Прејди на содржината

Оливија Њутн-Џон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оливија Њутн-Џон
Њутн-Џон на премиерата на Неколку Добри Луѓе во Сиднеј, Австралија, 2012.
Животописни податоци
Роден(а)26 септември 1948
Кембриџ, Кембриџшаир, Англија, Обединетото Кралство
ПотеклоМелбурн, Викториа, Австралија
Жанрови
Занимања
  • пејачка
  • автор на песни
  • глумица
  • претприемач
ИнструментиВокал
Период на активност1963–
Издавачи
Соработници
Мреж. местоolivianewton-john.com

Оливија Њутн-Џон (26 септември 1948 - 8 август 2022) — австралиска пејачка, авторка на песни, и глумица родена во Британија. Таа била четири пати добитник на Греми којашто постигна дури пет Број 1 и десет други Топ 10 синглови[1] на Билборд Хот 100 листата и два Број 1 Билборд 200 соло албуми. Единаесет од нејзините синглови (вклучувајќи и два платинести) и 14 од нејзините албуми (вклучувајќи два платинести и четири двојно платинести) се сертифицирани златни од страна на РИАА. Нејзината музика е успешна во повеќе жанрови вклучувајќи поп, кантри, и возрасно современа музика и има продадено 100 милиони плочи низ целиот свет.[2] Таа глуми заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивудската историја.

Њутн-Џон долго време била активист за животната средина и правата на животните. Откако преживеа рак на дојка во 1992,[3] таа била поборник за здравствената свест вклучувајќи се во добротворнии организации, здравствени производи и напори за собирање на финансиски средства. Нејзините бизнис интереси вклучуваат лансирање на неколку производни линии за Коала Блу и e ко-сопственик на Гаја Ритрит & Спа во Австралија.

Њутн-Џон се омажила двапати. Таа е мајка на една ќерка, Клое Роуз Латанзи, со нејзиниот прв сопруг, глумецот Мет Латанзи, a втор сопруг ѝ бил Џон Истерлинг.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Ран живот и почетоци

[уреди | уреди извор]

Оливија Њутн-Џон е родена во Кембриџ, Англија, ќерка на Велшки татко, Бринли ("Брин") Њутн Џон, и во Берлин родена мајка, Ирина Елена (моминско презиме Борн), најстарото дете на добитникот Нобеловата награда за атомски физичар Макс Борн.[4][5] Семејството на мајка и заминало од Германија пред Втората светска војна за да го избегне нацистичкиот режим(Макс Борн, дедото по мајка на Њутн Џон бил Евреин, а нејзината баба била од еврејско потекло по таткова страна). Таа е далечна роднина на комичарот Бен Елтон.[4] Нејзиниот прадедо од страна на мајка и бил правникt Виктор Ехренберг а таткото на нејзината прабаба од страна на мајка и бил Германски правник Рудолф вон Јеринг. Њутн-Џон е најмладата од три деца, по братот Хју, лекар, и сестрата Рона, глумица која беше во брак со колегата одБрилијантин Џеф Конавеј од 1980 до нивниот развод во 1985. Таткото на Њутн-Џон беше МИ5 офицер на Енигма проект во Блетши Парк кој го зеде Рудолф Хес во притвор за време на Втората светска војна.[6] Во 1954, кога имала шест години, Семејството на Њутн-Џон емигрирале во Мелбурн, Викториа, Австралија, каде нејзиниот татко работел како професор по германски и како Магистер на Ормонд Колеџ на Универзитетот во Мелбурн.[7]

На четиринаесет години Њутн-Џон формирала краткотрајна група само со девојки, Сол Фор, со три соученички кои често настапувале во кафулето на нејзиниот зет.[8] Таа станала редовна на локалното Австралиско радио и телевизиски шоуа вклучувајќи го Д Хепи Шоу на ХСЦ-7 каде настапувала како "Lovely Livvy". Таа исто така се појавила и на Гоу Шоу каде ја сретнала идната партнерка во дует, Пет Керол, и идниот музички продуцент Џон Фарар (Керол и Фарар ќе стапат во брак подоцна). Таа учествувала и победила на натпревар за таленти на телевизиското шоу Синг, Синг,Синг чиј водител бил Австралиската икона Џони О’Киф, изведувајќи ги песните "Некој кој имал срце" и "Се што доаѓа е рози". Њутн-Џон првично не била подготвена да ја искористи наградата што ја добила, патување до Британија, но отпатувала таму дури една година подоцна откако нејзината мајка ја охрабрила да си ги прошири нејзините хоризонти.[1]

Њутн-Џон го снимила нејзиниот прв сингл, "Додека не бидеш мој" т.е. "Засекогаш", во Британија за Дека Рекордс во 1966.[1] Њутн-Џон ја фатила носталгија во Британија за нејзиното тогашно момче, Јан Турпи, со кој глумела во Австралиската серија, Смешни нешта се случуваат таму долу. Њутн-Џон постојано резервирала патувања назад во Австралија кои нејзината мајка ги откажувала подоцна.[8] Перспективата на Њутн-Џон се променила кога Пет Керол се преселила во Белика Британија. Двете формирале дуо кое се викало "Пет и Оливиа" и правеле турнеи низ ноќните клубови во Европа. (Во еден инцидент, биле резервирани на ревија на Пол Рејмонд во Сохо, Лондон. Облечени примарно во Фустани со набори, биле несвесни дека ова е стриптиз бар сè додека не почнале да настапуваат на сцената.)[9] Откако поминала визата на Керол принудувајќи ја да се врати во Австралија, Њутн-Џон останала во Британија да продолжи соло работа до 1975. Се свршила со гитаристот на Д Шедоус' Брус Велч, но никогач не биле во брак.[10]

Њутн-Џон била повикана во групата Тумороу[11] формирана од американскиот продуцент Дон Киршнер, кој исто бил музички консултант за раните снимки на Д Монкиис. во 1970, групата играла во "научно фантастичен мјузикл" филм и снимиле албум од придружни музички теми и двата именувани според групатз. Проектот пропаднал и групата се распаднала.

Ран успех

[уреди | уреди извор]

Њутн-Џон го издала својот прв соло албум, Ако не беше ти (Бр. 158 Поп), во 1971. наслов на песна, напишана од Боб Дилан и претходно снимена од членот на Битлси Џорџ Харисон за неговиот албум во 1970 Се мора да помине, бил нејзиниот прв интернационален хит (Бр. 25 Поп, Бр. 1 Возрасно Современа ("АЦ")).[12] Нејзиниот следен сингл, "Бреговите на охајо", бил топ 10 хит во Велика Британија и Австралија. Била изгласана за најдобар Британски Женски Вокал две години по ред од списанието Рекорд Мирор. Имала чести појавувања на неделното шоу на Клиф Ричард, Ова е Клиф Ричард,[13] и глумела со него во серијата, Случајот.

