Прејди на содржината

Мали сипаници

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Морбили)
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Мали сипаници
СинонимиМорбили, рубеола[1][2]
Дете со осип на мали сипаници
СпецијалностИнфектологија
СимптомиТреска, кашлица, течење на носот, воспалени очи, осип[3][4]
Компликациипневмонија, напади, енцефалитис, субакутен склерозирачки паненцефалитис[5]
Вообичаена појава10–12 дена после изложување[6][7]
Времетраење7–10 дена[6][7]
ПричинителиВирус на морбили[3]
СпречувањеВакцина против морбили[6]
ЛекувањеСупортивна нега[6]
Честота20 милиони годишно[3]
Смртни случаи73,400 (2015)[8]

Мали сипаници или морбили (латински: morbilli) — високозаразна болест на дишниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.[3][9] Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена.[6][7] Првичните симптоми вклучуваат треска, често со температура поголема од 40 °C (104.0 °F), кашлица, течење на носот, и воспалени очи.[3][4] Мали бели точки познати како Копликови петна може да се формираат од внатрешната страна на устата два до три дена после почетокот на симптомите.[4] Црвен исип вообичаено се јавува на лицето, а потоа се проширува на остатокот од телото три до пет дена после почетокот на симптомите.[4] Чести компликации вклучуваат појава на дијареа (во 8% од случаите), воспаление на средното уво (7%) и пневмонија (6%).[5] Поретко се јавуваат напади, слепило, или воспаление на мозокот.[5][6] Малите сипаници се познати и под други имиња како морбили, рубеола.[1][2] Рубела и розеола се различни заболувања и чии причинители се други несродни вируси.[10]

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе.[6] Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет.[6] Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.[5] Луѓето можат да бидат преносители на вирусот почнувајќи од четири дена пред до четири дена после појавата на осипот.[5] Стекнатиот имунитет е траен, и повеќето луѓе не заболуваат по вторпат.[6] Тестирањето за вирусот на мали сипаници кај суспектни случаи е значајно во напорите во јавното здравје за контрола на болеста.[5]

Вакцината против морбили е ефикасна во превенција на болеста, и вообичаено се администрира во комбинација со други вакцини.[6] Вакцинацијата резултирала со намалување на смртните случаи од морбили за 75% во периодот помеѓу 2000 и 2013, при што околу 85% од децата во светот моментално се вакцинирани.[6] Не постои специфичен третман доколку едно лице се зарази,[6] меѓутоа супортивната нега може да го подобри исходот.[6] Таа вклучува давање на орален раствор за рехидратација, здрава исхрана, и лекови за контрола на треската.[6][7] Антибиотици може да се дадат доколку се развие секундарна бактериска инфекција, како на пример бактериска пневмонија.[6] Суплементација со витамин A исто така се препорачува во земјите во развој.[6]

Годишно од морбили се заразуваат околу 20 милиони луѓе,[3] воглавно во регионите во развој во Африка и Азија.[6] Ниту една друга болест која може да биде превенирана со вакцинација не предизвикува толку голем број на смртни случаи.[11] Во 1980, 2,6 милиони луѓе починале од морбили,[6] а во 1990, починале 545,000; до 2014, глобалните програми за вакцинација го намалиле бројот на смртни случаи од морбили на 73,000.[8][12] Стапките на заболување и смртност, сепак, биле зголемени во 2017 поради намалување на опфатот на имунизација.[13] Ризикот за смртност помеѓу инфицираните вообичаено е околу 0.2%,[5] но може да биде и до 10% кај луѓе со малнутриција.[6] Повеќето од смртните случаи се јавуваат кај деца помали од пет години.[6] Се смета дека морбилите не се јавуваат кај други животни.[6] Пред имунизацијата во САД, годишно се јавувале помеѓу три и четири милиони случаи.[5] Како резултат на широкораспространетата вакцинација, болеста била прогласена за елиминирана во Америка во 2016.[14] Сепак, во 2017 и 2018 повотрно се појавиле нови случаи во овој регион.[15]

