Талисман
Изглед
Талисман (од арапски طلاسم tilasm, и грчки telesma и „talein“ со значење „иницијација во мистериите“) или амајлија (од латински amuletum; значи „предмет кој го штити човекот од неволји“), се однесува на кој било предмет кој носи добра среќа и го штити сопственикот од зло. Најчесто амајлиите се: благороден камен или обичен камен, статуа, паричка, цртеж, висок, прстен, билка, животно, итн.; се смета дека дури и збор кажан во конкретен случај, како на пример: ваде ретро сатана — (латински, „Оди си сатано“), го отфрла злото или лошата среќа.
Талисманот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Талисманот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Талисман“ - песна на либанскиот поет Илија Абу Мади.[1]
- „Талисман“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[2]
- „Талисман“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1827 година.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|