Прејди на содржината

Бунаса

Координати: 39°57′20″N 21°46′22″E / 39.9556° СГШ; 21.7728° ИГД / 39.9556; 21.7728
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бунаса
Βουνάσα
Бунаса на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.611 м
Координати39°57′20″N 21°46′22″E / 39.9556° СГШ; 21.7728° ИГД / 39.9556; 21.7728
Географија
МестоКожанско, Егејска Македонија
Матичен венецКамбуница
Карта

Бунаса (Вунаса или Бунасија; грчки: Βουνάσα, Βουνάσσα, Μπουνάσα, Μπουνάσια) — планина во Кожанско, Егејска Македонија. Претставува дел од планината Камбуница.[1]

Бунаса е планински комплекс во југоисточниот дел на Гребенско, северно од гратчето Дескати и лежи на границата со Кожанско. Дел е од планинскиот комплекс на Камбуница. На север е одвоена од малиот венец Фламбуро со реката Бистрица, додека на југ е одвоена од малата планина Третимо со потокот Потамија. На запад граничи со реката Сјуца (десна притока на Бистрица) и со нејзината десна притока Каравида. На исток е одделена од венецот Сулиотис со мало седло (800 м) од кој извираат реките Аркудолак и Потамија.[1]

Карпите на планината се гнајсови, шкрилци и доломитски варовници.[1]

Источно од врвот Капсалес (1420 м), на 9 км (или по патеката околу 2,5 часа) од Дескати, се наоѓа планинарскиот дом на Дескатското планинарско друштво со 65 легла. Од него до врвот се сатсува за околу 30 минути. Врвот се искачува од Дескати (880 м) за околу 3 часа, или од Бунаскиот манастир („Св. Благовештение“) за околу 3,5 часа.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Бунаса, Симеја, Прионос Βουνάσα, Πρίονος, Σημαία 1.161[1] СЗ над Дескати и СИ над Бунаскиот манастир
Вуни Βουνί 1.147[1] СИ од Дескати
Капсалес Καψάλες 1.580[1] И над Бунаскиот манастир
Коромилија Κορομηλιά 1.336[1] С од Дескати
Кутра Κούτρα 1.074[1] Ј од Бунаскиот манастир
Крифокалива Κρυφοκάλυβα 1.524[1] И над Бунаскиот манастир
Мавролитаро Μαυρολίθαρο 1.360[1] СИ од Дескати
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.051[1]
Пиргос Πύργος 1200[1] СИ од Дескати
Тумба Τούμπα 1100[1]
Трани Рахи Τρανή Ράχη 1200 - 1100[1]
Фламбуро Φλάμπουρο 1117[1]
Вотанас Βοτανάς 951[1] И од Дескати
Врахос Βράχος 829[1]
Линка Λίγκα 860[1]
Магула Μαγούλα 796[1] Ј од Велиди
Мартатикес Рахес Μαρθάθικες Ράχες 984 - 922[1]
Стривадија Στριβάδια 920[1]
Цара Τσάρα 900[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 391. ISBN 978-960-86676-6-2.