Еш на Алзет
Еш на Алзет Esch-Uelzecht | ||
---|---|---|
Општина | ||
Map of Luxembourg with Еш на Алзет highlighted in orange, the district in dark grey, and the canton in dark red | ||
Координати: 49°30′N 5°59′E / 49.500° СГШ; 5.983° ИГД | ||
Држава | Луксембург | |
Округ | Луксембург | |
Кантон | Еш на Алзет | |
Управа | ||
• Градоначалник | Lydia Mutsch | |
Површина | ||
• Вкупна | 14,35 км2 (5,54 ми2) | |
Ранг | 89-та од 116 | |
Најг. вис. | 426 м | |
• Ранг | 39th од 116 | |
Најм. вис. | 279 м | |
• Ранг | 92nd од 116 | |
Население (2009) | ||
• Вкупно | 29,853 | |
• Ранг | 2nd од 116 | |
• Густина | 2,100/км2 (5,400/ми2) | |
• Ранг | 1st од 116 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
LAU 2 | LU00010004 | |
Мреж. место | esch.lu |
Еш на Алзет (луксембуршки: Esch-Uelzecht, германски: Esch-an-der-Alzette или Esch-an-der-Alzig, француски: Esch-sur-Alzette) е општина со статус на град во југозападниот дел на Луксембург. Градот е втора најнаселена општина во државата, со население од 33,286 жители.[1]
Тој се наоѓа во југозападниот дел од државата, на границата со Франција. Градот вообичаено се нарекува само Еш, но постои село и општина по на север со името Еш на Сур од која се разликува. Тој лежи во долината на реката Алзет, која тече низ градот. Главниот град, Луксембург, е оддалечен околу 15 километри североисточно.
Историја
[уреди | уреди извор]Долг период на време Еш бил мало фармерско село во долината на реката Алзет. Ова се променило кога големи количини на железна руда биле пронајдени во областа во 1850 години. Со развој на рудници и челична индустрија, населението во градот се зголемило десеткратно за неколку децении. Во 1911 година била основана компанијата АРБЕД, која произведувала челик и железо.[2] Развојот на челичната индустрија, посебно во југот на државата, му донел на Луксембург одржлив економски раст во текот на втората половина од 19. век.[3]
Во 1970 години како резултат на челичната криза, рудниците и многу од високите печки биле затворени, последниот, во Еш-Белвал, дефинитивно престанал со работа во 1997 година.[3] Високите печки биле заменети со електропечки кои работат со отпадно железо наместо со железна руда.[4]
Денес индустриските пусти површини во квартот Белвал оставени од челичната индустрија, се преуредени и претворени во нов, модерен кварт на градот. Нови културни објекти како киното Утополис Белвал[5] и Рокхал, најголемата концертна сала во Луксембург,[6] училишта, станови и трговскиот центар Белвал Плаза, биле изградени во последните години.
Места на интерес
[уреди | уреди извор]Еш-сир-Алзет е дом на Националниот музеј на отпор, во кои се сместени материјали поврзани со отпорот кон германската окупација во текот на втората светска војна. Скулптурата насловена Политички затвореник изработена од Лусен Верколие се наоѓа на влезот на музјејот. Други туристички атракции се големиот парк, и кулата Бервар, изградена во 1621 година.
Милијатурната железница Ланкелц функционира во недела попладне и за време на државните празници во периодот од месец мај до средината на октомври.[7]
Во градот исто така се наоѓа Конзерваториумот на музиката.[8] Основан како музичко училиште во 1926 година, добил статус на конзерваториум во 1969 година.
Постојат две кина во центарот на градот, именувани 'Аристон' и 'Кинош' и трето именувано 'Утополис Белвал' кое се наоѓа во квартот Белвал. Во градот е сместен и театар кој го носи името на градот. Покрај овие објекти, во градот се наоѓа и објектот Културфабрик, кој претставува културен центар во пренаменетата градска касапница во кој се одвиваат настапи од различен вид.
Градот ја има најголемата трговска улица во Луксембург.[9]
Спорт
[уреди | уреди извор]Еш е срцето на традиционалниот фудбалски среден дел од југот на државата, и град кој прв го развил спортот во државата. Првите два основани клубови во државата, Фола Еш (основан во 1906 г.) и Жонес Еш (1907), доаќаат од градот. Женес Еш е најуспешниот луксембурски клуб, со освени дваесет и седум титули во националната лига; комбинирани со дванаесет титули од луксебурскиот куп. Своите натпревари на домашен терен, клубот ги игра на Стаде де ла Фронтиере, кој се наоѓа на југот од градот. Фола Еш бил важен клуб во првите години од лигата, со освоени пет титули до 1930 година, но клубот сега повторно е еден од најсилните во државата, со освоени титули во сезоните 2012–13 и 2014–15. Домашен терен на Фола Еш e Стаде Емил Мајриш, кој се наоѓа на југоистокот на Еш.
На Тур де Франс 2006, во Еш-сир-Алзет се возел крајот на втората етапа и почетокот на третата етапа.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Еш-сир-Алзет е збратимен со:
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Affichage de tableau“. Архивирано од изворникот на 2013-07-31. Посетено на 16 October 2014.
- ↑ „ArcelorMittal - History“. Архивирано од изворникот на 2015-03-28. Посетено на 16 October 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Economic and social portrait of Luxembourg : Introduction“. Архивирано од изворникот на 2007-11-14. Посетено на 2016-10-11.
- ↑ History – BELVAL
- ↑ „Utopolis.lu - Utopolis Belval“. Архивирано од изворникот на 2017-03-04. Посетено на 2016-10-11.
- ↑ Rockhal: Featured
- ↑ "Welcome to Esch-sur-Alzette", Luxembourg National Tourist Office. Retrieved 20 February 2011.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-30. Посетено на 2016-10-11.
- ↑ „Shopping in Luxembourg - Luxembourg.lu - Visit Luxembourg“. Архивирано од изворникот на 2013-09-12. Посетено на 2016-10-11.
- ↑ „Puteaux - Qu'est-ce que le jumelage?“. Mairie de Puteaux [Puteaux Official Website] (француски). Архивирано од изворникот на 2013-11-26. Посетено на 2013-12-28.
- ↑ Pessotto, Lorenzo. „International Affairs - Twinnings and Agreements“. International Affairs Service in cooperation with Servizio Telematico Pubblico. City of Torino. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 2013-08-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Википатување има туристички водич за Esch-sur-Alzette. |
„Еш на Алзет“ на Ризницата ? |
- (француски) Официјално мрежно место