Прејди на содржината

Јелешка Река

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јелашка Река)
Јелешка Река
Сакулева
Реката низ градот Лерин
Местоположба
Држава Грција и Македонија Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоБаба
Устие 
 • место
Црна Река, кај с. Брод, Општина Новаци
Големина на сливот876,8 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Елешка (Сакулева) Река помеѓу селата Сакулево и Долно Клештино.

Јелешка Река (лерински назив: Сакулева или Секулева, Сакулина (грчки: Σακουλέβας, Сакулевас) — река во западниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и јужниот дел на Македонија.[1]

Зафаќа сливно подрачје од 876,8 км2.[1] Претставува главна водна артерија на Леринското Поле.

Реката извира од планината Баба и тече на исток во тесна длабока долина под името „Сакулева Река“, преминува во рамницата Пелагонија и тече низ градот Лерин. Потоа свртува на север, минува крај селото Сакулево (чие име го носи), преоѓа во Македонија и се влева во големиот свиок на реката Црна над селото Брод, Општина Новаци, каде е позната како „Јелешка Река“.[1]

→ лева притока, ← десна притока

  • ← Стара Река[2]
  • ← Росенска Река[2]
  • → Мелисово (Сињацка)[2]
  • → Манастирица[2]
  • ← Воденица[2]
  • → Кулоцка[2]
  • ← Стара Река (Цингелица, Палео Рема,[2] Геропотамос[3])
  • → Мусанка[2]
  • → Јанакио[2]
  • ← Каландо[2]
  • → Филио[2]
  • → Камен Дол[2]
  • → Сушица[2]
  • → Гусација[2]
  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 34. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. „Λύγκος“. Natura Graeca. Посетено на 21 февруари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]