Бурбонци
Бурбони | |
---|---|
Претходна династија | Капетинска Династија |
Земја | Франција, Навара, Шпанија, Луксембург |
Прпадност | Француска, Шпанска |
Основана | 1272 |
Основач | Робер, Гроф од Клермон |
Тековен владетел | Франција и Навара: Принц Луј XX (1989-)
Шпанија: Хуан Карлос I од Шпанија (1975-)
Парма: Војводата Карлос Хуго (1977-)
Двете Сицилии: Спорно Војводата Карлос од Калабрија (1964-) илиВојводата Карло од Кастро (2008-) Луксембург: Големиот војвода Анри I (2000-) |
Последен владетел | Франција и Навара: Анри V (1830)
Парма: Роберто I (1854-1859)
Двете Сицилии: Франческо II (1859-1861) |
Титули |
|
Имот | Франција, Навара, Шпанија, Луксембург |
Крај на владеењето | Франција и Навара: 1830: Јулска револуција
Парма: 1859: Приклучување кон Кралството Сардинија
Двете Сицилии: 1861: Обединување на Италија |
Следни гранки |
|
Бурбонската династија (француски: Bourbon, шпански: Borbón) е важна европска династија, гранка од Капетинската династија. Бурбонските кралеви владееле со кралствата Навара и Франција уште од 16 век. До 18 век, членови на Бурбонската династија биле монарси и на Шпанија, Неапол, Сицилија и Парма. Шпанија и Луксембург и денес имаат Бурбонски монарси.
Бурбонските монарси владееле со Навара од 1555 и со Франција од 1589, сè до 1792 кога монархијата била отфрлена за време на Француската револуција. Потоа, повторно монархијата била обновена во 1815, и дефинитивно заменета во 1830 од Орлеанската династија.
Филип V од Шпанија бил првиот Бурбонски владетел на Шпанија од 1700 година. Оваа гранка од Бурбонската династија владее со Шпанија до денес. Нејзин претставник е Н.В. кралот Хуан Карлос I.
Историја
[уреди | уреди извор]Бурбоните првобитно биле аристократско семејство чие стебло може да се следи до почетокот на 13 век, кога со имотот Бурбон владеел лорд кој бил вазал на францускиот крал. Во 1268 година Робер, Гроф од Клермон, шестиот син на кралот Луј IX се оженил со Беатрикс од Бургундија, Дама на Бурбон. Бидејќи таа била единствена наследничка на имотот Бурбон, нивниот син ја добил титулата Војвода од Бурбон во 1327. Бурбонската линија најпрво станале кралеви на Навара во 1555, а потоа и на Франција, кога Анри III од Навара станал Анри IV од Франција во 1589.
Список на Бурбонски монарси
[уреди | уреди извор]Франција
[уреди | уреди извор]Годините се однесуваат на владеењето.
- Анри IV од Франција, Велики (1589–1610)
- Луј XIII од Франција, Праведниот (1610–1643)
- Луј XIV од Франција, Кралот Сонце (1643–1715)
- Луј XV од Франција, (1715–1774)
- Филип II од Орлеан (Регент) (1715–1723)
- Луј XVI од Франција (1774–1792)
- Луј XVIII од Франција (1814–1824)
- Шарл X од Франција (1824–1830)
- Луј-Антоан, Војвода од Ангулем, Луј XIX (1830)
- Луј-Филип (Династија Бурбон-Орлеан) (1830-1848)
Шпанија
[уреди | уреди извор]Годините се однесуваат на владеењето.
- Филип V од Шпанија (1700–1724 и 1724–1746)
- Луј I од Шпанија (1724; владеел помалку од една година)
- Фердинанд VI од Шпанија (1746–1759)
- Карло III од Шпанија (1759–1788)
- Карло IV од Шпанија (1788–1808)
- Фердинанд VII од Шпанија, Посакуваниот (1813–1833)
- Изабела II од Шпанија (1833–1868)
- Алфонсо XII од Шпанија (1875–1885)
- Алфонсо XIII од Шпанија (1886–1931)
- Хуан Карлос I од Шпанија (1975–денес)
Луксембург
[уреди | уреди извор]Годините се однесуваат на владеењето.
- Жан, Голем војвода од Луксембург (1964–2000)
- Анри, Голем војвода од Луксембург (2000–present)
|