Прејди на содржината

Ветар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ветер)

Ветар (ветер) — струењето на воздухот, т.е. ветар (или ветер) се воздушните молекули во движење.

Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.

Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.

Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.

Постојани ветрови

[уреди | уреди извор]
  • Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради Земјината ротација скршнуваат кон запад.
  • Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ сè до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
  • Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот Океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.

Периодични ветрови

[уреди | уреди извор]

Овие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.

Локални ветрови

[уреди | уреди извор]

Карактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.

Ветрот во митологијата

[уреди | уреди извор]

Ветровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и одлики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]

Ветрот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Ветрот како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Ветрот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Ветрот е див“ (англиски: Wild is the wind) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1976 година.[31]
  • „Божествен ветар“ (англиски: Divine Wind) - песна на американската рок-група Blue Oyster Cult од 1980 година.[32]
  • „Дувај ветру, дувај“ (англиски: Blow Wind Blow) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[33]
  • „Лесен ветар“ (англиски: Easy Wind) - песна на американската рок-група Grateful Dead од 1970 година.[34]
  • „Наспроти ветрот“ - песна на македонската етно-група Dragan Dautovski Quartet.[35]
  • „Ладно ветре на карпите“ (англиски: Cool Breeze On The Rocks) — песна на американската хип-хоп група De La Soul.[36]
  • „Идиотски ветар“ (англиски: Idiot Wind) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1975 година.[37]
  • Со ветрот в лице“ (српски: S vetrom uz lice) — музички албум на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[38]
  • „Прашина на ветрот“ (англиски: Dust in the wind) — песна на американската група Канзас (Kansas).[39]
  • „Леден ветар“ (англиски: Eisiger Wind) — песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[40]
  • „Ветрот и дождот“ (англиски јазик: The Wind And The Rain) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.[41]
  • „Секој начин на којшто дува ветрот“ (англиски: Any Way The Wind Blows) — песна на американската рок-група The Mothers Of Invention од 1966 година.[42]
  • „Со лицето спроти ветрот“ (англиски јазик: Facing The Wind) — песна на германската музичарка Нико (Nico) од 1968 година.[43]
  • „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) — песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[44]
  • „Ветровито“ (англиски: Windy) — песна на британската рок-група Прем (Pram) од 1995 година.[45]
  • „Прашина на ветрот“ (англиски: Dust in the wind) — песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[46]
  • „Виор“ (англиски: Whirlwind) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик од 1975 година.[47]
  • „Бакнежи на ветрот“ (англиски: Kisses on the Wind) — песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[48]

Ветрот како тема во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-108.
  2. Хорације, Одабране песме. Београд: Нолит, 1956, стр. 9.
  3. Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 57-59.
  4. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 28-30.
  5. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 57.
  6. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 71.
  7. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 143-145.
  8. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 23-25.
  9. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 46.
  10. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 29-36.
  11. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 99.
  12. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 24-25.
  13. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 69.
  14. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 7.
  15. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 15.
  16. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 27.
  17. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 14-15.
  18. „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
  19. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 260.
  20. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 383-385.
  21. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 76.
  22. Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 42-44.
  23. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 255-256.
  24. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 44.
  25. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 48.
  26. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 50.
  27. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 181.
  28. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 24-30.
  29. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 54.
  30. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  31. YouTube, David Bowie - Wild Is The Wind (пристапено на 8.5.2017)
  32. Divine Wind - Blue Öyster Cult - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
  33. DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
  34. YouTube, Easy Wind (пристапено на 30.5.2019)
  35. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
  36. De La Soul – 3 Feet High And Rising (пристапено на 25.6.2022)
  37. YouTube, Bob Dylan - Idiot Wind (Audio) (пристапено на 29.3.2020)
  38. Discogs, Ekatarina Velika ‎– S Vetrom Uz Lice (пристапено на 13.8.2020)
  39. YouTube, Dust in the wind lyrics - Kansas (пристапено на 28.1.2017)
  40. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Eisiger Wind (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
  41. Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)
  42. Discogs, The Mothers Of Invention ‎– Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)[мртва врска]
  43. Nico (3) – The Marble Index (пристапено на 13.5.2023)
  44. DISCOGS Graham Parker And The Rumour ‎– Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
  45. Pram – Helium (пристапено на 1 ноември 2023)
  46. Todd Rundgren ‎– Something / Anything? (пристапено на 27.12.2017)
  47. Roxy Music ‎– Siren (пристапено на 27.12.2017)
  48. Neneh Cherry - Kisses On The Wind (посетена на 15.11.2016)