Прејди на содржината

Одбрана (фудбал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лев бек)
Одбранбен играч (во белиот дрес), поставен пред противничкиот играч да го спречи нападот.

Во рамките фудбалот како спорт, одбранбениот играч кој се наоѓа во најоддалечениот дел од теренот има задача да го спречи противничкиот напад. Постојат четири типа на одбранбен играч - централен бек, дефанзивец поставен во среден ред, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија и страничен бек. Позициите на централниот бек и дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се од суштинско значење во повеќето современи формации. Улогите на дефанзивецот во средниот ред страничниот бек се поспецијализирани за одредени формации.

Централен одбранбен играч

[уреди | уреди извор]

Задачата на централниот одбранбен играч ( т.н. последен играч, централен дефанзивец или стопер) е да се спречи противничките играчи ( напаѓачи ) да постигнат гол и да ја изнесат топката од својот шеснаесетник. Како што и самото име кажува, тие играат во централната позиција. Позицијата претходно се однесувала на централната одбранбена половина. Кон почетокот на 20 век, кога повеќето тимови ја користеле 2-3-5 формацијата,двајцата играчи во улога на бекови биле познати како дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија,а редот од тројца играчи пред нив била познат како среден бек. Со текот на времето формациите се менувале и централниот играч од ова трио преминал во поголема одбранбена позиција, а со тоа го преземал називот среден бек. Левиот и десниот играчи од ова трио биле наречени лев и десен среден бек.

Во модерниот фудбал, повеќето тимови вклучуваат двајца централни дефанзивци позоционирани пред голманот. Постојат две главни одбранбени стратегии кои ги користи централниот бек – зонска одбрана кога централниот бек покрива одреден дел од теренот, и маркирање човек – на – човек кога секој централен бек има задача да покрие одреден противнички играч: Основни задачи на централниот бек се

  • Преглед на закани во непосредната околина (зонски одбрана) или маркирање одреден противнички играч.
  • Стартување над противнички играч како последна начин на одбрана од противникот.
  • Блокирање опасни вкрстувања, удари и додавања кои претставуваат опасност за тимот.
  • Спречување на противнички корнери и останување во противничкиот казнен простор при изведување на корнери или удари со глава.
  • Да се формира тактичка постава на тимот. Тренерите изберат дали да ја постават линијата на одбрана длабоко во својата половина или со поофанзивна формација. Изборот на дефанзивна линија е од голема важност за тактиката во професионална игра. Начинот на одбрана кога линијата е длабоко во својата половина се смета за поконзервативен пристап, меѓутоа, тоа исто така значи дека играчи од средниот ред треба да покријат поголем дел од теренот во текот на играта и ризикуваат да ја отстапат средината на теренот на противничките играчи. Високата дефанзивна линија овозможува да се истера противничкиот тим на негова територија и да се изврши притисок кога има шанса за гол, сепак, го остава напаѓачки тим ранлив на контра напади од брзите противнички играчи.
  • Одржување дефанзивна позиција. Поради појавувањето на офсајд правилото во модерниот фудбал, одбранбените играчи и централните бекови особено треба да се осигурат дека одбранбените линија е поставена пред противничките играчи кога се во непосредна близина на голот. Одбранбениот играч кој стои малку позади одбранбената линија, може на пример да "игра" како противнички играч и ненамерно создаде можност противниците да дадат гол.
  • Играње едноставна игра. Поради нивната близина до голот, централните бекови треба да избегнуваат премногу усовршена игра и да изведуваат кратки и едноставни додавања кон нивните соиграчи, како и да одбегнуваат додавања блиску до одбранбената линија поради тоа што може да бидат изложени на пресекување на топката од страна на противничките играчи.

