Градот бил означен во 1239 како Вендишвалде и во 1300 саксонскиот крал Отон Први основал населба. Започнала да се развива бавно, но постојано. Градскиот замок (1669) — зачуван како градски музеј, но бил опожарен во 1686 и 1757 и поплавен од Елба во 1709 и 1761. Поради неговата местоположба, просперирал од отворањето на паробродскиот сообраќај помеѓу Берлин и Хамбург. Во 1846 била изградена првата железничка линија и биле отворени првите фабрики. Подоцна биле отворени и железнички работилници и депоа и светски познатата машина за шиење била склопувана тука во 1903. Во 1914 било изградена Градското собрание.
Од 15 август 1942 до 17 февруари 1945 постоел концентрациски камп во Витенберге. Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[2]
Помеѓу двете светски војни биле изградени големи работнички населби за растечкото население. Бил погоден и многу оштетен во текот на Втората светска војна. По војната само железничкото депо продолжило да работи, иако подоцна биле отворени други фабрики во разни дејности.