Прејди на содржината

Алгуња

Координати: 42°15′38″N 21°49′0″E / 42.26056° СГШ; 21.81667° ИГД / 42.26056; 21.81667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Алгуња
Алгуња во рамките на Македонија
Алгуња
Местоположба на Алгуња во Македонија
Алгуња на карта

Карта

Координати 42°15′38″N 21°49′0″E / 42.26056° СГШ; 21.81667° ИГД / 42.26056; 21.81667
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Средорек
Население 300 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17003
Надм. вис. 445 м
Алгуња на општинската карта

Атарот на Алгуња во рамките на општината
Алгуња на Ризницата

Алгуња — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Старо Нагоричане, од десната страна на Пчиња, а нејзиниот атар се допира со државната гранична линија со Србија. Како периферна населба, таа има ридски карактер на надморска височина од 500 метри. Од градот Куманово селото е одд алечено 28 км.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е со средна големина и зафаќа простор од 15,2 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 697 ха, на пасиштата отпаѓаат 642 ха, а на шумите 104 ха. Според тоа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948725—    
1953787+8.6%
1961755−4.1%
1971650−13.9%
1981452−30.5%
ГодинаНас.±%
1991281−37.8%
1994288+2.5%
2002237−17.7%
2021300+26.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алгуња живееле 256 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алгуња имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]

Од оваа населба се иселил значителен дел од населението, така што таа преминала од средно по големина, во мало село. Во 1961 година Алгуња броела 755 жители, од кои 597 биле Срби, а 158 жители Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 288 жители, од кои 191 се Срби, а 96 жители Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Алгуња имало 237 жители, од кои 88 Македонци и 149 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 85 Македонци, 4 Албанци, 3 Роми, 136 Срби, 3 останати и 69 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 725
1953 59 7 128 593 ... 787
1961 158 ... ... 597 ... 755
1971 170 ... 480 ... 650
1981 71 2 379 ... 452
1991 67 209 ... 5 281
1994 96 191 ... 1 288
2002 88 149 1 237
2021 85 4 3 136 3 69 300

Колицко е православно (македонско-српско) село.

Родовите во селото се делат на маала.

  • Во маалото Село се следните родови: Бутковци (10 к.), Стошиќи (8 к.) и Робаци (5 к.) потекнуваат од ист предок кој бил основач на денешното село. Во родот Стошиќи се знае следното родословие: Илија (жив на 80 г. во 1972 година) Димко-Стоше-Ѓеле, понатака не ги знаат предците; Моравци (1 к.) и Митковиќи (1 к.) доселени се од некое село кај Прешево; Николинци (11 к.), Нешковиќи (10 к.) и Филиповиќи (9 к.) доселени се, но не знаат од каде; Димковиќи (3 к.) доселени се пред 1912 година од некое село кај Прешево; Арсиќи (1 к.) доселени се од селото Рамно; Младеновиќи (1 к.) доселени се од селото Лопардинце кај Бујановац.
  • Во маалото Татариновац се следните родови: Апостоловиќи и Величковиќи (14 к.) доселени се во 1925 година од селото Старац кај Бујановац; Китановиќи, Петковиќи и Јоциќи (4 к.) исто така се доселени од селото Старац во 1925 година; Николиќи (2 к.) доселени се од селото Спанчевац кај Бујановац.
  • Во маалото Сејдинци се следните родови: Димитријевиќи, Митиќи и Станојевиќи (20 к.) доселени се во 1925 година од селото Кочура кај Врање.
  • Во маалото Гулиновац се следните родови: Карафилци (4 к.) доселени се од соседното село Оравница кое сега не постои; Саздини (2 к.) доселени се од селото Пелинце; Трајановци (2 к.) и Стојменовци (1 к.) доселени се од селото Кленике кај Бујановац; Петковци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Малотино.[9]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Каленчарци и Кајсторовци се иселиле во селото Кокино. Основачите на овие два рода се доселиле од Алгуња, тие се постари иселеници. Марушани се иселени во Карабичане. После Втората светска војна имало иселување во Белград, Пожаревац, Смедерево (во Србија), Скопје и Куманово.[9]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[10]


Од културните споменици во Алгуња била изградена средновековна црква „Св. Никола", која е сега во урнатини, но сè уште не е точно познато кога била подигната.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 10.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 217.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област.
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]