Прејди на содржината

Тодор Черваров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Черваров
Роден 28 јануари 1880
Скопје, Македонија

Тодор Илиев Черваров, со псевдоним Акациј [1], — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тодор Черваров е роден на 28 јануари 1880 година во Скопје, тогаш во Отоманското Царство. Добива високо образование. Во 1896 година се приклучува на ВМОРО. Подоцна учителствувал во Скопје, каде последователно ги заземал должностите Скопскиот околиски раководител (1906-1907), член на окружниот комитет (1907), претставник на Скопскиот околикиот револуционерен комитет во Задграничното претставништво (1907-1908). Како таков е делегат на Ќустендилскиот конгрес од 1908 година. Во Првата светска војна Тодор Черваров служи во 61-от македонски полк на 11 дивизија. Починал во Перник на 27 ноември 1937 година. По барање на семејството моштите се пренесени на градските гробишта Бутел во Скопје, каде е погребан заедно со својата сопруга.[2].

  1. Пърличев, Кирил, „Кюстендилският конгрес на ВМРО 1908 г.“, “ВЕДА-МЖ”, София, 2001 г., стр. 16.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 186.