Прејди на содржината

Глуино

Од Википедија — слободната енциклопедија

Глуино () е хипотетички суперсиметричен партнер на еден глуон g. Глуината се Мајоранини фермиони и содејствуваат по пат на јака сила како октет на боја[1] Глуината имаат лептонски број 0, барионски број 0, и спин 1/2.

Се очекува глуината да бидат парно произведени во забрзувачи на честички како Големиот хадронски судирач.

Глуината се распаѓаат по пат на силно взаемодејствие со скварк и кварк доколку се задоволи соодветен масен сооднос. Скваркот потоа се распаѓа во уште еден кварк и најлесната суперсиметрична честичка, НСЧ (со што детекторот не се гледа).

Ова значи дека типичниот сигнал за глуиното во хардонски судирач е четири млазови плус отсутната енергија.

Меѓутоа доколку глуината се полесни од скварковите, преку скварк со некласично движење можеме кинематички да пристапиме кон 3-елементно разложување на глуиното во неутралино и пар од кварк и антикварк.

  1. Бидејќи постојат 8 глуона во различни комбинации од бои, затоа исто така постојат 8 глуина со различни комбинации на бои.