Симптоми

[уреди | уреди извор]

Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето:

  • Инфективен стадиум, при што се јавува зголемена телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед.
  • Катарален стадиум, при што лицето не може да поднесе светлина, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена.
  • Трет стадиум, во кој во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени. Првиот осип (макули) се јавува навечер, во пределот на косата. По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае 3 до 6 дена и потоа осипот почнува да бледее, а по една недела се губи.
Бели наслаги во устата, т.н. копликови флеки

Пренесување

[уреди | уреди извор]

Малите сипаници се пренесуваат преку дишењето (во контакт со течностите од носот и устата на заразеното лице) и се многу заразни - 90% од луѓето без имунитет кои го споделуваат животниот простор со заболеното лице ќе се заразат.

Инфекцијата има просечен период на инкубација од 14 дена (од 6-19 дена) и инфективноста трае од 2-4 дена пред, и од 2-5 дена по почетокот на осипувањето (односно, вкупно од 4-9 дена).

Во развиените земји се врши вакцинирање на децата со две дози, од кои првата на 18- месечна возраст, а втората меѓу четвртата и петтата година од животот.

Лицата кои прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет што ги штити во текот на целиот живот, односно веќе не заболуваат од мали сипаници.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Milner, Danny A. (2015). Diagnostic Pathology: Infectious Diseases E-Book (англиски). Elsevier Health Sciences. стр. 24. ISBN 9780323400374. Архивирано од изворникот на 2017-09-08.
  2. 2,0 2,1 Stanley, Jacqueline (2002). Essentials of Immunology & Serology (англиски). Cengage Learning. стр. 323. ISBN 978-0766810648. Архивирано од изворникот на 2017-09-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Caserta, MT, уред. (September 2013). „Measles“. Merck Manual Professional. Merck Sharp & Dohme Corp. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 23 March 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Measles (Rubeola) Signs and Symptoms“. cdc.gov. November 3, 2014. Архивирано од изворникот на 2 February 2015. Посетено на 5 February 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Atkinson, William (2011). Epidemiology and Prevention of Vaccine-Preventable Diseases (12. изд.). Public Health Foundation. стр. 301–23. ISBN 9780983263135. Архивирано од изворникот на 7 February 2015. Посетено на 5 February 2015.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 „Measles Fact sheet N°286“. who.int. November 2014. Архивирано од изворникот на 3 February 2015. Посетено на 4 February 2015.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Conn's Current Therapy 2015. Elsevier Health Sciences. 2014. стр. 153. ISBN 9780323319560. Архивирано од изворникот на 2017-09-08.
  8. 8,0 8,1 GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–544. doi:10.1016/S0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
  9. „Мали сипаници - Морбили“. Архивирано од изворникот на 2011-02-26. Посетено на 2011-03-29.
  10. Marx, John A. (2010). Rosen's emergency medicine: concepts and clinical practice (7. изд.). Philadelphia: Mosby/Elsevier. стр. 1541. ISBN 9780323054720. Архивирано од изворникот на 2017-09-08.
  11. Kabra, SK; Lodhra, R (14 August 2013). „Antibiotics for preventing complications in children with measles“. Cochrane Database of Systematic Reviews. 8 (8): CD001477. doi:10.1002/14651858.CD001477.pub4. PMID 23943263.
  12. GBD 2013 Mortality and Causes of Death, Collaborators (17 December 2014). „Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990–2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMC 4340604. PMID 25530442.
  13. „Measles cases spike globally due to gaps in vaccination coverage“. WHO (англиски). 29 November 2018. Посетено на 21 December 2018.
  14. „Region of the Americas is declared free of measles“. PAHO. 29 September 2016. Архивирано од изворникот на 30 September 2016. Посетено на 30 September 2016.
  15. „Measles spreads again in the Americas“. MercoPress. 28 March 2018. Посетено на 4 July 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори