Прејди на содржината

Орман Чифлик (Пиринско)

Координати: 41°31′N 23°16′E / 41.517° СГШ; 23.267° ИГД / 41.517; 23.267
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дамјаница)
Орман Чифлик
Дамяница
Орман Чифлик is located in Бугарија
Орман Чифлик
Орман Чифлик
Местоположба во областа
Орман Чифлик во рамките на Пиринска Македонија
Орман Чифлик
Местоположба на Орман Чифлик во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°31′N 23°16′E / 41.517° СГШ; 23.267° ИГД / 41.517; 23.267
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна5.329 км2 (2,058 ми2)
Надм. вис.&10000000000000116000000116 м
Население (2015)
 • Вкупно1.325
 • Густина0,25/км2 (0,64/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2800
Повик. бр.0746

Орман Чифлик село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Орман Чифлик се наоѓа на 8 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 116 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5329 км2. Селото има исклучителна добра географска местололожба. Се наоѓа во долината на река Струма. Оваа близина со реката на селото му гарантира клима со средоземно влијание. Селото е опколено со планината Огражден на запад, Пирин од исток и Беласица од југ.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство

[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман (Orman) е село со 24 семејства и 50 жители Македонци[1][2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 135 жители, сите Македонци[1][3].

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1934 година името на селото е Орман Чифлик.[4] Новото име е дадено во чест на Даме Груев.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во селото Дамјаница околу 1/3 од населението се занимава со земјоделство, и сите тие имаат мали фарми (приоритет е производството на зеленчук на стаклена градина). Исто така, постојат неколку големи економски структури во селото, како што се Винаријата „Дамјанница“, „Бетон“ ЕООД и цементниот терминал „Девна цимент“ АД. Исто така, постои мала работилница за столарија и неколку мали фирми за кроење.

Население на Орман Чифлик по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 408 594 667 1112 1195 1371 1385 1369 1312 1325
Етнички состав на населението
од 2011 година[6]:
Националност Население Процент
Бугари 1180 91,19%
Роми 105 8,11%
Останати 5 0,39%
Вкупно 1294
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Во основното училиште „Св. Кирил и Методи“ во 2003 година бил ставен почеток на историската збирка од предмети сврзани со минатото на селото.

Главната религија во селото е Источното православие. По втората половина на 90-тите, евангелизмот бил многу активен, особено помеѓу ромското население. Денес, во селото има два христијански храма, еден православен и еден евангелски.

За време на изградбата на автопатот Струма, околу селото била откриена праисториска населба со уникатни наоди[8]. Најистакната природна форма е т.н. Левунска чука (Стената). Тоа претставува вулканско возвишение, формирано од ерупција на вулканот Кожух пред илјадници години. Неговата висина е 248 метри, а обемот е околу 3 километри. Во близина на врвот на ридот има 2 природни пештери со длабочина од само неколку метри. Според народните приказни, легендарниот херој Крали Марко се криел во една од пештерите. Ова е исто така причината поради која оваа пештера од мештаните е позната како Маркова дупка.

Образование

[уреди | уреди извор]

Во селото има градинка каде децата се поделени во три групи: јасли; градинка и предучилишна градинка. Библиотеката поседува 5192 тома литература. Бугарска пошта (со канцеларија на MoneyGram) исто така има свое претставништво во селото. Исто така има и лекар, стоматолог, фитнес сала, каса за Easypay, неколку десетици мали семејни продавници.

ОУ „Свети Кирил и Методиј“, со својата историја и традиција, станало привлечен центар за зачувување на бугарштината не само во селото, туку и во регионот. Првото училиште во селото Орман Чифлик (преименувано во Дамјанница во 1934 година) било отворено во 1919 година. Тоа е едно од најстарите училишта во регионот Пирин. Илјадници училници поминале низ училиштетп и со себе го пренеле споменот на училиштето и гордоста да бидат следбеници на училиште со богата историја.

Денес, 219 ученици учат во една убава и пространа зграда под раководство на 18 наставници и воспитувачи. Со своите квалификации и професионалните квалитети, со чувството за одговорност, тие ги решаваат задачите доделени во образованието на децата. Училиштето е централно - автобускиот превоз е предвиден да ги одведе и донесе учениците од соседните села. Училиштето располага со добро опремени простории за хемија, биологија, физика и прекрасни затворени спортски објекти и спортски терени на отворено за одбојка, кошарка, ракомет, игралиште за мини фудбал и многу добро одржувана библиотека со богат фонд на книги, голема збирка од историјата за селото и околината. Гордост на училиштето е теренскиот хокеарски тим кој е меѓу најдобрите. Ученичкиот ракомет исто така имал успех на училиштето. Училиштето учествува во проект во рамките на Секторската програма „Коменски“-„ Учење во текот на целиот живот“ според оваа програма учениците и нивните наставници патувваат за Москва, Шпанија и Полска, Турција и Белгија. Училиштето има богата библиотека од над 3000 книги. Тие го слават празникот на писмото, денот на водата и учествуваат во добротворна кампања за доброто на болното дете (со правење и продажба на карти и собирање скоро 6000 лева помош од ученици и наставници за само еден месец).

Селото има фудбалски клуб, кој се вика ФК Локомотив Дамјаница. Екипата насрапува во Аматерската фудбалска лига.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Празник на селото е 15 август, односно празникот Успение на Пресвета Богородица.

  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144-145.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  4. Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989, стр. 91.
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Дамяница, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  8. Уникални находки при разкопки край Сандански