Јужна Морава
Јужна Морава | |
---|---|
Јужна Морава кај с. Моравац | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Скопска Црна Гора, кај с. Кучевиште, Македонија |
Устие | |
• место | со Западна Морава ја образува Голема Морава кај Сталаќ, Србија |
Должина | 295 км |
Големина на сливот | 15.469 км2 |
Проток | |
• просечен | 100 м3/с |
Особености на сливот | |
Јужна Морава — река во Македонија и Србија, пократката од двете реки кои ја сочинуваат Голема Морава. Долга е 295 км и тече во правец југ-север, од Општина Чучер-Сандево близу границата до централна Србија, каде се среќава со Западна Морава кај Сталаќ и ја образува Голема Морава.
Извор
[уреди | уреди извор]Јужна Морава настанува на планината Скопска Црна Гора. Реките Кључевска и Слатинска се спојуваат во Голема Река, која ја преминува српската граница над с. Бинач во Косово и го добива името Биначка Морава. По 49 км Биначка Морава се среќава со Прешевска Моравица кај Бујановац и преостанатите 246 км тече као Јужна Морава.
Географија
[уреди | уреди извор]Реката припаѓа на црноморскиот слив, има сливно подрачје од 15.469 км2, од кои 1.237 км2 се во Бугарија (преку притоката Нишава) и 44 км2 во изворишниот дел во Македонија[1]. Просечниот проток во устието изнесува 121 м3/с и не е погодна за пловидба.
Јужна Морава има сложена долина, состоејќи се од низа клисури и котлини. Со излегувањето од Сталаќката Клисура, реката се среќава со Западна Морава.
Во макрогеолошки поглед, Јужна Морава ги поврзува Егејскиот и Панонскиот слив. Ова ја предизвикува појавата наречена привидна обратност на текот, бидејќи се чини како реката да се качува по планината, а а потоа пак се спушта. Двете големи котлини се спојуваат во Грделичката Клисура, но дното на клисурата, низ кое тече реката е многу пониско од околните планини, така што реката рече нормално.
Јужна Морава некогаш била долга 318 км и била подолгата притока на Голема Морава. Бидејќи низ времето предизвикала неколку поплави, оваа свиена река е кратена за речиси 30 км, така станувајќи пократка од Западна Морава. Меѓутоа, Западна Морава отсекогаш имала поголем проток.
Подрачјето во јужна Србија низ кое тече Јужна Морава се речиси без шуми, што е предизвикувач за еден од најтешките случаи на ерозија на Балканот. Како последица од ова, реката внесува големи количини материјал во Голема Морава, полнејќи и подигајќи ѝ го коритото, што ги потпомогнало големите изливања на нејзината река-ќерка.
Притоки
[уреди | уреди извор]Јужна Морава има вкупно 157 притоки. Поважни се:
Леви: Бистрица, Калиманка, Јабланица, Ветерница, Пуста Река и Топлица.
Десни: Врла, Џепска Река, Предејанска Река, Козарачка Река, Власина, Нишава (најдолга) и Сокобањска Моравица.
Стопанско значење
[уреди | уреди извор]Јужна Морава има голем електростопански потенцијал, но засега тој воопшто не е искористен. Во нејзиниот слив (на р. Власина) е изграден ХЕЦ „Врла“ {I-IV}. Во извесна мера, водата на Јужна Морава се користи за наводнување.
Речната долина има најважна улога во сообраќајот, како природен пат за железницата и автопатот Белград–Скопје–Солун.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Група автори (2016). „Хидрографски одлики“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 226. ISBN 978-9989-110-90-0.
Извори
[уреди | уреди извор]- Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета; ISBN 86-07-00001-2
- Јован Ђ. Марковић (1990): "Енциклопедијски географски лексикон Југославије"; Свјетлост-Сарајево; ISBN 86-01-02651-6
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јужна Морава“ на Ризницата ? |
- Пловен пат Морава-Вардар
- Карта на пловниот пат Морава-Вардар Архивирано на 26 февруари 2009 г.
- Архивирано на
- .
- Патот на Македонија кон Дунав
43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД
|