Во 1974, Њутн-Џон го претставувала Обединетото Кралство на Изборот за Песна на Евровизија со песната "Да Живее Љубовта". Песната била избрана за Њутн-Џон од Британската публика од шест можни опции. (Њутн-Џон подоцна признала дека не и се допаѓала песнатаg.)[14] Њутн-Џон го освоила четвртото место на натпреварот во Брајтон по победничката песна на АББА "Вотерлу". Сите шест песни кандидати за Евровизија биле снимени од Њутн-Џон и додадени на нејзиниот албум Да Живее Љубовта , нејзин прв за Еми Рекордс ознака.

Во Обединетите држави, кариерата на Њутн-Џон по Ако не беше ти успеала. Последователните синглови вклучувајќи ги "бреговите на Охајо" (Бр. 94 Поп, Бр. 34 АЦ) и преработките на "Што е животот" на Џорџ Харисон(Бр. 34 АЦ) и "Одведете ме дома, Кантри Патишта" на Џон Денвер (Бр. 119 Поп) направиле минимален удар на листите сè до пуштањето на "Дозволи ми да бидам таму" во 1973. Песната достигна до Американскиот Топ 10 на Поп (Бр. 6), Кантри (Бр. 7),[15] и АЦ (Бр. 3) листите кои и донеле Греми за најдобар женски кантри вокал[13] и Академска Награда за кантри-музика за женски вокал кој најмногу ветува.[12] Албумот, Дозволи ми да бидам таму, Бр. 1 на листата за Кантри Албуми цели две недели и како Бр. 54 на Билборд 200 листата.

Албумот Да Живеe Љубовта бил издаден во Обединетите држави како Ако Ме Сакаш, Кажи Ми со изоставување на шестте Евровизиски песни за четири нови, повеќе кантри-ориентирани песни со цел да профитира на успехот на "Дозволи Ми Да Бидам Таму". Насловната песна била првиот сингл кој достигнал до Бр. 5 Поп, Бр. 2 Кантри[1] (нејзиниот најдобар кантри пласман дотогаш) и Бр. 2 на АЦ листите. Следниот сингл, "Искрено те сакам", стана најпозната песна на Њутн-Џон. Напишана и компонирана од Џеф Бери и Питер Ален,[13] баладата стана нејзиниот прв Бр. 1 Поп (две недели), втор Бр. 1 АЦ (три недели) и трет Топ 10 Кантри (Бр. 6) хит и и донесе на Њутн-Џон уште две Греми за Запис на годината [16] и Најдобар Женски Вокал Поп Изведувач. Успехот на двата синглови му помогнале на албумот да достигне Бр. 1 и на Поп (една недела)[17] и Кантри (осум недели) листите за Албуми.

Успехот во Кантри на Њутн-Џон предизвикало дебата помеѓу пуристите кои верувале дека странец кој пее поп-музика со кантри примеси не припаѓа во кантри-музиката.[11] Во прилог на нејзината Греми награда за "Дозволи Ми Да Бидам Таму", Њутн-Џон била именувана за Женски Вокал на годината во 1974 од кантри Музичката Асоцијација, победувајќи ги повеќе основани Нешвил-ориентираните номинирани Лорета Лин, Доли Партон и Тања Такер, како и канадскиот артист Ен Мареј.[18] Овој бес доведе до формирање на краткотрајното Здружение на кантри Забавувачи (АЦЕ).[19] Њутн-Џон на крај била поддржана од кантри-музичката заедница. Стела Партон, сестрата на Доли, снимила "Ода за Оливија" и Њутн-Џон го снимилиа нејзиниот албум во 1976, Не Престанувај Да Веруваш', во Нешвил.[18]

Оливија Њутн-Џон во 1978

Охрабрена од иселената Австралиска пејачка Хелен Реди, Њутн-Џон го напуштила Обединетото кралство и се преселила во Обединетите Држави. Њутн-Џон била на врвот на Поп (една недела) и Кантри (шест недели) листите за Албуми со нејзиниот следен албум, Дале некогаш си бил весел. Албумот создаде два сингла – Џон Фарар-овата насловна тема (Бр. 1 Поп, Бр. 3 Кантри,[15] Бр. 1 АЦ)[20] и "Те молам Господине Те Молам" (Бр. 3 Поп, Бр. 5 Кантри, Бр. 1 АЦ).[20] Поп кариерата на Њутн-Џон се оладува со издавањето на нејзиниот следен албум, Очигледно Љубов. Нејзината низа од пет последователни златни Топ 10 синглови на Билборд Хот 100 листата заврши кога првиот сингл од албумот, "Нешто подобро да се прави", застана на Бр. 13 (исто Бр. 19 Кантри и Бр. 1 АЦ). Иако нејзините албуми сè уште достигнувале златен статус, таа не се вратила во Топ 10 на Хот 100 и Билборд 200 листите сè до 1978.

Сингловите на Њутн-Џон продолжиле без никаков проблем да бидат први на АЦ листата, каде што на крај постигна десет Бр. 1 синглови вклучувајќи рекорд од седум последователни:

Таа исто така обезбеди истакнат, но не награден, вокал за синглот на Џон Денвер "Одлетај" кој бил наследен од нејзиниот сингл, "Остави нека сјае"/"Тој не е напорен, тој ми е брат" на Бр. 1 на АЦ листата. ("Одлетај" се вратила на Бр. 1 после двенеделно владеење на "Остави нека сјае".) Њутн-Џон исто така продолжила да достигнува Топ 10 Кантри листата каде што евидентираше седум Топ 10 синглови во 1976-тата "Дојди овде" (Бр. 23 Поп, бр. 5 Кантри,[15] Бр. 1 АЦ) и шест последователни (од вкупно девет во кариерата) Топ 10 албуми во 1976-тата Не престанувај да веруваш (Бр. 30 Поп, Бр. 7 Кантри).[15] Нејзиниот прв телевизиски шоу беше наречен, Специјал Со Оливија Њутн-Џон, во ноември 1976.[18]

До средните 1977-ти, успехот на Њутн-Џон во АЦ и Кантри-музиката исто така почнувал да избледува. Нејзиниот Правејќи Добро Нешто Подобро албум (Бр. 34 Поп, Бр. 13 Кантри) не успеал да биде сертифициран за златен, и неговиот единствен сингл, насловната тема (Бр. 87 Поп, Бр. 20 АЦ), не успеа ниту да достигне до АЦ Топ 10 или Кантри листите. Подоцна истата година, Најголемите Хитови на Њутн-Џон (Бр. 13 Поп, Бр. 7 Кантри) станал нејзиниот прв платинест албум како што се подготвувала да започне со нова фаза од нејзината кариера.