Централниот бек повлекува посебен спектар на атрибути:

  • добра почеток на акцијата и способност за воздушни двобои за да ги спречат топките во воздух.
  • Сила, способност за стартување и добар преглед на играта за да ги спречи нападите еден на еден
  • Храброст и агресивност да дејствува и да се справува со неочекувани закани.
  • Способност да се чита играта на противниците како и предвидат нападите. Централните бекови треба да направат баланс меѓу потребата да се справат со секој противнички напад и потребата да одржуваат дефанзивна позиција.
  • Концентрација. Централните бекови треба да се фокусира на задачата и да се осигураат дека правилно стартуваат на топката кога ја одземаат и со тоа ја отстрануваат опасноста.
  • Додавање. Под притисок, централните бекови да изведат прецизни додавања за да ја префрлат топката до средниот ред.'

Страничен бек

[уреди | уреди извор]

Страничниот бек е модерна варијанта на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија, само што е повеќе сконцентриран на нападот. Називот е добиен од спојување на значењето на "крилен играч" и "дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија". Обично се употребуваат во 3-5-2 формацијата, и затоа може да се сметаат за дел од средниот ред. Но, тие исто така може да се употребат во 5-3-2 формацијата и со тоа добиваат повеќе дефанзивни задачи. Во развојот на современиот фудбал, старничните бекови се комбинација на крилни играчи и дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија . Ова е една од позициите кои бараат најголема физичка подготвеност. Страничните бекови обично се посмели од дефанзивците кои ја држат целосната дефанзивна линија и од нив се очекува да обезбедат простор особено во тимовите кои играат без крилни играчи. Страничните бекови мора да се многу издржливи, да бидат способни за додавања на противничката половина и да ги издржат нападите од противничките крила. Дефанзивниот среден играч има за задача да го покрие страничниот бек кога тој преминува во напад.

Дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија

[уреди | уреди извор]

Овој тип на одбранбен играч ја држи целосната дефанзивна линија, по една од двете страни на теренот [3]. Нивната основна задача е да ги спречи противничките играчи да ја преминат или пресечат топката да се врати назад во казнениот простор. Во некои одбранбени системи, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија целосно е фокусиран на одреден противнички играч. Од повеќето дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија се очекува да повлечат напаѓачка димензија со навлегување во другата половина, да навлечат вкрстување заедно со страничните играчи. Во традиционалната 2-3-5 формација, двајцата играчи во дефанзивата пред својот голман се сметаа како дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија. Оваа формација речиси никогаш не се користи во современиот фудбал, била заменета со одбрана од четворица играчи, меѓутоа и понатаму се употребува поимот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија заедно со централниот бек и со тоа ја зајакнуваат дефанзивната линија. Традиционалниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија во Англија обично е крупен, силен маж спремен да изведе хакирање т.е. внимателно кошкање со противникот. Оваа тактика била легализирана во Британија но не и во другите земји со што се предизвикаа контроверзии особено откако играта станувала популарна на интернационално ниво во педесеттите години. Тактиката денеска е официјално забранета во сите земји, а со тоа им беше отворена вратата на новите различни одбранбени тактики.

Во современиот фудбал, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија има заземено офанзивна улога, што не е случај во традиционалниот фудбал [4]. Крилната формација во форма на дијаманд 4-4-2 му налага на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија да покрие значителен дел и да се движи надолу кон боковите. Некои од одговорностите на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се:

