Џерси
Џерси, полн назив: Бејлифство Џерси (англиски: Bailiwick of Jersey, француски: Bailliage de Jersey; џерсиски: Bailliage dé Jèrri) — автономен крунски посед на британскиот монарх во Ламанш, меѓу Франција и Англија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на полуостровот Котантен во Нормандија, и 160 км од Велика Британија. Заедно со Гернзи ги сочинува Каналските Острови. Во состав на Џерси влегуваат и помалите острови Ерекуз, Ла Мот, Минкјер, Пјер де Клерк и Дирује.
Бејлифство Џерси Bailiwick of Jersey bailliage de Jersey bailliage dé Jèrri |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Боже, чувај го Кралот“ „Островски дом“ |
||||||
Местоположбата на Џерси (dark green) |
||||||
Главен град (и најголем) | Сент Хелиер 49°11.401′N 2°06.600′W / 49.190017° СГШ; 2.110000° ЗГД | |||||
Службен јазик | ||||||
Признаени регионални јазици | џерсиски | |||||
Народности (2011[1]) |
|
|||||
Уредување | крунски посед | |||||
• | монарх | Чарлс III | ||||
• | Намесен управник | Стивен Далтон | ||||
• | Бејлиф | Вилијам Бејлаш[2] | ||||
• | Главен министер | Џон Ле Фондр | ||||
Статус | Британски крунски посед | |||||
• | Управно одвојување од Нормандија | 1204 |
||||
• | Ослободување од Третиот Рајх | 9 мај 1945 |
||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 118,2 км2 | ||||
• | Вода (%) | 0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 106,800[3] | ||||
• | Густина | 819 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2015 г. | |||||
• | Вкупен | 4,57 млј фунти | ||||
• | По жител | 45.000 фунти | ||||
ИЧР (2008) | ▬ 0.985[4] многу висок |
|||||
Валута | британска фунтаа (GBP ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+1) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .je | |||||
Повик. бр. | +44 | |||||
Светец заштитник | св. Хелиер | |||||
а. | Управата на Џерси издава свои банкноти и монети на британските фунти (погл. џерсиска фунта). |
Зафаќа вкупна површина од 118,2 км2[5] и има 98.213 жители (2011).[6]
Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската Унија, туку под суверено владение на британската круна (монархот) во својство на војвода на Нормандија, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција. Џерси има автономна законодавна, судска и извршна власт. Владата на Обединетото Кралство е надлежна за надворешните односи и одбраната. За Џерси важи начелото за слободен проток на стоки од ЕУ. Главен и најголем град е Сент Хелиер, со 33.622 жители.
Џерси важи за најсончевиот од британските острови и познат е по плажите.
Стопанство
уредиСтопанството на Џерси се заснова на банкарство финансиски услуги. Со тоа, бруто-приходот по глава на жител е меѓу највисоките во светот. Во 2015 г. тој изнесувал 45.783 фунти по жител. Поголеми просечни пригоди таа година имале само Бермуда и Луксембург.
Покрај тоа, застапени се туризмот и земјоделството. Во 2006 г. Џерси примил 729.000 посетители. Најважни земјоделски производи се компирот и млечните производи.
Острови
уредиБејлифството Џерси ги опфаќа следниве острови:
- Џерси
- Екреус
- Ла Мот
- Менкјер
- Пјер де Клерк
- Дирује
Парохии
уреди- Главната статија за оваа категорија е Парохии во Џерси.
Џерси административно се дели на 12 парохии. Сите излегуваат на море и се наречени по светтците по кои се наречени нивните стари парохиски цркви:
- Грувил (историски: Сен Мартен де Грувил; ги опфаќа и островите Минкјер)
- Сент Брелад
- Сент Клемент
- Сент Лоренс
- Сент Мартин (историски: Сен Мартен ле Вје; ги опфаќа и островите Екреус)
- Сент Мери
- Сент Питер
- Сент Сејвиор
- Сент Уен
- Сент Хелиер
- Сент Џон
- Тринити
Парохиите понатаму се делат на дваесетки (vingtaines; во Сент Уен наречени cueillettes).
На чело на секоја парохија стои „конетабл“ (connétable) кој се бира од народот на секои четири години. Покрај управувањето со парохијата, има задача и да ја претставува во Собранието на Џерси.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Bulletin 2: Place of birth, ethnicity, length of residency, marital status“ (PDF). Посетено на 12 September 2013.
- ↑ „Jersey Bailiff William Bailhache sworn in“. BBC. Посетено на 6 February 2015.
- ↑ „Jersey facts and figures“.
- ↑ Filling Gaps in the Human Development Index Архивирано на 5 октомври 2011 г., United Nations ESCAP, February 2009
- ↑ „Jersey in Figures 2013 booklet“ (PDF). Посетено на 1 January 2015.
- ↑ „2011 census results“. Gov.je. 8 декември 2011. Посетено на 8 декември 2011.
Надворешни врски
уреди„Џерси“ на Ризницата ? |
- Собрание на Џерси — портал на владата на Џерси (англиски)
- Туристички портал на Џерси (англиски)
- Би-би-си Џерси (англиски)
- Џерси во праисторијата (англиски)