Прејди на содржината

Куќа на Калајџиевци (Вевчани)

Координати: 41°14′23.77″N 20°35′24.88″E / 41.2399361° СГШ; 20.5902444° ИГД / 41.2399361; 20.5902444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Калајџиевци
Куќата во 2018 година
Карта
Општи податоци
СтатусСпоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
МестоВевчани
ЗемјаМакедонија
Почната1881
Завршена1904
Технички податоци
Катови3
Подна површина76 м2

Куќа на Калајџиевцистароградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имале дуќан за газија, јамболии и храна.

Историја

[уреди | уреди извор]

При крајот на XIX век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.

За време на НОБ, куќата била користена за криење на партизаните и за одржување на тајни состаноци.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Архитектура“. Vevcani info. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 17 ноември 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°14′23.77″N 20°35′24.88″E / 41.2399361° СГШ; 20.5902444° ИГД / 41.2399361; 20.5902444