🚀Да развиваш сам(а) стартап е како да градиш куќа без архитектонски план и мајстори, или бизнис план, тим и ментори во претприемачкиот свет. За крај на серијата #StartupMythbusters денес поразговаравме со Дарко од EcoNautic, Арбен од Creative BM и Ивона од SUP Club Ohrid – стартапи од Југозападниот регион. ⚓ EcoNautic ги трансформира традиционалните во еко пловни објекти (чамци) со нула емисии. 💻 Creative BM нуди софтверски решенија за енергетска ефикасност, како на пример интеграција на соларни панели, паметни уреди, куќни и бизнис системи. 🌍 SUP Club Ohrid нуди уникатни искуства на вода, еко-настани и екскурзии во природа, а притоа ја поддржува локалната заедница и се грижи за животната средина. 💧Акцелераторската програма во Охрид беше со фокус на сината економија (blue economy), односно одржливо користење на водните ресурси за економски раст, подобрување на животниот стандард и работни места, истовремено зачувувајќи го екосистемот. Програмата успешно ја завршија 12 стартапи од регионот, а грантова поддршка добија 5 од нив. 🤝Ова го постигнавме заедно со партнерите од PrimePoint Partners и University of Information Science & Technology "St. Paul the Apostle" - Ohrid, Macedonia. Aleksandar Karadimche, PhD Менторството е исто така важно за еден стартап, за повеќе инфо и регистрација посетете го линкот👉 https://lnkd.in/dDH5XF98 Со овој серијал активности, во соработка со локалните Europe House, со скоро стотина млади разговаравме за предизвиците и можностите, митовите и реалните случувања на претприемачите – стартапи од програмата на EU4EG. Развојот на стартапите, поддршката и акцелераторската програма се овозможени од проектот EU4EG, кофинансиран од ЕУ и Германската влада.
-
+5