Прејди на содржината

60. јужен напоредник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Линија преку Земјата
60°
60. јужен напоредник
Карта на сите координати: OpenStreetMap 
Преземи координати како: KML · GPX

60. јужен напоредникнапоредник што е 60 степени јужно од Земјината екваторска рамнина. Ниту една земја не лежи на напоредникот односно тој не поминува ништо друго освен океаните. Најблиското копно е група карпи северно од островот Коронејшн (Крунисување) (Мелсонови Карпи или Гувернерски Острови) на Јужните Оркниски Острови, кои се на околу 54 километри јужно од напоредникот, и островот Туле и Куковиот Остров на Јужните Сендвички Острови, кои обете се околу 57 км северно од напоредникот (со Куковиот Остров малку поблиску).[1]

Напоредникот ја означува северната граница на Јужниот Океан (иако некои организации и земји, особено Австралија, имаат други дефиниции) и на Антарктичкиот договор. Ја означува и јужната граница на зоната без нуклеарно оружје во Јужен Тихи Океан и зоната без нуклеарно оружје во Латинска Америка.

На оваа географска ширина Сонцето е видливо 18 часа, 52 минути за време на декемвриската долгодневница и 5 часа и 52 минути за време на јунската краткодневница. На 21 декември Сонцето е на 53,83 степени на небото и 6,17 степени на 21 јуни.

Географските широчини јужно од овој напоредник често се нарекувани „Врискачки 60-ки“ поради преовладувачките западни ветрови со голема брзина кои можат да створат големи бранови над 15 м и максимална брзина на ветер над 145 км/ч.[2]

Максималната надморска височина на Сонцето е > 15,00º во април и > 8,00º во мај.

Најниската географска широчина каде што може да се забележат белите ноќи е приближно на овој напоредник.

Почнувајќи од главниот меридијан и упатувајќи се кон исток, 60° јужен напоредник минува низ:

Координати Океан Забелешки
60°0′S 0°0′E / 60.000° ЈГШ; 0.000° ИГД / -60.000; 0.000 (Prime Meridian) Нулти меридијан
60°0′S 20°0′E / 60.000° ЈГШ; 20.000° ИГД / -60.000; 20.000 (the boundary of the Atlantic and Indian Oceans) границата на Атлантскиот и Индискиот Океан
60°0′S 147°0′E / 60.000° ЈГШ; 147.000° ИГД / -60.000; 147.000 (the boundary of the Indian and Pacific Oceans) границата на Индискиот и Тихиот Океан Дополнително минува низ Тихиот Океан кај Дрејковиот Премин помеѓу Јужна Америка и Антарктичкиот Полуостров
60°0′S 67°16′W / 60.000° ЈГШ; 67.267° ЗГД / -60.000; -67.267 (the boundary of the Pacific and Atlantic Oceans) границата на Тихиот и Атлантскиот Океан Минувајќи блиску до јужната граница на морето Скоша и Јужните Оркниски Острови,  Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови ( Аргентина има претензии)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. (Map). Отсутно или празно |title= (help)
  2. Sinert, Richard. „The Furious 50s and Screaming 60s“. mydaywithbarkly. Посетено на 14 март 2023.