  • да обезбеди физички опструкција на противничките напаѓачи со тоа што ќе ги оттргне во област каде што се безопасни. Тие можат да маневрираат на начин кој го предизвикува противникот да прекине со нападот кон централниот бек или кон дефанзивецот од средниот ред со послаба концентрација кога малку е веројатно да биде подготвен. Инаку, маневрирањето и интелигентното позиционирање може едноставно да го притисне крилниот играч кон област каде има слабо влијание.
  • Водење на топката и изведување вкрстувања во казнениот простор на противникот.
  • Фокусирање на страничните и останатите играчи од нападот. Дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија обично не учествува во акции во противничкиот дел. Сепак се стремат кон брзо покривање на противничките играчи кои веќе ја преминале дефанзивната линија . Меѓутоа, тие имаат за цел брзо да се освојува со напаѓачки играчи кои весо лесни стартови од страна. Меѓутоа сепка не е препорачливо цело време да се фокусирани на противниците заради тоа што ризикуваат да им се наруши тактиката. [5].
  • Одржување на тактичка дисциплина со спречување на противничките играчи да навлезат во одбранбената линија со нивно ненамерно уфрлање во противничкото поле.
  • Овозможување додавање на страничните позиции, на пример со создавање можност за дупли пас.
  • Во крилните формации, дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија треба да ги преземе улогите на двајцата крилни играчи и иако одбранбената задача може да биде преземена од играчите од средниот ред.
  • Дополнително , дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија кога напаѓа агресивно ги притиснува противничките дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија и крилните играчи длабоко кон нивната половина. Нивното присуство во нападот ги приморува противниците да се повлечат од средиштето, што може да го свртат во своја корист [6].

Поради физички и технички барања кои ги налага нивнатга играчка позиција, успешниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија мора да поседува одлични предиспозиции, кои го прават прилагодлив на улогата на теренот. Многу од подвижните играчи кои можат да играат на различни позиции на теренот се обично во улога на дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија. Добар пример за ова е капитенот на Интер од Милано, Аргентинецот Хавиер Занети кој во својата богата кариера има играно како дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија, крилен играч и како играч од среден ред. Во современиот фудбал дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија учествува со прецизни додавања кога тимот преминува во контра напад. Позначајни одлики на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се

  • брзина и издржливост за да одговори на предизвикот да ја покрива целатта страна која ја бара од него дадената позиција.
  • добра работна навика и тимска одговорност.
  • способност за фокусирање и стартување како и претчувство како ќе се изведува акцијата.
  • способност за добро пресекување на топката со цел да се создаде можност за напад на неговиот тим со движење во слободен простор.
  • способност за водење на топката. Повеќето од дефанзивците кои ја држат целосната дефанзивна линија се одлични водачи на топката и понекогаш се наоѓаат во улога на напаѓачи од втор план.
  • играчка интелигенција. Како што е вообичаено за дефанзивците, дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија во текот на играта треба да одлучи дали да се движи во близина на крилниот играч или да одржува дистанца. Оние кои се во блиизна на играчите кои напаѓаат сè повеќе изложени на исфрлување од својата позиција, а со тоа може да остават празен простор во одбраната. Брзо ослободување од топката со дупли пас ќе овозможи слобдно место позади дфанзивецот. Поради оваа слабост крилните играчи кои се сметаат за опасни се пратени и од дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија и од страничниот бек. Со ова на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија има можност за одржување на дефанзивната линија. [7].

Дефанзивец поставен во среден ред

[уреди | уреди извор]

Дефанзивецот поставен во средниот ред е поподвижен од централниот бек со самото тоа што успева да ја исчисти топката доколку противникот успее да ја навлезе во одбранбената линија. Неговата позиција е подинамична од онаа на останатите одбранбени играчи кои всушност се фокусирани на одредени играчи. Поради ова, позицијата е понекогаш се нарекува Либеро (потекнува од италијански збор што значи "слободен", употребен од спортскиот новинар Џани Брера). Иако од дефанзивецот поставен во средниот ред може да се очекува да повлече контра-напад, неговите способности честопати се поврзуваат конкретно со дефанзивата. На пример,во затворениот систем на игра, што се употребувал во италијанскиот фудбал во 1960-тите години, дефанзивецот од среден ред бил сконцентриран само на својата половина. [2] Некои дефанзивци од среден ред се движат нанапред и ја изнесуваат топката во противничкото поле, додека другите ја пресекуваат акцијата и ја уфрлаат топката во противничкиот дел без да направат старт. Во современиот фудбал оваа дефанзивна позиција била многу ретко користена, само некои од клубовите во големите лиги ја применувале.

Погледни исто така

[уреди | уреди извор]