Стенче
Стенче | |
Панорама на Стенче | |
Координати 41°52′36″N 21°1′59″E / 41.87667° СГШ; 21.03306° ИГД | |
Општина | Брвеница |
Население | 131 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28078 |
Стенче на општинската карта Атарот на Стенче во рамките на општината | |
Стенче на Ризницата |
Стенче — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово,[2] односно на речиси половина пат помеѓу Тетово и Гостивар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Горни Полог, на падините на Сува Гора, во близина на реката Вардар. Селото Стенче се наоѓа меѓу селата Волковија и Теново. Селото е оддалечено 25 километри јужно од Тетово и 14 километри северно од Гостивар.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XX век, селото е дел од Тетовската каза на Отоманската Империја.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стенче живееле 680 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стенче имало 664 Македонци, егзархисти.[4]
Според рускиот филолог, Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 101 куќа со 957 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 150 жители, од кои 149 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 131 жител, од кои 110 Македонци и 21 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 680 | 664 | 739 | 762 | 614 | 405 | 276 | 214 | 184 | 150 | 131 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Стенче е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Староседелци: Сакаровци (14 к.) живееле во старото село Стенче. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мојсовци (12 к.) исто живееле во старото село. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (две семејства), Варна (едно семејство), Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Луканој (2 к.) исто така од старото село.
- Доселеници: Топенчоски (12 к.) доселени одамна. Не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства). П. Јовановиќ за нив дознал дека се од гостиварско. Ги викаат и Цигани; Ѓуревци (5 к.) доселени се од селото Матка во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Рупаковци или Маркои (3 к.) имаат исто потекло како и родот Ѓуревци; Којчиновци (4 к.) не знаат точно од каде се доселени. На почетокот од 19ти век Којчиновци биле богати сточари. Имале околу 600 овци. Подоцна стоката исчезнала. Најпознатиот домаќин во овој род се викал Јанкула. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и Панчево (едно семејство); Аврамовци (25 к.) потекнуваат од Матка во Скопски Дервен. На почетокот од 19ти век од таму се иселиле тројца браќа. На нив нападнале „Турци“ П.Јовановиќ за нив забележал дека се доселени од селото Глумово во близина на Матка. Браќата се населиле во Стенче и станале чобани во родот Којчиновци. Ја знаат следната генеологија Ѓурчин (жив на 80 г. во 1947 година) Крсте-Здраве-Аврам, еден од браќата кои се доселиле. Аврамовци се намножиле од браќата Аврам и Бошко. Од третиот брат не се сочувале потомци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Битола (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Романија (четири семејства); Гркачовци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мешиновци (9 к.) доселени се од некое село во охридско. П. Јовановиќ за нив слушал дека потекнуваат од крушевско. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Романија (три семејства); Попои (3 к.) потекнуваат од предокот поп Стојко. Тој се доселил од некое село во охридско. Ја знаат следната генеологија Сретко (жив на 56 г. во 1947 година) Васил-Симјан-Стојко, кој се доселил. Овде се доселени поради крвна одмазда. Од родот Стојкои биле познати свештениците Коста и Никола. Имаат иселеници во Зубовце и во Скопје (едно семејство); Аврамовци (13 к.) доселени се од селото Волче во Порече. Аврам основачот на родот е дојден како посинет. Ја знаат следната генеологија Оносим (жив на 70 г. во 1947 година) Гроздан-Неделко-Аврам. Аврам имал четири сина- Димитрија, Павле, Здраве и Неделко. Од овој род има иселеници во Скопје (едно семејство), Бугарија (три семејства), Грција (едно семејство) и во Романија (две семејства); Огњановци (1 к.) потекнуваат од соседното сега уништено село Горно Фалише; Анџаковци (7 к.) потекнуваат од предокот Рафаил. Тој се доселил од селото Галате. Тој имал пет сина- Тимосиј, Стојан, Тофил, Цветан и Русе; Крајчевци (1 к.) не знаат точно од каде се доселени. За нив се вели дека тешко се множат; Младен (1 к.) се доселил Младен кој е жив (во 1947 година). Овде дошол како домазет. А е роден во селото Теново; Раде (1 к.) се доселил Раде од селото Церово. Таму припаѓал на староседелскиот род Ивановци; Меновци (1 к.) се доселил основачот на родот Огњан како домазет од селото Растеш во Порече; Николоски (1 к.) потекнуваат од домазет од селото Блаце. Во Блаце постојат нивни истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Пршовце на Шар Планина.[13]
Општествени институции
[уреди | уреди извор]- Цркви[14]
Администрација и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2044 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Стенчевска тврдина
- Ранохристијанска епископија с.Стенче
- Тумба Потсело - неолитска населба
Личности
[уреди | уреди извор]- Владо Бучковски (делумно потекло);
- Војо Михајловски - политичар;
- Кузман Сотировски - Чокалија (16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) - македонски фудбалер и прв македонски олимпиец.
- Томе Николовски - Мако - спортски работник и најбрзото десно крило во ФК „Балкан“, Скопје;
Галерија
[уреди | уреди извор]- Цркви
-
Црквата „Св. Илија“
-
Црквата „Св. Петка“
-
Црквата „Св. Атанасиј“
-
Црквата „Св. Екатерина“
- Носии и архитектура
-
Невестинската носија од Стенче е типична македонска носија од Горни Полог
-
Традиционална архитектура во Стенче
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Стенче : минато, сегашност, иднина / Ѓорѓи Наумовски ; [изработка на скица на Стенче Горан Тошевски]. - Скопје : Патриот-Р, 2007. - 104 стр., листови со слики во боја, превиткан лист со скица : илустр. ; 24 см
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф. (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 5846115.
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стенче“ на Ризницата ? |
- Портал посветен на Стенче Архивирано на 14 август 2009 г.
- Фрлање на крстот за Водици 2008 во Вардар (You Tube)
- Средбата на Владо Бучковски со својот дедо од Стенче[мртва врска] (Вест)
- Иконите во Стенче се оригинални, а селаните нестручни [мртва врска] (Натпис во Дневник)
|