Брилијантин

[уреди | уреди извор]
Њутн-Џон и Џон Траволта

Кариерата на Њутн-Џон се издигнала по глумењето во филмската адаптација на Бродвејскиот мјузикл Брилијантин во 1978. И била понудена главната улога Сенди по средбата со продуцентот Алан Кар На вечерна забава во домот на Хелен Ред.[7] Исплашена од искуството со утре и загрижена дека е престара да игра средношколка (таа наполни ла 29 за време на снимањето во 1977), Њутн-Џон инсистирала на екранско тестирање со филмскиот партнер, Џон Траволта.[7] Филмот се прилагодил на австралискиот акцентна Њутн-Џон со замена на оригиналната Американка Сенди Дубровски со Санди Олсон, Австралијанка на одмор која подоцна се преселува со нејзиното семејство во обединетите Држави. Њутн-Џон претставува дел од музичката тема за филмот за време на нејзиниот втор телевизиски специјал за Американската мрежа, Оливија, заедно со гостите АББА и Енди Гиб.

Брилијантин станал еден од најголемите бокс-офис хитови во 1978.[21] Албумот со Музички теми помина 12 недели на Бр. 1 и произведе три Топ 5 синглови за Њутн-Џон: платинестата "Ти си тој што го сакам" (Бр. 1 Поп, Бр. 23 АЦ) со Џон траволта, златната "Безнадежно Посветена на Тебе" (Бр. 3 Поп, Бр. 20 кантри, бр. 7 АЦ) и златната "Летни Ноќи" (Бр. 5 Поп, Бр. 21 АЦ) со Џон Траволта и глумечката екипаt. Првите две песни биле напишани од долгогодичниот музички продуцентr, Џон Фарар, специјално за филмот. ("Летни Ноќи" од оригиналната изведба била напишана од Џим Јакобс и Ворен Кејси.) Њутн-Џон станала втората жена (по Линда Ростадт во 1977) да има два синглови – "Безнадежно Посветена на Тебе" и "Летни Ноќи" –наe Билборд Топ 5 последователно.[22] Изведбата на Њутн-Џон и донело Пиплс Чоис награда за Омилена Филмска Глумица. Таа исто била номинирана за Златен Глобус за Најдобра Глумица во Мјузикл и ја изведе номинираната "Безнадежно Посветена на тебе" во 1979 Академски Награди.

Популарноста на филмот растела низ годините. Бил реиздаден за неговата 20-та годишнина во 1998[23] и се рангираше како вториот најдобра заработувачка позади Титаник во неговиот прв викенд.[24] Најскоро беше реиздаден во јули 2010 како берзија со пеење во одредени Американски театри.[25] Музичката тема сè уште се продава доволно добро за често да се појавува на Билборд-овата Топ листа за музички теми.

Правна тужба против УМГ

[уреди | уреди извор]

Во јуни 2006 компанијата на Њутн-Џон ОН-Џ Продукција Лтд поднела правна тужба против Универсал Мјузик Груп за $1 милион за неплатени авторски права од музичката тема.[26]

трансформацијата на Њутн-Џон во Брилијантин од добрата "Сенди 1" во кожна униформа "Сенди 2" ја охрабрила Њутн-Џон да го направи истото со нејзината музичка кариера. Во ноември 1978, го издала нејзиниот следен студиски албум, Тотално Жешко, кој станал нејзиниот прв солистички Топ 10 (Бр. 7) албум од Дали некогаш си бил весел. Облечена во кожа на обвивката, сингловите од албумот "Малку повеќе љубов" (Бр. 3 Поп, Бр. 94 кантри, Бр. 4 АЦ), "Подлабоко од ноќта" (Бр. 11 Поп, Бр. 87 Кантри, Бр. 4 АЦ), и насловната песна (Бр. 52 поп) сите прикажуваат поагресивен и побрз звук за Њутн-Џон.[27] Иако албумот ја запостави кантри-музиката, сепак стигна Бр. 4 на листата за Кантри Албуми. Њутн-Џон го издаде Б-Сајд, "Танцување' 'Раунд анд раунд," од "Тотално Жешко" синглот на Кантри радиото достигнувајќи до Бр. 29[28] (како и Бр. 82 Поп и Бр. 25 АЦ), станувајќи нејзиниот последно рангиран соло Кантри сингл до денеска.

Њутн-Џон ја започнала 1980 со издавање на "Не можам да си помогнам" (Бр. 12 Поп, Бр. 8 АЦ), дует со Енди Гиб од неговиот Откако ќе се стемни албумот, и со учествување во нејзиниот трет музчки специјал, Холивудски Ноќи. Подоцна истата година, таа се појавила во нејзиниот прв филм по Брилијантин учествувајќи во мјузиклот Ксанаду со Џин Кели и Мајкл Бек. Иако филмот имал голем неуспех, неговата музичка тема (Бр. 4 Поп) била сертифицирана за двојно платинеста лансирајќи пет Топ 20 синглови на Билборд Хот 100 листата.[29] Њутн-Џон се рангирала со "Магија" (Бр. 1 Поп, Бр. 1 АЦ), "Одеднаш" со Клиф Ричард (Бр. 20 Поп, Бр. 4 АЦ) и насловната тема со Електрик Лајт Оркестарот (Бр. 8 Поп, Бр. 2 АЦ). ( Електрик Лајт Оркестарот исто се рангирал со "Жив сум" (Бр. 16 поп, Бр. 48 АЦ) и "Низ целиот свет" (Бр. 13 Поп, Бр. 46 АЦ).) "Магија" бил најголемиот Поп хит на Њутн-Џон до тој момент (четири недели на Бр. 1)[29] и сè уште се рангира како најголемиот АЦ хит на нејзината кариера (пет недели на Бр. 1). Филмот оттогаш станал култна класика и основа за добро-критикувани Бродвеј шоуа кои достигнале повеќе од 500 изведби на почетокот на 2007и бил номиниран за четири Тони Награди вклучувајќи и Најдобар Мјузикл.[30] (Следела успешна интернационална тура на шоуто.)

Во 1981, Њутн-Џон го издала својот најуспешен студиски албум, двојно платинестиот Физички. Насловната песна, напишана од Стив Кипнер и Тери Шедик, поминал 10 недели на врвот на Билборд Хот 100,[31] израмнувајќи се со тогашниот рекорд за најмногу недели поминати на Бр. 1 во рок ерата во сопственост на Деби Бон-овата "Го осветлуваш мојот живот." Синглот бил сертифициран за платинест и на крајот се рангирал како најдобра песна на декадата. (Во 2008, Билборд ја рангирал песната на Бр. 6 меѓу сите песни кои се рангирале во педесет годишната историја на Хот 100.)[32] "Физички" дури и го донел на Њутн-Џон нејзиниот прв пласман на РнБ Синглови (Бр. 28) и Албуми (бр. 32) листите. Физички албумот предизвикал уште два синглови, "Направи чекор кон мене" (Бр. 5 Поп, Бр. 6 АЦ)[33] и "Лендслајд" (Бр. 52 Поп).

оливија Њутн-Џон на отворањето на Коала Блу продавницата во 1988.

Провокативниот текст на насловната песна предизвикал две радио станици од Јута да го забранат синглот на нивните листи.[34] (Во 2010, Билборд списанието го рангирал овој сингл како најуспешен сингл за секс.)[35] За да го спречи неговиот отворено сугестивен тон, Њутн-Џон снимила видео со тема за вежбање кое ја претворило песната во химна за аеробик и ги направило лентите за вежбање моден додаток надвор од салата.[36] Њутн-Џон станала пионер почетната индустрија на музички видеа со снимањето на видео албум за Физички додавајќи им видеа на сите песни од албумоти на три од нејзините постари хитови. Видео албумот и донел четврта Греми награда и бил емитуван како специјал во ударно време на АБЦ, Летс гет физикал,[31] станувајќи Топ 10 Нилсен хит. Успехот на Физички водел до интернационална турнеја и до издавањето на нејзината втора колекција на хитови, двојно платинестиот Најголемите Хитови на Оливија Вол. 2 (Бр. 16 Поп), кои произвеле уште два Топ 40 синглови: "Срцев Удар" (Бр. 3 Поп)[33] и "Заврзана" (Бр. 38 Поп). Турнејата била снимана за нејзиниот Оливија на Концерт телевизиски специјал кој се емитувал на ХБО во јануари 1983. Специјалот бил потоа издаден за да и донесе на Њутн-Џон видео заработувачка и нова Греми номинација.

Њутн-Џон се здружила со Траволта во 1983 за комерцијално неуспешниот и со лоши критики филмот Двајца од еден вид,[37] искупени од неговата платинеста музичка тема (Бр. 26 Поп) и "Пресврт на Судбината" (Бр. 5 Поп),[33] "Живеејќи во Очајно Време" (Бр. 31 Поп), и новиот дует со Траволта, "Обиди се" (Бр. 3 АЦ). Њутн-Џон Издала нов видео пакет,Греми-номинираната Пресврт на Судбината, заедно со видеа за нејзините четири песни на Двајца од еден вид музичката тема и двата сингла од Најголемите Хитови на Оливија Вол. 2.

Истата година, Њутн-Џон и Пет Керол ја основале Коала Блу.[38] Продавницата, оригинално за Австралиски увоз, еволуирала во синџир на бутици за женска облека. Синџирот бил веднаш успешен, но на крај прогласил банкрот и бил затворен во 1992.[27] Њутн-Џон и Фарар подоцна ќе го лиценцираат брендот за линија од Австралиски вина, конфекции производи за бања.

Њутн-Џон на 1989 Академски награди.

Њутн-Џон се омажила за нејзиното долгогодишно момче, глумецот Мет Латанзи, во декември 1984.[39] Двојката се запознала четири години подоцна на снимањето на Ксанаду. Нивната ќерка, Клое Роуз Латанзи, е родена во јануари 1986. (Се развеле во 1995.)[40]

Музичката кариера на Љутн-Џон се изладила по издавањето на нејзиниот студиски албум, златниот Душевен Бакнеж (Бр. 29 поп), во 1985. Единствениот сингл од албумот кој бил рангиран била насловната тема (Бр. 20 Поп, Бр. 20 АЦ). Поради нејзината бременост, Њутн-Џон го ограничила нејзиниот публицитет за албумот. Видео албумот за Душевен Бакнеж се состоел од само пет од десетте песни на албумот (концепт видеата за сингловите од албумот "Душевен Бакнеж" и "Зацврсти се" како и видео изведбите на песните "Културен Шок", "Емоционално збунета" и "Вистинскиот момент").

Мајчинство и застапување

[уреди | уреди извор]

По три години пауза од раѓањето на Клое, Њутн-Џон продолжи со нејзината кариера со снимање на албумот вож 1988, Гласина. Албумот бил презентиран од ХБО специјал, Оливија Даун Андер, и неговиот прв сингл, насловната тема, била напишана и продуцирана од Елтон Џон. И синглот (Бр. 62 Поп, Бр. 33 АЦ) и албумот (Бр. 67 Поп) не успеале[41] бидејќи речиси четириесет годишната Њутн-Џон изгледала "стара" во споредба со тинејџерските кралици Деби Гибсон и Тифани кои владееле на Поп листите во тоа време. (иронично, овој албум бил воздигнуван од критичарите како повеќе зрел со тоа што Њутн-Џон обработува теми како што е СИДА, околината и домаќинства со самохрани родители.) Вториот сингл, "Може ли да разговараме во кревет", не се рангирал, но бил издаден во 1989 од Грејсон Хју, аранжерот на песната, како што "Да разговараме" станува Топ 20 Поп хит. Година подоцна, Њутн-Џон го снимила својот само-опишувачки "себе-попустлив" албум, Топло и Нежно. Инспирирана од нејзината ќерка, која се објавила на обвивката на албумот, албумот се состоел од приспивни песни и љубовни песни за родителите и нивните деца.[27] Овој албум, последен продуциран од Џон Фарар, исто така не успеал да ја оживее нејзината кариера борејќи сè до Бр. 124 Поп.

Њутн-Џон се подготвила за ново враќање во 1992 кога ја направила нејзината трета компилација од хитови, Назад на основите – Основната колекција 1971–1992, и ја испланирала нејзината прва турнеја по Физички турата пред 10 години. Набрзо по издавањето на албумот, на Њутн-Џон и бил дијагностициран рак на дојка принудувајќи ја да ги откаже сите презентации за албумот вклучувајќи ја и турнејата. (Њутн=Џон ја примила дијагнозата истиот викенд кога умрел татко и.)[42] Њутн-Џон закрепнала[43] и од тогаш станала поборник за истражување на рак на дојка и други здравствени проблеми. Таа е гласноговорник за Лив-Кит производот, производ за само-проверување. Таа е исто косопственик на Гаја Ритрит и Спа во Бајрон Беј, Австралија.[44]

Поборноста на Њутн-Џон за здравствените проблеми било предвестие на нејзината претходна вклученост во многу хуманитарни цели. Њутн-Џон откажала концерт во 1978 на турнејата низ Јапонија за да протестира за масакрот на делфини фатени во мрежи за ловење туна.[45] (Таа веднаш ја презакажала турнејата кога јапонската влада ја убедила дека ќе ја разгледат темата.) Таа била изведувач на Музика за УНИЦЕФ Концерт во 1978 за ОН' Интернационална година на детето низ телевизиите во светот. За време на концертот, артистите изведувале песни за кои тие донирале нивните авторски права привремено, а некои засекогаш, за да придонесат за целта. Таа била назначена за Амбасадор на Добра Волја во Програмата на Обединетите Нации.[46] Во 1991, таа станала Национален Гласноговорник за Фондот за Животна Средина на Колет Чуда/ЦХЕЦ (Коалиција за Животна Средина и Детско Здравје) по смртта на четиригодишниот Колет Чуда, семеен пријател, од рак. (Чуда беше заедно со Њутн-Џон и ќерката Клое на обвивката на Топло и Нежно албумот на Њутн-Џон.)

Дијагнозата за рак на Њутн-Џон имало ефекти и на музиката која ја снимала. Во 1994, ја издала Гаја: Патувањето на Една Жена која го прикажувало нејзиното хронично искушение. Ова бил првиот албум на кој Њутн-Џон ги напишала сите песни охрабрувајќи ја да стане повеќе активна како текстописец потоа. Во 2005, ја издала Посилна од порано, продаден ексклузивно во Обединетите Држави од Халмарк. Приносите од продажбата на албумот се користеле за истражување на рак на дојка. на албумот била песната "Феноменална Жена" заснована на поемата од Маја Ангелу која вклучувала гостински вокали како Диана Керол, Бет Нилсен Чепмен, Делта Гудрем, Ејми Холанд, Пети ЛаБеле и Минди Смит – сите преживеани или засегнати од рак.[47]

Следната година, Њутн-Џон издала лековито ЦД, Милост и Благодарност.[48] Албумот екслкузивно бил продаден од Волгринс[49] исто искористено за неколку добротворни цели вклучувајќи Ѕ-МЕ Национална Организација за Рак на Дојка. ЦД-то било "срцето" од Тело - Срце - Дух Велнес Колекцијата која исто имала Лив-Кит и диетски додатоци за здравје на дојката. Њутн-Џон преснимила некои песни од Милост и Благодарност во 2010 и го реиздала албумот како Милост и Благодарност Обновено на Грин Хил музичката ознака. Обновен-ото ЦД вклучува нова песна, "Помогни ми да оздравам," која ја немало на оригиналниот албум.[50] Обновен-ото ЦД и донесе на Њутн-Џон прво појавување на Билборд Христијански Албуми (Бр. 36), Христијански & Госпел Албуми (Бр. 54) и Албуми од Новата Ера (Бр. 2) листите.

Во 2008, Њутн-Џон обезбеди средства за да се изгради Оливија Њутн-Џон центарот за рак и здравје во Мелбурн, Австралија. Таа предводела тринеделно, 228 км. одење по Големиот кинески Ѕид во април придружена од различни славни личности и преживеани од рак низ нејзината патека. Маршот [1] Архивирано на 7 септември 2008 г. ги симболизирал чекорите кои пациентите на рак мора да ги преземат на пат до нивното оздравување. Њутн-Џон објавила придружно ЦД, Прославување со Песна, следниот месец во Австралија а потоа и низ светот[51] вклучувајќи нови и претходно снимени дуети од "Оливија Њутн-Џон и Пријателите." Нејзините "Пријатели" биле Јан Арден, Џими Барнс, Џон Фарар, Бери гиб, Делта Гудрем, Сан Хо, Ричард Маркс, Клиф Ричард, Мелинда Шнајдер, Ејми Скај и Кит Урбан.[52] (Албумот бил реиздаден од Грин Хил Рекордс со различна обвивка во 2011.) Во октомври, Њутн-Џон помогнала да се лансира мрежната страница за www.liv.com и се здружила со teamed with фитнес лиценца Курвс да создаде еден милион Лајв-Ејд помош за само-прегледување за Мецецот за Свесност за Рак на Дојка.[53]

Њутн-Џон соработувала со продуцентот Дејвид Фостер да ја сними "Надежта е секогаш тука" за телевизискиот специјал во ноември 2009, Калеидоскоп. Песната била напижана и компонирана за изведба на шоуто од друга преживеана од рак на дојка, уметничката лизгачка Дороти Хамил. Песната била издадена како дигитален сингл по емитувањето на шоуто.

Њутн-Џон била избрана во документарната драма на УниГлоуб Ентертеинмент за рак на дојка, 1 на Минута, издаден во октомври 2010.[54] Документарецот бил направен од глумицата Намрата Сингх Гујрал и избрале други славни личности кои преживеале рак на дојка или се засегнати од болеста. За време на истиот месец, Блувотер Продукцијата издала стрип вклучувајќи ја Њутн-Џон за да се совпадне со Месец за Свесност за Рак на Дојка.[55]

Нутн-Џон била назначена за претседател на Ајл Оф Мен Баскинг Шарк Општеството помеѓу 1998 и 2005.[56]

Подоцнежена кариера

[уреди | уреди извор]

Њутн-Џон продолжила да снима и да настапува поп-ориентирана музика исто така. Во 1998, таа се врати во Нешвил за да сними Назад со срце (Бр. 59 Поп).[23] Албумот ја врати во Топ 10 (Бр. 9) на листата за Кантри албуми. Првиот сингл било повторно снимање на "Искрено те сакам" продуцирано од Дејвид фостер и придружувано од Кенет "Бејбифејс" Едмондс на следечки вокали[23] кое се рангираше на Поп (Бр. 67) и АЦ (Бр. 18). Кантри радиото ја отфрли песната, иако достигна до Бр. 16 на листата за Кантри Продажба. Песната од албумот, "Љубовта е подарок," и донесе на Њутн-Џон Дејтајм Еми Награда во 1999 за Отскокнувачки Оригинална Песна откако e обележана на дневната серија, Како што се врти светот.

Оливија Њутн-Џон и Стефан Елиот во јануари 2012 на премиерата на Неколку Добри Луѓе во Сиднеј.

Албумите на Њутн-Џон временски прво биле издавани во Австралија. Њутн-Џон, Џон Фархам и Ентони Варлоњ имале турнеја низ Австралија како Главниот настан. Албумот во живо добил АРИА награда за Најдобро Продавано Австралиско ЦД и бил исто така номиниран за Најдобар Возрасно Современ Албум. Таа и Фархам ја извеле "осмели се да Сонуваш" на Церемонијата за Отворање на 2000 Сиднеј Олимписки игри.[40] Во 2002, Њутн-Џон издаде (2), албум со дуети придружувана од Австралиските артисти (Тина Арена, Дарен Хејс, Џими Литл, Џони О’Киф, Били Торп, Кејт Урбан) како и чувствителен "дует" со починатиот Питер Ален. Истата година, Њутн-Џон била примена во Австралиската АРИА Ходник на славните. Индиго: Жена од Песна, албум во чест на мајка и обработувајќи песни од женски изведувачи како Џоан Баез, Д Карпентерс, Дорис Деј, Нина Симон, Мини Рипертон и други, бил издаден во 2004. Њутн-Џон го посветила албумот на нејзината мајка, којашто умрела претходната година.

Њутн-Џон исто така издала неколку Божиќни албуми. Во 2000, таа заедно со Винс Гил и Лондонскиот Симфониски Оркестар за 'Сезоната се продавал ексклузивно преку Халмарк. Следната година, го издала Божиќна колекција кој се состоел од сезонска музика претходно снимена за Божиќниот албум на Халмарк, нејзиното појавување на Кени Логинс' 1999 ТНН Божиќниот специјал и нејзините придонеси на Мајка и Дете и Божиќен Дух колекциите од повеќе артисти. (Грин Хил Рекордс го реиздаде овој албумсо поинаков изглед во 2010.) Во 2007, се реобедини со нејзиниот продуцент заМилост и Благодарност, Ејми Скај, за Божиќна Желба (Бр. 187 Поп) кој бил продаден ексклузивно од Таргет во неговата прва година.

Њутн-Џон глумела од време на време од Двајца од ист тип. Се појавила во споредна улога во драмата за СИДА во 1996, Ова е моја забава. Во 2000, се појавила во драматично различна улога како Битси Меј Хардинг, како лезбијка поранешна затвореничка кантри пејачка, во Дел Шор' Валкан Живот.[40] Њутн-Џон ја повторила нејзината улога за Валкан Живот: Серијата која се прикажувала една сезона на ЛОГО телевизиската мрежа. Во серијата биле вклучени пет оригинални песни напишани и компонирани од Њутн-Џон специјално за шоуто.[57] Во 2010, Њутн-Џон глумела во филмот Погодок: Хокејски Мјузикл, издаден во Канада.[58] Њутн-Џон ја портретирала Хоуп Гордон, мајката на домашно-образуван хокеј генијалец. Филмот го отворил Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2010.

Работата на телевизија на Њутн-Џон вклучила глумење во два Божиќни филмови, Мајка за Божиќ (1990)[59] и Божиќна романса (1994) – и двата Топ 10 Нилсен хитови. нејзината ќерка, Клое, глумела како едно од нејзините деца и во Божиќна Романса и во 2001 Шоутајм филмот Девојките Вилде. Њутн-Џон гостувала како себеси во кратките појавувања на Нед и Стејси, Марфи Браун, и Бет, и направила две појавувања како себеси на Глии. За нејзиното прво Глии појавување, Њутн-Џон го ресоздала нејзиното "Физички" видео со регуларната во серијата Џејн Линч. Настапот бил издаден како дигитален сингл, враќајќи ја Њутн-Џон На Билборд Хот 100 (Бр. 89) за првпат од нејзиното реиздавање на "Искрено те сакам" во 1998. Во Австралија, Њутн-Џон ја водела серијата за животни и природа Див Свет и гостувала како Јоана на две епизоди во Австралиската серија Човекот од снежната река.

Њутн-Џон го запознала Патрик Дермот една година по нејзиниот развод од Мет Латанзиi во 1995. Двојката била во врска од време на време цели девет години. МекДермот исчезнува на рибарско патување во 2005 на Калифорнискиот брег.[60] Неколку теории се поврзуваат со неговото исчезнување од несреќа до симулирање на неговото исчезнување за да избегне да плаќа издржување на децата со неговата бивша сопруга, глумицата Ивет Нипар. Њутн-Џон, која била во Австралија во нејзиниот Гаја Ритрит & Спа во време на неговото исчезнување, никогаш не била осомничена за исчезнувањето на МекДермот[61] и одбила да коментира за било која шпекулација. Истрага на Крајбрежната Стража објавена во 2008 "заклучува дека МекДермот е загубен на море,"[62][63][64] иако некои тврделе дека контактирале со МекДермот по неговото исчезнување.[65]

Њутн-Џон се вратиле на насловните страни на таблоидите повторно во 2007 кога било откриено дека нејзината ќерка Клое закрепнувала од анорексија.[66]

Њутн-Џон издала друг концерт на ДВД, Оливија Њутн-Џон и Сиднејската Симфонија: Во Живо Од Сидни Опера Хаус, и придружно ЦД, Оливија Хитови во Живо, во јануари 2008. Променета верзија на ДВД-то се презентирало на ПБС станицата, ВЛИВ (гарден Сити, Њујорк), во октомври 2007 и последователно се емитувало национално за време на собирањето на финансиски средства за ветувачките дискови на мрежата. Овој бил трет албум во живо на Њутн-Џон јапонското издание во 1981 , Љубовна Изведба, и нејзината Австралиска 2000 изведба, Патувањето на Една Жена во живо.

Њутн-Џон, настапувајќи на Сидни Стате Театарот во септември 2008

Во 2008, Њутн-Џон учествувала во ББЦ Велс програмата Доаѓајки дома за нејзината велшка семејна историја.

Во јуни 2008, Њутн-Џон се венчала тајно со Џон ("Амазон Џон") Истерлинг, основач и претседател на фирма за природни лекови, Амазон Херб Компанијата. Двојката прво се запознала 15 години претходно, но се заљубиле дури во 2007. (Исто како Њутн-Џон, ова бил втор брак за Истерлинг.) Се венчале сами во приватна духовна церемонија на Инките во Куско, Перу на 21 јуни[67] следена од легална церемонија девет дена подоцна на Јупитер Островот во Флорида. Немало гости на ниту една церемонија бидејќи двојката претпочитала да се венча едноставно и приватно. Само ќерката на Њутн-Џон, Клое, знаела за ова. Не објавиле за нивниот брак сè до 4 јули на скарата во домот на Њутн-Џон во Малибу, Калифорнија, каде гостите биле изненадени од новостите.[68] Венчавката била потврдена подоцна од Хелоу! списанието кое објавило ексклузивни снимки од двете венчавки.[69] Во јуни 2009, Истерлингови купиле нов $4.1 милиони дом во Јупитер Инлет,[70] и Њутн-Џон го продаде нејзиниот дом во Малибу, Калифорнија.

[[File:OliviaNewton-John10TIFF.jpg|thumb|right|upright|Њутн-Џон на фестивалот во Торонто, 2010 г. Во јануари 2011,Њутн-Џон почнала со снимање на комедијата Неколку Добри Луѓе во Австралија со режисерот Стефан Елиот, во улога на мајка на невестата. Младоженецот го играл Ксавиер Самуел.[71]

Њутн Џон активно правела турнеи после 2012 година.[72] Во 2012 Њутн-Џон почнува Азиска турнеја низ Јапонија, Тајланд, Сингапур, Хонгконг, Малезија, Филипините, Индонезија и Шри Ланка.Предлошка:Потребен Цитат Австралиска турнеја низ Перт, Мелбурн и Сиднеј, и низ Обединетите Држави исто така, угодувајќи им на обожавателите со песни што никогаш не ги пеела порано на концерт.

Во ноември 2012 Њутн-Џон се здружи со Џон Траволта за да го направат добротворниот албум Овој Божиќ, за поддршка на центарот Оливија Њутн-Џонза Рак и Здравје и фондацијата Џет траволта. Артисти кои учествуваат на албумот се: Барбара Стрејсенд, Џејмс Тејлор, Чик Кореја, Кени Џи, Тони Бенет, Клиф Ричард и Оркестарот Каунт Бејзи.

Во март 2013 таа имаше турнеја низ Обединетото Кралство настапувајќи во Борнмут, Лондон, Брајтон, Бирмингам и Манчецтер. таа пееше цели два часа без пауза, придружувана од нејзините извонредни следечки музичари и три вокали. Пеејќи широк опсег од нејзините најголеми хитови и песни од албуми, таа доби заносен прием од нејзините сакани обожаватели. Таа имаше закажано да започне постојани шоуа во Фламинго Лас Вегас летото 2013-та.[73] Како и да е, Њутн-Џон ги одложи шоуата на неодредено поради смртта на нејзината сестра.[74]

На 8 август 2022 година, Њутн-Џон починала од рак на дојка, во нејзиниот дом во Калифорнија, на возраст од 73 години.[75][76]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Основен

Забелешки:

  • a: Издадено со друга список на песни во Северна Америка. Исто Така издадено во одредени територии како Музиката ми го разубавува денот.
  • b: Издавање во Северна Америка какоN Да живее љубовта. Се состои од песни од претходни изданија и од новата насловна тема.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Погледај и

Година Наслов Улога Забелешка
1965 Смешни нешта се случуваат таму долу Оливија Споредна Улога
1970 Утре Оливија Главна улога
1972 Случајот Себеси ББЦ2 Тв Специјал со Клиф Ричард и Тим Брук-Тејлор
1976 Специјал со Оливија Њутн-Џон Себеси Тв Специјал
1977 Само Оливија Себеси Тв Специјал
1978 Оливија Себеси Тв Специјал
Брилијантин Сенди Олсон Главна улога
1980 Ксанаду Кира Главна улога
Холивудски ноќи Себеси Тв Специјал
1983 Двајца од ист вид Деби Вилдер Главна улога
1988 Таа ќе има бебе Себеси Кратко појавување
1989 Мајки и Други Себеси Тв Специјал
1990 Мајка за Божиќ Ејми Милер Главна улога во филм
1991 Мадона: Вистина или Предизвик Себеси Кратко појавување
1994 Божиќна романса Јулиа Стонсипер Главна улога во филм
1996 Ова е моја забава Лина Бингхам Споредна Улога
2000 Валкани Животи Битси Меј Хардинг Споредна Улога
2001 Девојките Вилде Јасмин Вилде Главна улога во филм
2002 Ноќ со Оливија Себеси Тв Специјал
2003 Во Живо од Јапонија '03 Себеси Тв Специјал
2008 Валкани животи: Серијата Битси Меј Хардинг Споредна Улога во ТВ серија
2009 Кети Грифин: Мојот Живот на Листата Себеси Гостинка
2010 1 на Минута Себеси Документарец
Глии Себеси Специјален гостин – 2 епизоди: "Лоша репутација" и "Патување"
Погодок: Хокејски Мјузикл Хоуп Гордон Споредна Улога
2011 Неколку Добри Луѓе Барбара Рам Споредна Улога

Награди и почести

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Основна

Предлошка:Основна

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Википедиа книги

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Erlewine, Michael (1997). All Music Guide to Country. San Francisco: Miller Freeman Books. стр. 334. ISBN 978-0-87930-475-1. Посетено на 13 August 2010.
  2. Pearce, Garth (5 December 2011). „Olivia Newton-John: Why I got married in secret at 60“. Daily Express. Посетено на 18 February 2013.
  3. 1001 Australians You Should Know. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  4. 4,0 4,1 G. V. R. Born (2002). „The wide-ranging family history of Max Born“ (PDF). royalsocietypublishing.org. Посетено на 2 March 2012.
  5. „Genealogy of Tiemo Hollmann – Born, Irene Helene“. Tiemohollmann.de. 9 January 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-30. Посетено на 11 November 2012.
  6. „Olivia Newton-John on The Biography Channel“. Merrymedia.co.uk. 3 February 2007. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 10 November 2008.
  7. 7,0 7,1 7,2 Windeler, Robert (31 July 1978). „Ohh Sandy! – Olivia Newton-John“. People. Посетено на 10 November 2008.
  8. 8,0 8,1 „Olivia Newton-John – Hip-O Records“. Ilovethatsong.com. 26 October 1987. Архивирано од изворникот на 2011-08-13. Посетено на 10 November 2008.
  9. Pore-Lee-Dunn Productions (26 September 1948). „Olivia Newton-John“. Classicbands.com. Посетено на 13 August 2010.
  10. john's bio at IMDb
  11. 11,0 11,1 Windeler, Robert (24 February 1975). „Pop's Hottest Pipes – Olivia Newton-John“. People. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 10 November 2008.
  12. 12,0 12,1 „Olivia Newton-John Biography“. Olivianewton-john.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-27. Посетено на 13 August 2010.
  13. 13,0 13,1 13,2 The Billboard book of number 1 hits. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  14. O'Connor, John Kennedy. The Eurovision Song Contest – The Official History. Carlton Books, UK. 2007. ISBN 978-1-84442-994-3
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 The Billboard Book of Top 40 Country ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  16. At the Grammys!: Behind the Scenes ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  17. Notable Moments of Women in Music. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  18. 18,0 18,1 18,2 The Billboard book of number 1 hits. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  19. Williams, Bill (23 November 1973). „50 Country Dissidents Organize New Assn., See Threat to CMA“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc./Google Books: ages 3, 48. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  20. 20,0 20,1 All music guide to country: the ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  21. IMDB – Top Grossing Movies
  22. The Billboard book of number 1 hits. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  23. 23,0 23,1 23,2 Billboard. Google Books. 30 May 1998. Посетено на 13 August 2010.
  24. Box Office Weekend, 27–29 March 1998. Box Office Mojo. (6 February 2013).
  25. „Grease Sing-A-Long (2010), Trailer & Official Movie Site“. Greasemovie.com. Посетено на 13 August 2010.
  26. "Newton-John sues over 'Grease' album". USA Today. (5 December 2006).
  27. 27,0 27,1 27,2 All music guide to country: the ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  28. The Billboard Book of Top 40 Country ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  29. 29,0 29,1 The Billboard book of number 1 hits. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  30. „Xanadu Moves Up Broadway Closing Date to 9/28“. Broadway.com. 23 September 2008. Посетено на 10 November 2008.
  31. 31,0 31,1 Arrington, Carl (15 February 1982). „Olivia Gets Physical – Personal Success, Matt Lattanzi, Olivia Newton-John“. People. Архивирано од изворникот на 2012-07-05. Посетено на 10 November 2008.
  32. „Billboard Hot 100 Chat 50th Anniversary – All-Time Top Songs“. Billboard. Архивирано од изворникот 2012-05-25. Посетено на 10 November 2008.
  33. 33,0 33,1 33,2 The Billboard book of number 1 hits. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  34. Cannon, Bob (19 November 1993). „Olivia Gets 'Physical', News“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-07-07. Посетено на 13 August 2010.
  35. „Olivia Newton-John's "Physical" sexiest song ever“. Reuters. 13 February 2010.
  36. „Billboard Hot 100 Chart 50th Anniversary – Songs of the Year 1980 to 1989“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2012-05-29. Посетено на 10 November 2008.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  37. Carl Arrington (19 October 1983). „Animal Magnetism – Two of a Kind, John Travolta, Olivia Newton-John“. People. Архивирано од изворникот на 2014-07-29. Посетено на 10 November 2008.
  38. „Olivia Newton-john: Hopelessly Devoted – Sun Sentinel“. Articles.sun-sentinel.com. 13 April 1987. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 31 December 2011.
  39. „To Have and to Hold“. People. 7 January 1985. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 10 November 2008.
  40. 40,0 40,1 40,2 Smolowe, Jill (25 September 2000). „Showing Her Mettle – Olivia Newton-John Cover“. People. Посетено на 10 November 2008.
  41. His Song: The Musical Journey of ... Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  42. „Toughing It Out“. People. 3 August 1992. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 10 November 2008.
  43. Schindehette, Susan; Karen Schneider and Anne-Marie O'Neill (26 October 1998). „Victors Valiant – Cancer, Coping and Overcoming Illness“. People. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 10 November 2008.
  44. „About US“. Gaiaretreat.com.au. Архивирано од изворникот на 2008-12-23. Посетено на 10 November 2008.
  45. Billboard, 1978. Google Books.com (1 July 1978).
  46. Bio at official web site Архивирано на 13 април 2016 г.. Olivianewton-john.com (22 June 2012).
  47. „Newton-John Records Angelou Poem For Breast Cancer“. Contactmusic.com. 21 August 2005. Посетено на 10 November 2008.
  48. Marquez, Sandra (28 September 2006). „Olivia Newton-John Moves On – Personal Tragedy, Olivia Newton-John“. People. Посетено на 200–11–10. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  49. Billboard. Google Books. 28 October 2006. Посетено на 13 August 2010.
  50. „Green Hill Music-Grace And Gratitude Renewed“. Greenhillmusic.com. Архивирано од изворникот на 2010-08-06. Посетено на 13 August 2010.
  51. „Ask Billboard“. Billboard. Архивирано од изворникот 2008-08-01. Посетено на 10 November 2008.
  52. „Olivia and friends release album to better cancer research“. Great Walk to Beijing.com. Архивирано од изворникот на 2008-10-16. Посетено на 10 November 2008.
  53. "Olivia Newton-John Partners." Market Watch.com.
  54. „Mcg – Indian Star Rallies Celebrity Support For Cancer Movie – Contactmusic News“. Contactmusic.com. Посетено на 13 August 2010.
  55. „Justin Bieber Comic Book to Track His Rise to 'Fame'. Billboard. 14 September 2009. Посетено на 13 August 2010.
  56. Internet Archive cache from 10 February 2005
  57. „Gay channel Logo steps into Sordid realm“. Reuters. 9 January 2008. Посетено на 10 November 2008.
  58. „Score a Hockey Musical“. Score a Hockey Musical. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 13 August 2010.
  59. Park, Jeannie (24 December 1990). „Starring as a Mom for Christmas, Olivia Newton-John Returns to Acting in a Role She Plays All Year Round“. People. Посетено на 10 November 2008.
  60. 1001 Australians You Should Know. Google Books. Посетено на 13 August 2010.
  61. „Newton-John 'frantic.'. The Sydney Morning Herald. Australian Associated Press. 22 August 2005. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  62. „Tip line for clues on Newton John's ex“. news.com.au. Australia. AAP. 11 August 2009. Архивирано од изворникот на 2015-04-09. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  63. „Newton-John's boyfriend probably drowned: report“. Australia: ABC News. Australian Associated Press. 22 November 2008. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  64. United States Coast Guard (10 август 2009). "Coast Guard statement on Patrick McDermott case". Соопштение за печат.  посет. февруари 2011 г Архивирано на 17 јули 2011 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2013-12-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  65. Leonard, Tom (1 April 2010). „Olivia Newton-John's former boyfriend 'found'. The Daily Telegraph. United Kingdom. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  66. Herndon, Jessica; Michelle Tan (21 April 2008). „I Feel Grateful for Where I Am Now“. People. Архивирано од изворникот на 2012-11-20. Посетено на 10 November 2008.
  67. „seattletimes.nwsource, Newton-John marries“. Seattletimes.nwsource.com. 11 July 2008. Посетено на 13 August 2010.
  68. Michelle Tan (10 July 2008). „Olivia Newton-John Marries John Easterling – Twice!“. People. Посетено на 10 November 2008.
  69. „Olivia Newton-John shares wedding joy“. Mycelebritynews.o.uk. 15 July 2008. Посетено на 10 November 2008.
  70. „Olivia Newton-John and hubby buy home in Jupiter Inlet Colony“. TCPalm.com. Посетено на 13 August 2010.
  71. „Olivia Newton-John's back, with a few good men“. Herald Sun. Melbourne, Australia: The Herald and Weekly Times Ltd. 14 January 2011. Посетено на February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  72. Tour dates Архивирано на 14 март 2016 г. at her web site
  73. "Heart attack! Olivia Newton-John heads to the Flamingo this spring" Архивирано на 2 јули 2013 г.. Las Vegas Sun (12 April 2013).
  74. "Olivia Newton-John’s Sister Dies". ABC News.com (29 May 2013).
  75. Bernstein, Adam. „Olivia Newton-John, pop singer and 'Grease' star, dies at 73“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Архивирано од изворникот 8 August 2022. Посетено на 8 August 2022.
  76. „Olivia Newton-John dies at 73, husband says“. FOX8 WGHP. 8 August 2022. Архивирано од изворникот 8 August 2022. Посетено на 8 August 2022.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Оливија (Биографијата на Оливија Њутн-Џон), Тим Еубанк. (2008). Пиаткус Букс. ISBN 978-0-7499-0983-3.
  • Вуд, Гери. (1998). "Оливија Њутн-Џон." Во Енциклопедијата за Кантри-музика. Пол Кингсбури, Уредник. Њујорк: Универзитетот Оксфорд. pp. 380–1.
  • Приказната на сенките од Мајк Рид. 1983. Елм Трии Букс. ISBN 0-241-10861-6.
  • Рокенрол, Ти ги дадов најдобрите години од мојот живот – Живот во сенките од Брус Велч ISBN 0-670-82705-3 (Пенгуин Букс).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Награди и достигнувања
Претходник
Клиф Ричард
со "Моќта на сите наши пријатели"
Обединетото Кралство во Изборот за Песна на Евровизија
1974
Наследник
Сенките
со "Дозволи ми да бидам избраниот"

Предлошка:Olivia Newton-John Предлошка:Olivia Newton-John singles Предлошка:Grammy Award for Record of the Year 1970s Предлошка:Billboard Year-End number one singles 1980–1999