 к.), доселени се од Македонски Брод; Синадиновци (1 к.), доселени се во 1946 година од Манастирец, Порече и Ѓоргијовци (1 к.), доселени се од Могилец, Порече.[3]

Општествени установи

уреди

Со оглед на тоа дека селото е речиси во целост припоено со Ропотово, во негова непосредна близина се наоѓа основното училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[15] Во селото има и бензинска пумпа.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дебреште.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1488 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо училиште на селото Ропотово.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[17]

Културни знаменитости

уреди
Чешма
  • Христијанска чешма
Цркви и параклиси[18]

Иселеништво

уреди

Волчевци (2 к.) иселени се во Браилово; Дупевци (1 к.), иселени се во Слепче; Жабјанци (5 к.), иселени се во Секирци; Тилко (1 к.), иселени се во Дреновци; Кривошинци се иселени во Секирци; Рулевци се иселени во Прилеп. Еден род со 3 домаќинства е иселен во Скопско Поле. Некои се родови изумрени.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Жабјани“. OldPrilep. 15 октомври 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 366-367.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74-75.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Образование“. Општина Долнени.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди