1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гутереш укажува на „епидемија на горештини“

СН/агенции
26 јули 2024

Топлотните бранови се минато, констатираат ОН. Во иднина екстремните горештини на лето ќе бидат нормална појава. Генералниот секретар на ОН посочи што треба да се направи против тоа.

https://p.dw.com/p/4ikmf
Hitze-Wetter in Thüringen
Фотографија: picture alliance/dpa

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика сите земји да се справат со опасностите од екстремните горештини, во неделата, и во понеделникот беа урнати рекордите за највисока глобална температура откако постојат мерењата.

„Милијарди луѓе ширум светот се соочуваат со епидемија на екстремни горештини - страдаат под сè поубиствени топлотни бранови со температури кои надминуваат 50 степени Целзиусови“, истакна Гутереш.  „Да се ​​соочиме со фактите: екстремните температури повеќе не се феномен кој трае еден ден, една недела или еден месец“, рече генералниот секретар на ОН во Њујорк. 

USA UN Antonio Guterres
Фотографија: Luiz Rampelotto/EuropaNewswire/picture alliance

Според податоците на програмата на Европска унија за набљудување на Земјата „Коперник“, просечната површинска температура во понеделникот достигна 17,15 степени, со што беше соборен рекордот поставен претходниот ден, кога просечната температура беше 17,09 степени.

„Екстремната топлина е новата абнормалност и светот мора да го дознае одговорот на тој предизвик“, рече Гутереш.

Годинава екстремните горештини усмртија 1.300 аџии во Саудиска Арабија, училиштата во Африка и во Азија беа затворени за околу 80 милиони деца поради високите температури, а бројот на хоспитализирани и починати во Сахел поради горештините достигна рекорд.

Обединетите нации ги повикаа владите, покрај намалувањето на употребата на фосилни горива, главниот двигател на климатските промени, да ја зајакнат заштитата на најранливите групи, постарите, бремените жени и децата и да ја зголемат заштитата на работниците на отворено. 

Уште едно скопско изгор лето

Според Меѓународната организација на труд, повеќе од 70 отсто од глобалната работна сила, што е околу 2,4 милијарди луѓе, се соочени со ризик од екстремните горештини.

Во Африка речиси 93 отсто од работната сила е изложена на прекумерна топлина, а во арапските земји 84 насто.

Околу 19.000 луѓе годишно умираат од жештините, а околу 23 милиони доживуваат повреда на работа, поради што Гутереш повика на „мерки за заштита на работниците, засновани на човековите права“.

Ова е првпат ОН да повикаат на глобална акција против екстремните горештини.